Мобилниот НИКАКО во WC со вас - Еве зошто!

Сигурно барем еднаш во животот сте седеле на WC шолјата и сте гледале во мобилнот телефон. Според разни анкети, 92 проценти од луѓето во тоалетот ги проверуваат социјалните мрежи, додека 30 проценти од разговорите ги обавуваат вршејќи голема или мала нужда.

Колку и да ви се чини тоа погодно за поврзување на угодноста со корисноста како и за заштеда на времето, не е баш се така позитивно во таа модерна навика, тврдат стручните лица. Имено, освен што истражувањата покажуваат дека на овој начин во WC губиме двојно повеќе време, застрашувачки се податоците за начинот на ширење на бактерии кога во ритуалот на одење во тоалет го внесуваме и нашиот мобилен телефон.

Со ова ризикувате се заразите, не само себе, туку и блиските, покажала една студија. Во истражувањето е анализирано однесувањето на здравствените работници – од нивните хигиенски навики до носењето на своите мобилни телефони во тоалетот.

На мобилниот има повеќе бактерии отколку на WC шолјата

Откриено е дека телефоните на оние кои ги носат со себе во WC се преполни со опасни бактерии, како стафилококи. Исто така, тие личности се во голема опасност од салмонели, ешерихии коли, шигели и кампилобактериози, кои низ ситните честички навлегуваат во малите дупчиња на нашите телефони. Шигела и кампиолобактериоза се јавуваат по конзумирање на загадена или расипана храна и се меѓу најчестите цревни заболувања во развиените земји, во кои пак праксата за носење мобилен телефон во тоалетот е најраспространета. Дури и ако не го чепкате, туку само го носите со себе повторно ризикувате да добиете зараза бидејќи тоалетите се преполни со бактерии.

Бактериите ги внесуваме и во спалната

Голем број луѓе кои ги носат телефоните во WC потоа без проблем ги внесуваат и во спалната, па дури и ги ставаат на креветот, што целата ситуација ја прави уште поопасна, предупредуваат стручните лица.

Секој ден чистете ја површината на телефонот со алкохол

Уредите со екран осетлив на допир не треба да се чистат со хартиени или други марамчиња затоа што може да се створат тенки гребаници на површината на самите екрани. За чистење користете крпи од микрофибер кои се доволни меки, а на нив нанесете малку алкохол. По чистењето на телефонот почекајте десетина минути, а потоа вклучете го. Повторувајте ја оваа постапка секој ден.

Повторно изведена мултиорганска трансплантација: Пациенти добија срце, црн дроб и бубрези

Четворица пациенти добија органи од починат донор. Министерството за здравство соопшти дека вчера е направена уште една мултиорганска трансплантација на органи, а еден пациент добил срце, други црн дроб, а двајца пациенти добиле бубрези.

Во наредните денови пациенти на Универзитетската клиника за ортопедија ќе имаат шанса да добијат и коскени ткива.

Министерот Демири му се заблагодари на семејството на донорот кои спасија најмалку четири животи.

„По добиената согласност во вторникот, вчера во раните утрински часови започнаа трансплантациите на срце, црн дроб, бубрези и коскени ткива. Упатувам огромна благодарност до семејството на донорот кои повторно не потсетија на важноста, на емпатијата и на хуманоста и во најтешките моменти од животот. Нивната одлука денес значи нов живот за некого, од вчера спасуваме најмалку 4 животи. Дарувањето органи е највисокиот чин на алтруизам кои сите нас не прави подобри луѓе спасувајќи човечки животи. Голема благодарност и до сите медицински тимови кои овие 48 часа работат со пациентите и се грижат за нивното здравје“, истакнува Демири.

Од 2020 година досега трансплантирани се 11 срца, 4 црни дроба, 38 бубрези и 24 коскено ткива, вкупно 77 органи што живот значат.

По Македонија и Хрватска чоколадата „Милка Орео“ повлечена и од БиХ

Инспекторатот за храна при Сојузната управа за инспекциски работи во Босна и Херцеговина денеска повлече од продажба 33 парчиња чоколада „Милка Орео“ поради присуство на пластика.

Управата соопшти дека откако Агенцијата за безбедност на храна на Босна и Херцеговина известила за пластични парчиња во 37 грама млечно чоколадо „Милка Орео“ со рок на траење до 18 август, инспекторите за храна извршиле контроли.

Федералната агенција за инспекција на храна најави дека ќе ги преземе сите законски мерки против одговорните.

Производот претходно беше повлечен и од Македонија и Хрватска.

Македонската Агенција за храна, минатата недела информира дека од продавниците се повлекува чоколада „милка орео“ од 37 грама поради присуство на парчиња пластика.

Производот е со сериски број OSK0934652 и со рок на употреба до 18 август 2024 година.

Чоколадата е произведена во „Монделез Полска продакшн“, а увозник е операторот со храна „ТД Нелт“

Колку килограми можете безбедно и здраво да изгубите за еден месец?

Заедничка желба на повеќе луѓе кои се на диета е брзо да ослабат. Сепак, колку е безбедно да се отфрлат несаканите килограми премногу брзо?

Безбедно и здраво слабеење значи губење на половина килограм до килограм секоја недела, што е еднакво на два до четири килограми месечно.

Можно е да изгубите повеќе килограми од ова во првиот месец на здрав начин, особено ако некој има прекумерна тежина.

Поединци кои губат 10 килограми во првиот месец или губат тежина премногу брзо, исто така се изложени на ризик од губење на вода или мускулно ткиво.

Друга причина зошто луѓето имаат тенденција брзо да губат тежина е ако се на ненамерна диета, која не е здрава или лесно да се држи долгорочно. Овие лица на крајот повторно ја добиваат тежината кога повеќе не можат да следат толку строга диета.

Кога станува збор за успешно долгорочно слабеење, важно е да се фокусирате на стабилизирање на шеќерот во крвта секој пат кога јадете, без разлика дали тоа е оброк или ужина. Ова ќе ви помогне да избегнете енергетски несреќи што може да доведат до нездрава желба за рафинирани јаглехидрати и шеќер.

Популарно