(ВИДЕО) Иднината дефинитивнпо пристигна: Кинезите направија летачко такси, погледнете го во акција

Кинеската техно-компанија ЕХанг Инц. го претстави првиот дрон на светот, способен да превезува патници.

Такси дронот ЕХанг 184 доживеа деби во јужнокинескиот град Гвангжу.

Како што се наведува, со беспилотното такси управува автоматски систем за летање, така што патниците не мора да знаат да управуваат со ова летало.

Меѓутоа патниците кои имаат искуство со пилотирање можат да летаат користејќи и рачни команди.

-Ниту едно од традиционалните летачки возила не може да ја постигне целта потполно самостоен лет, така што и натаму е далеку од обичните луѓе. Но нашиот успешен лет денеска покажува дека глетките кои ги гледаме во научно фантастичните филмови сега се многу блиску до обичните луѓе, изјави директорот на ЕХанг Хуа Хуазхи.

Такси дронот го испитаа над 150 инженери, кои направија илјадници часови пробен лет, вклучувајќи и тест за вертикално качување, тест со товар од 230 килограми и тест за висока брзина до 130 км на час, додека тестот со човечки патници е последен во низата.

Дронот е едносед и може да пренесе еден патник со тежина до 100 килограми во лет долг 23 минути, соопшти компанијата.

-Дронот може да им помогне на луѓето да ја избегнат гужвата во сообраќајот на земја, но и за други цели, секогаш може да замислиме итно спасување или можеме да превеземе пациенти во болница, или да го користиме за туризам, рече соосновачот на ЕХанг, Дерик Ксионг.

Во Градски парк „никна“ куќичка изработена од трупецот на старо и исушено дрво

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ изработија куќичка од трупецот на старо исушено дрво во Градскиот парк.

Оттаму информираат дека идејата е во иднина наместо стеблата на сувите или болни дрва да се сечат до земја, да прераснат во разни интересни форми, кои би го привлекле вниманието на минувачите.

ФОТО: Таа е природна барбика, а никогаш не била под нож

Русинката Анџелика Кенова, скоро никогаш ја нема напуштено својата куќа сама. Секогаш кога и да излезе, со неа има и неколку телохранители, затоа што според пишувањата на руските медиуми, таа е толку убава, а родителите така ја штитат од машките.

Анџелика изгледа како човечка барбика, а се чини дека предизвикува големо внимание.

-Додека растев, родителите ме одгледуваа како вистинска принцеза и не ме пуштаа надвор да излегувам со момците, па немав искуство како другите девојки. Затоа сега не водам нормален живот, јас сум како кукла.

Додека била девојче родителите ме претвораа во барбика и ми беше мило луѓето така да ме доживуваат, затоа што таа идол на девојките ширум светот, вели Анџелика.

Тврди и дека хируршки никогаш не го менувала своето тело, како и дека секој дел од нејзиното тело е природен, иако многу не и веруваат.

Додава дека родителите ја тераат редовно да вежба, а признала и дека сака да го напушти својот живот под стаклено  ѕвоно и почнала да живее како сите нормални луѓе.

Досега необјавена ФОТОГРАФИЈА од Тито: Маршалот на Бриони, во ѓаќи за капење

Јосип Броз Тито беше познат човек кој сакаше да ужива во луксуз, а тоа му го овозможуваше неговиот статус претседател на СФРЈ.

Познати се неговите фотографии кои сведочат за убавиот живот кој некогашната држава ја водеше "најголемиот син на нашите народи и народности", а оваа која е ретко покажувана во јавноста, покажува како Тито ужива на плажа.

Беше бравар, но живееше како цар!

Популарно