Директорот на ски-центарот: Да ни кажеа на време, Александар и Калина ќе беа живи!

Една недела по големата трагедија на Кајмакчалан екипа на „Нова Македонија“ била на местото на настанот во обид да прибере што повеќе информации и да ја открие вистината за тоа што се случувало за време на акцијата за пронаоѓање и обидот да се спасат младите планинари. Од весникот разговарале со директорот на ски-центарот „Ворас“, Танос Панајотопулос за тоа што се случувало во саботата попладне на 10 февруари на падините на Кајмакчалан. Ова се делови од разговорот. 

Во колку часот ја добивте информацијата дека планинарите се загубиле?

- Во еден и пол часот напладне.

Од кого ја добивте информацијата?

- За тоа нѐ извести еден господин, водичот на групата.

Колку време помина откако тие се загубиле до вашето примање на информацијата?

- Два часа. Времето беше лошо. Беше најлошиот ден во годината, особено за потрага.

Што се случи по известувањето на ски-центарот?

- Од 13.30 до 14 часот ги извадивме нашите луѓе со ратрaк да направиме првична потрага од половина час. Некои имаа обврски тука и во пет минути до два часот завршивме со првичната потрага. Во 14.05 ч. дојде полицијата.

Значи, во 11.30 ч. водичот на групата имал информација дека луѓето се изгубиле. Ви рекоа, во 11.30 ч.? 

- Така ни рекоа - дека ја загубиле врската со нив од 11.30 часот. Може да било и во 11.15 ч., ѓавол да го носи... Тоа е проблемот, дека не кажаа, два часа поминале, не ми е јасно зошто чекале два часа. 

Од кога до кога се тие два часа?

- Ние разбравме околу 16.30 - 17 часот попладне дека тие самите ги барале од 11.30 ч. Не ни рекоа „ги изгубивме во единаесет и пол часот“. Тие ни кажаа во 13.30 ч. дека исчезнале две лица, и дека не ги нашле. Но, тогаш не ни кажаа дека ги загубиле уште од 11.30 часот. Тоа ни го соопштија како информација околу 16.30 часот. Многу се разочаравме кога го разбравме тоа, бидејќи да го знаевме тоа тогаш (во 13.30 ч.), немаше да има потреба да бараме по цела планина, разбираш? 

До кога продолживте да ги барате?

- Мислам дека околу 21 - 21.30 ч. ги најдоа специјалните сили на пожарникарската служба.

Дали ги најдоа нив?

- Го најдоа местото. Ги регистрираа.

Дали користевте некои други инструменти за нивна локација?

- Пред сѐ, ја повикавме полицијата и ѝ ги дадовме броевите од мобилните телефони на двете деца - Александар и Калина, со сугестија да се обидат да ги искористат и да најдат сигнал со џипиес. Тоа и се случи. Тие најдоа еден сигнал од Александар. 

Преку бројот 112?

- Да, 112. И од службата на мобилната компанија во Флорина дека сигналот дошол од растојание од 35 км. Десно, па специјалци од полицијата презедоа мерки и ни рекоа дека можеби десната точка е 100 - 150 метри десно од црквата. Ги испративме ратраците таму и тие бараа таму преку ноќта. Беше околу 18-19 часот и чекавме да најдат каде се децата. Ги немаме сите податоци од пожарникарната служба бидејќи нивниот шеф нема обврска да ни ги каже. Ние бевме тука со нашите машини и нашите луѓе, но не ни беше кажано што се случило. Не бевме на самиот врв, за да видиме што се случило.

Кога пристигна специјалниот тим од Солун?

 - Околу 23 часот вечерта. Тие се вратија во 23 часот, бидејќи времето беше многу лошо.

Не ве прашувам кога дошле од врвот на планината, туку кога дојдоа од Солун?

- Од Тесалоники? Околу 20.15 дојде специјалниот тим. Пожарникарната служба беше тука од 15 часот. 

А кој беше тука во 14 часот?

- Во 14 часот беа тука 911 (од полицијата), а во 15 часот, пристигна полицијата од Едеса и од Арниса, а пожарникарните полицајци се од Едеса и Алмопија.

Кога почна официјалната истрага?

- Официјално, од страна на пожарникарната полиција во 15 ч., а од наша во 13.30 часот. Мислам дека децата починале ноќта. Така мислам бидејќи, за да се фати сигнал во 18.30 часот ноќта (од телефонот на Александар н.з.), значи дека уште бил жив. Можеби и Александар и Калина. Можам да кажам дека подоцна починале. Жалам што повторувам, но, ако ги имавме тие два часа, можеби ќе беа живи.

Новамакедонија.ком.мк

Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка

Вработена во средно училиште во Битола нападната од своја колешка.

- На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т.(28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола  била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Приватните специјализанти четврти ден на штрајк

Штрајкот на приватните специјализанти продолжува и понатаму. На денешниот, четврти ден од генералниот штрајк, беше изразена осуда за притисоците што ги имаат од клиниките и од постарите колеги специјалисти.

Доктор Христина Илиоска Чешлароска, специјализант по интерна медицина, трета година, рече дека сака да ги охрабри сите колеги приватни специјализанти, да не подлегнат на притисоците од клиниките и да издржат во оваа нивна борба.

– Со оглед на тоа дека Министерството за здравство и министерот немаат слух за нашите барања, односно се изјаснија само за последното трето барање за решавање на нашиот статус, свесни сме и знаеме дека е тоа долг процес и нашиот статус нема така лесно и брзо да се реши, додаде Илиоска Чешлароска.

Таа појасни дека затоа сакале веднаш да се остварат првите две нивни барања, покачување на месечниот надоместок и воведување на здравствено осигурување. Притоа, истакна, дека со оглед на тоа што тие две барања за кои барале итно да бидат решени, не биле решени, тие ќе продолжеле со нивниот штрајк.

-Бидејќи министерот очигледно нема слух и не гледа дека ние штрајкуваме, во понеделник, во пет до 12, пред Министерството за здравство, повторно ќе се собереме на протест, под мотото, „Пет до 12 за македонското здравство“. Со тоа сакаме да упатиме јасна порака до Министерството за здравство и до целата држава. Затоа што, доколку овие 400 приватни специјализанти не ги добијат своите барања, јас сум сигурна дека на половина од нив, веќе, во некој ќош дома им стои куферот и чекаат само да го спакуваат и да заминат, подвлече Илиоска Чешлароска.

На новинарско прашање, таа одговори дека до сите катедри упатиле барање за поддршка. Јавно се заблагодари на професорката од Медицински факултет, инаку од клиниката за ревматологија, што вчера им даде поддршка. (МИА)

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека за 18.4.2023 година се создадени услови за испорака на топлинска енергија.

Оваа информација е во согласност со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ, а врз основа на прогнозираната средна дневна температура на воздухот во Скопје од 11˚С за 18.4.2023 година од Управата за хидрометеролошки работи. Снабдувањето со топлинска енергија во согласност со регулативата по правило се врши до 15 април, но грејната сезона може да биде продолжена до 30 април во зависност од временските услови, велат од ЕСМ.

Конечната одлука за испорака на топлинска енергија во деновите по 15 април секојдневно ја носи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ ако се исполнети условите за снабдување со топлинска енергија, односно доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12°С според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи на РСМ, се додава во соопштението на ЕСМ.

Популарно