(ФОТО) На полицајци им било чудно зошто само дел од кровот е под снег: Кога влегле имало што да видат и останале во шок

Прво забележале соседите. Им било многу чудно што само еден дел од кровот не е под снег. Кога полицијата влегла внатре открила плантажа со марихуана, сите биле шокирани.

Иако конзумирањето на марихуана во оваа земја е легализирано, одгледувањето подлежи на строги правила и закони.

Едно лице не смее да одгледува повеќе од 5 стебла. Во овој случај полицијата пронашла цел хангар кој бил засаден со оваа опојна билка.

Тоа било и причината поради која овој дел од кровот не бил под снег.

За одгледување на канабис, температурата мора да биде прилично висока. Всушност, идеалната е околу 30 степени целзиусови. Просторот бил толку топол, па снегот се топел на кровот.

Полицијата после откривањето на хангарот и апсењето на престапниците, ги замолила граѓаните да го пријават секој ваков кров.

Цела Македонија под снег: Еве каде вее во моментов

Претежно облачно време со повремени врнежи кои поради спуштање на студен воздух од север речиси насекаде ќе преминуваат во снег, освен на југоистокот најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Врнежи повеќе ќе има во претпладневните часови во централните и источните делови од земјава, а попладне постепено ќе се преместуваат кон исток и ќе престануваат. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец, што во текот на денот ќе предизвика пад на температурата за неколку степени.

Дневната температура ќе биде во интервал од -2 до 4 степени.  Во Скопје претежно облачно со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Температурата ќе биде околу 1 степен.

Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 19 сантиметри, а најмногу  дожд до седум часот изутрина е регистриран во Охрид, Тетово, Претор, Пожаране, Крушево. Минималните темпартури изнесувале  нула степени во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Маврово и Лазарополе,  еден степен во Пожаране, два во Скопје Петровец, Тетово, Крива Паланка и Крушево,  четири во Охрид, Претор, Штип, Берово и Дебар…

Според УХМР, до вторник ќе преовладува облачно време со повремени врнежи претежно од снег со променлив интензитет. Утре повеќе врнежи ќе има во западните, а во вторник во јужните делови. Во среда и четврток се очекува стабилно и суво време.

Скопје и скопјани како и поголем дел од државава пред снежна покривка

Денот недела ни носи продор на студен воздух од север и спуштање на снежната граница па така врнежи од снег веќе може да се очекуваат и понекаде на пониските места во државава и тоа особено на север, запад, североисток како и истокот од државава, услови за формирање на тенка снежна покривка има понекаде и  на пониските места.

Послаби локални врнежи од снег можни се и во Скопскиот регион додека максимумот на температурата денес ќе се искачува во интервалот некаде од 3 до 10 степени, меѓутоа истите во текот на денот ќе бележат тенденција на опаѓање па така до понеделник наутро речиси насекаде ќе бидат во негатива.

Во понеделник ќе има послаби врнежи од дожд и снег додека во текот на ноќта кон вторник како и во вторник циклонот НЕВЕН ќе услови нови поинтензивни врнежи кој ќе бидат претежно од снег со што во поголем дел од државава очекуваме формирање на снежна покривка додека на повисоките места и на планините ЗНАЧИТЕЛНО ќе се зголеми.

Утре (недела) како и во вторник ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Подготви: Славчо Попоски

ВИДЕО: Кога видела што пишува на екранот, не можела да ги задржи солзите

Се чини дека денес луѓето ретко покажуваат благодарност. Понекогаш едно „благодарам“ многу значи и ги зближува луѓето на посебен начин. Меѓутоа, луѓето се често толку обземени со својот живот, што забораваат на манирите.

Некој се сетил како на интересен начин да ги потсети луѓето на тоа колку е убаво подарувањето и благодарноста. Во таа цел, послужил еден банкомат, кој на секого му носел по некој подарок.

На овој начин, банката сакала да им се заблагодари на корисниците…

Пат до Дизниленд, како ви звучи? Погледнете као реагираа овие луѓе…

Популарно