ВИДЕО: Александар и Античките Македонци НЕ биле Грци !!!

Голем број на релевантни пишани извори потврдуваат дека најголемиот непријател на грчката пропаганда се всушност делата на античките автори. Голем број од овие дела јасно укажуваат дека античките Македонци не биле Грци, напротив Македонците и Грците од секогаш биле непријателски настроени. Делата потврдуваат дека античките Грци биле всушност под ропство на Македонците.

Во видеото кое ви го приложуваме можете да видите дел од размислувањата на античките автори.

Ариан е добро познат антички историчар. Неговото целосно име е Луциус Флавиус Арианус Ксенофон. Тој живеел во првиот век од нашата ера. Тој е исто така познат како Ариан од Никомедиа. Негови најпознати дела се “Биографијата на Александар Македонски” и “Индика”, дело во кое се пишува за македонската војска која се враќа од Индија.

Биографијата на Александар ја напишал потпирајќи се на делата од македонскиот генерал Птоломеј.

Во ова дело дефинитивно е докажано дека античките Македонци и античките Грци се сосема различни поими.

Малку е познато дека во нападот на Александар врз Персија, десетици илјади Грци биле вклучени во персиската војска. Голем број од нив биле убиени, но останатите биле испратени да работат во Македонија, како робови. Додека македонската војска се враќала од Персија, од Атина била испратена делегација која го молела Александар да ги ослободи заробените Грци, членови на персиската војска.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно