Купуваш едно, добиваш две: Ни продаваат бубачки во леб, слатки со мувла и полжави во сирење

Скопјанка неодамна пронашла неколку бубачки во салата со марула што ја купила од една позната сендвичарница.

Полжав во сирење, бубашваби и молци во леб, догорче од цигара во ќесичка сончоглед, црв во леб… Чести се ваквите слики на потрошувачите кои  ги објавуваат своите фотографии од храна со „изненадување” во групи на Фејсбук и на Твитер. Има и граѓани што случаите ги пријавуваат и во Организацијата на потрошувачите на Македонија (OПM).

Од  Агенцијата за храна и ветеринарство која се грижи за безбедноста на храната на македонскиот пазар велат дека годинава стасале 190 претставки со кои купувачите се пожалиле дека купиле небезбедна храна, а потоа инспекторите за храна правеле контроли. Од оваа институција апелираат потрошувачите да пријавуваат за сомнителните производи кои ги купуваат.

КАДЕ МОЖЕ ДА ПРИЈАВИТЕ?

Секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на граѓаните, потрошувачите можат да ја поднесат до Агенцијата за храна и ветеринарство и до одделението за заштита на потрошувачите во централата на агенцијата или во подрачните единици, усно, писмено  и електронски на [email protected]. Претставки може да се поднесуваат и на бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22. Претставката може да се поднесе и анонимно, информираат во АХВ.

По завршувањето на целата постапка, предметите се доставуваат до Одделението за заштита на потрошувачите во Агенцијата кое врши евалуација на поднесените претставки врз основа на воспоставената база на податоци, која ја покажува перцепцијата на  потрошувачите за опасностите и ризиците од храната.

Оваа година во претставките на граѓаните испратени до Агенцијата најмногу поплаки имало за изменети својства на храната т.е. на изменети и сомнителни вкус, мирис, боја кај месо, риба, овошје и зеленчук, леб. Имало поплаки и за присуство на контаминенти во храната како биолошки како инсекти, црви, мушички, но и механички како стакло, пластика, метал. Воедно во претставки напоменети се и производите со поминат рок на употреба како месни и млечни производи, чоколади, сомнежи за труење со храна. 

Еве зошто ајварот не се прави во октомври

Aко не сте направиле ајвар во септември, во октомври немојте ни да го правите – барем така велат старите народни обичаи и календари.

Според обичајниот народен календар,  деновите по 15 септември се вистинско време за почеток на правење на ајвар, но и друга зимница, вели обичајниот народен календар. Најдобро е да се здружите со соседите или членовите на поширокото семејство, бидејќи правењето на ајвар и други традиционални зимници има и широко општествено значење. Така во првата половина на ХХ век беше обичај во селата и градовите да се соберат жени во големи дворови каде со размена на искуствата и дружење подготвувале храна за зимските месеци.

Заеднички ќе купите пиперки, ќе ги испечете, олупите, сомелете и со муабет и смеа ајварот е готов. Ајварот правете го кај некој кој има двор или куќа на село, пишува покрај останатото во обичајниот народен календар.

Еве што треба да направите за да имате цврсти и убави нокти

Речиси дваесет проценти од луѓето на Земјата страдаат од кршливи нокти. Експертите не можат точно да утврдат која е причината, но истакнуваат дека виновници се детергентите, отстранувчите на лак за нокти и честото миење на рацете.

Други фактори се сувото и студено време, како и проблеми со тироидната жлезда. За среќа, природниот лек за кршливи нокти се наоѓа во храната. Во секојдневната исхрана треба да бидат застапени производи од интегрални житарки, лиснат зеленчук и соја, тиква, морков, авокадо, бадеми, риба и јајца.

Овие намирници содржат витамин Е, витамин А и колаген кои ќе ви помогнат да имате поздрави нокти. Ако ноктите се сè уште слаби и кршливи, тогаш посетете салон за убавина каде ќе се погрижат за изгледот на вашите нокти.

Нашите пријатели од Spectra Nail Bar користат препарати збогатени со витамини и минерали, посебно дизајнирани за ноктите да ви бидат повторно цврсти, а кожата на рацете мека и сјајна. Вашиот термин може да го закажете на 078 873 703.

Што прво забележуваат гостите кога ќе ви дојдат?

Дали некогаш сте се запрашале што прво забележуваат луѓето кога ќе дојдат кај вас?

Познато е дека првиот впечаток е исклучително важен и тој кај луѓето се создава за само осум секунди, а истото се случува и кога доаѓаат гости во вашиот дом.

Имено, потребни им се само 38 секунди за да ги забележат сите ситници и да почнат со осудување.

Истражувањето кое е спроведено на 2000 возрасни луѓе, покажало дека гостите прво што забележуваат (односно чувствуваат) е мирисот на вашиот дом. Веднаш после мирисот ја чувствуваат температурата, а дури потоа колку е чисто.

Исто така, откриено е дека 3 од 10 лица не му ги откриваат своите забелешки на домаќинот. Од друга страна, 86 отсто од сопствениците на домовите темелно ја чистат куќата пред да дојдат гостите, додека 6 од 10 не се занимаваат со мислењето на другите.

Освен мирисот, температурата и чистотата, гостите ја забележуваат и удобноста на мебелот на кој седат, валканите прозорци, книгите, бојата на ѕидовите, но и прашината на украсите на полиците.

Популарно