ВИДЕО: Професорката од Велес во деветтиот месец од бременоста добила отказ

Mесто да се радува на новиот живот, професоката Ели доби отказ. Неколку дена пред породување, се евидентираше како невработена во Агенцијата. 32 годишната професорка по биологија во две средни училишта во Велес ги исполнува условите за транформација на работниот однос од определно на непределено време, но со решение за трајно вработување ќе се стекна друга наставничка, јавува Сител.

Според колективниот догоовор пак за средно образование ако на јавнит оглас за заосновање на работен однос за наставник, стручен соработник, воспитувач не се јави лице со положен стричен испит само во тој случај работен однос може да заснова лице без стручен испит и тоа на определено време и до крајот на учебната година.

За неправдата која и е нанесена Ели се обратила до сите инситуции кои се надлежни. Приговор поднела во двете училишта- до гимназијата Кочо Рацин и до средното стручно училиште Коле неделковски. Но досега писмен одговор од таму Ели сеуште не добила.

Се обратила и до министертвото за труд од таму и кажале дека порати тоа што била вработена на определено работодавецот не е должен да и го продолжи договорот.

Била и во државниот просветен инспекторат од таму се надева на позитивен одговор. Се обратила и до народниот правобранител , а препорачано писмо испратила и до министерката за образование.

Ели е со високо образование дипломиран биолог, со положен стрчен испит. Во едното училиште биологија предвала од 2013 , а во другото од 2015 година.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на државата, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што соопшти Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линија,  граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Повреди на избирачкото право може да се пријават и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово  на тел. бр.(044) 344-082, Битола  на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Народниот правобранител најавува дека со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои, потенцира, се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Популарно