Саша Поповиќ од многумина направи ѕвезди, но не и од својата жена

Саша Поповиќ како директор на Гранд направи кариера на многумина и од нив направи успешни, големи и богати ѕвезди, но не и од својата сопруга Сузана Јовановиќ со која долго е во брак.

Тие се заедно две децении и имаат 18-годишна ќерка, а Сузана има и син кој Саша го има прифатено како свој.

Кога стапија во брак Сузана пееше, но брзо стави точка на кариерата. Таа конечно се огласи на таа тема:

– Има многу активни пејачи, јас престанав активно да пејам и си се посветив на семејството. Кога се роди ќерка ни по бомбаррдирањето, сакав да ја земам улогата на мајка, така и сторив. Никогаш не зажалив, рече таа и ја затвори устата на сите кои за ова прашање го обвинуваа Саша.

Што значи Лепа Брена и зошто таа не си го поднесува прекарот

Фахрета Јахиќ станала Брена многу пред да стане позната како пејачка. Како што открива таа, прекарот Брена го добила уште во средно, во 1975 година - и тоа на теренот за кошарка.

- Во тој период почнав активно да тренирам кошарка. На тој терен и беше создаден мојот прекар Брена. Ми го даде тогашниот тренер Влада Бајер. Додека шутирав на кош, ми викна: „Ајде сега, Брено!". Во Босна тоа беше синоним за убава девојка. Од секогаш сум сакала да се истакнувам, да си се изборам за место под сонцето. Ма, како шило бев, затоа и се најдов под кош, со топка во рацете. Тука дојде до израз и мојата смисла за реалност. Сфатив дека не сум доволно талентирана за кошарка и дека секогаш ќе има подобри од мене, кои нема да можам да ги достигнам. Кога подоцна Саша Поповиќ ме праша да ли имам прекар, се сетив на тој настан и така стана Брена.

Брена почнала да пее додека била гимназијалка, пеела по игранки. Тогаш сфатила дека сцената е нејзиниот терен.

Милован Илиќ Минимакс се погрижил во 1981 година на Брена да му се придодаде и Лепа, веројатно затоа што не знаел дека брена и без тоа лепа значи убава девојка. Па така убавата девојка станала „убава убава девојка" - Лепа Брена.

Затоа и не е чудно што Брена баш и не е луда за својот прекар и би била многу посреќна да ја викаат Софија или Клаудија.

- Да знаев дека ќе станам олку популарна, ќе учествував во осмислувањето на прекарот.

На српската пејачка и` пукна силиконот

Српската пејачка Јелена Костов преживеала вистинска драма кога и` пукнал силиконот во едната града, па итно морала да се оперира.

Таа почувствувала силна болка во градите која не поминувала, па одлучила да побара помош од доктор.

Веднаш била хоспитализирана и итно оперирана.

За комплетно новиот ремонт пејачката морала да плати 3.500 евра.

– Ми требаше повеќе време да се опоравам, сега сум добро, настана голем проблем, вели пејачката за српските медиуми.

Дарко Лазиќ: Јас сум виновен за сè

По страшната сообраќајка од која едвај се извлече, српскиот пејач Дарко Лазиќ се опоравува во бања во близината на Белград. 

Во интервју за српски „Курир“ пејачот вели дека ја научил лекцијата.

„Морам да го намалам брзото темпо на живот, да бидам посериозен. За жал, јас ова го сфатив на овој начин, некои луѓе мора да поминат низ вакви ситуации за да сфатат. Не сакам да се сеќавам на тоа бидејќи се нервирам. Многу сум бесен на себе. Се обивинувам. Јас сум виновен за се“ вели Дарко.

„За жал, за некои луѓе што очекував да бида тука не се,ниту пратија порака,ниту се јавија. Тоа е нивен избор. Секако, во иднина ќе гледам различно на тоа“ вели пејачот.

Популарно