(ВИДЕО) Кога на мечката ќе и дојде се преку глава

Циркуски работник завршил во болница откако при претстава во едно село во Русија близу Волгоград, брутално го нападнал медвед.

Видеото прикажува гневен медвед како на почетокот на претставата го напаѓа својот дресер, додека неговите помошници се обидуваат да го скротат.

Медведот успешно ја извел тачката, се спуштил низ рампата со скејтборд, но тогаш следува хаос. Машкиот член на трупата неколку пати го удрил животното со палка, што дополнително го вознемирило медведот. Го надвлада човекот, го собори на земја и започна да напаѓа, пренесува Дејли Мејл.

Инцидентот можел да прерасне во трагедија, со оглед дека гледачите биле само неколку метри одалечени, без заштитни пречки или засолништа, кои би го спречиле животното.

На снимката се гледа дека медведов бил нервозен. Сакал да си замине, но дресерите го влечат назад.

– Циркусот и натаму е во селото. Дојдоа од Санкт Петербург, но сега сите во страв минуваат покрај шаторот. Се надевам дека надлежните органи ќе проверат што се случува, рекол жител на Олкоховка, Николај.

Селото Олкоховка е одалечено 78 милји од Волгогорад.

(ВИДЕО) Мачор со боречки потег го совлада противникот

Некои домашни миленици обожаваат да гледаат ТВ. Често се случува да забележите куче како лае на „101 далматинец“, или мачка да ја следи „Мачка од високото друштво“.

Овој мачор на снимката веројатно гледал боречки вештини.

Како излезе на крај со противникот видете во видеото:

ФОТО: Некој оставил куфер пред нејзината куќа

Сара Милс едно утро излегла да го фрли ѓубрето и видела стар куфер пред својата врата.

Немало ни трага од сопственикот на куферот, па одлучила да погледне што има внатре.

Кога го отворила куферот не можела да си поверува, внатре се наоѓале 15 неодоливи мачиња.

Сара инаку работи во засолниште за животни и рекла дека никогаш досега не видела некој да отфрли толку домашни миленичиња.

Популарно