Чудотворна маска за лице – брчките исчезнуваат преку ноќ

Можеби многуте брчки околу очите и устата значат дека во животот сте имале многу смеа и среќни моменти, но не ве радуваат многу. Избришете ги овие брчки преку ноќ и тоа со помош на волшебна маска за лице.

Сè што ви е потребно е кокосово масло и пантенол крем.

Примена: Прво и најважно е темелно да го исчистите лицето од шминка, потоа измијте се со млака вода и со лесно тапкање со пешкир исушете го лицето.

Потоа на целото лице нанесете кокосово масло, а на пределот околу очите и устата (каде што брчките се најизразени) нанесете и пантенол крем.

Оставете се да деjsтвива преку ноќ. Наутро продолжете со утринската хигиена.

Оваа маска не смеете да ја носите преку ден бидејќи кокосовото масло ќе ја привлече и залепи сета нечистотија од воздухот, па може да имате проблеми со митесери.

Пет видови алкохол што ја уништуваат кожата

Покрај тоа што алкохолот им штети на тежината на организмот и на здравјето, тој не е без последици и за изгледот на кожата.

Употребата на алкохол во мали дози може да има некои придобивки за телото, но оди рака под рака со десетици негативни последици, а меѓу нив, најлошо делува врз кожата.

Петте видови алкохол со негативни последици по кожата на луѓето:

Пиво – го прави лицето подуено поради содржината на шеќер и сол.

Бело вино – многу истражувања тврдат дека по една чаша вино навечер е корисна за срцето, но неодамнешна студија на Универзитет Браун откри дека дури и мала количина вино ја зголемува шансата за црвенило на одредени места поради заситеноста на крвните клетки на површината на кожата.

Црвено вино – природниот шеќер исто така придонесува за зголемено црвенило.

Рум и виски – предизвикуваат акни и водат до предвремено стареење на кожата.

Коктели – Ова е можеби најлошата опција. Тие содржат различни видови алкохол, многу шеќери и конзерванси кои се „катастрофални“ за кожата.

Spectra NAIL BAR го проширува тимот!

Spectra NAIL BAR го проширува тимот!

Вработуваме техничар за маникир и педикир со полно работно време.

[☑️] ️ познавање на маникир и педикир

[✅️] нето плата над 25.000 ден.

[✅️] платен одмор, бонуси и K-15

[✅️] неработни денови - недела и празници

[☎️] 075444961

[☎️] 078873703

[📧] [email protected]

Маска од калинка за посветла и помека кожа

Калинката содржи огромна количина на витамини и минерали: А, Б1, Б2, Б4, Б5, Б6, Б9, Ц, Е, Х, К, калиум, силициум, калциум, магнезиум, натриум, сулфур, фосфор, хлор, железо, јод, селен, флуор, хром, цинк, омега-6 и бета-каротен.

Ете зошто маската за лице од калинка е одличен избор за вашата кожа. Добро изгмечете лажица семки од калинка, па измешајте со лажица мед и три лажици маслиново масло. Кога ќе ги измешате сите состојки, додадете 50 мл вода за да се разреди смесата.

Нанесете на чисто лице и оставете да стои околу еден час. Исто така, пожелно е да се втрие во кожата на лицето, вратот и деколтето со нежни движења. Измијте со млака вода.

Популарно