Зошто Марио не зборува, зошто лелека така …?

Скопјанката Весна е мајка на две деца, таа раксажува за своето второ дете на кое му е дијагностициран аутизам.

Само до пред три години не знаев ништо за аутизмот, освен општи информации: ова се генијалци – социопати, ексцентричени самотници, го кријат погледот и се молчаливи. Кога свекрва ми претпостави дека 2-годишниот син може да е аутист, јас се изнасмеав и не верував си помислив: „Ех, овие баби …“. Марио секогаш гледаше во очите, растеше насмеано, мило и весело дете.

Но, од 2 години Марио не велеше ни збoр, ниту „мама“, ниту „тато“, само гугаше несфатливо и одеше на прсти. Моите пријателки ме смируваа – ништо, ќе помине и даваа примери за деца кои подоцна проговориле. Но, свекрва ми ја загрижи не само отсуството на говор, а и недостатокот на однос на Марио кон сестра, која едноставно не ја забележуваше, тој можеше да ја прескокне. Почнав да читам за аутизмот. Едвај ги воздржував солзите кога другите деца на местото покажуваа со прст кон небото и викаа: Види, авион! И тогаш како некој да ми го тргна превезот од очи и видов дека син ми е таков каква што е. Дознав дека за две години ниту еднаш не ме замоли да му дадам играчка, храна, ниту еднаш не посочи нешто со рачето, не замоли некој да си игра со него. Сфатив дека Марио имаше своја омилен рута на плоштадот: патче, скали, замав, патче, скали, замав, патче, скали, замав и така до бесконечност.

Постојано се сомневав во точноста на дијагнозата … Што кого избегнува контакт … Често пишуваат дека шокот кој родителите го доживуваат, сфаќајќи дека нивното дете е аутист е споредлив со оној од загубата на близок човек. Две години си била уверена дека имаш сосема здраво дете, а сега …. Првите месеци беа најтешки: се маткав од една крајност во друга и постојано се сомневав во дијагнозата. Плановите Марио да стане музичар, правник, уметник … сето тоа пропадна.

Прошетката и средбите со пријатели кои имаат деца на возраст како Марио се претворија во кошмар. Одеднаш стана очевидно колку Марио заостанува зад своите врсници. Децата прашуваа директно: Зошто Марио не зборува, зошто лелека така, зошто не сака да игра со нас …? И се здружуваат во игра против него. Друг кошмар беа разговорите со колегите и познатите, со кои комуницирав не толку често.Како да им кажам дека нешто со моето дете не е во ред. Треба ли воопшто? Зборот „аутизам“ се заглавуваше во моето грло. Ми требаше повеќе од една година, за да се помирам, сфатам и смирам. Сега Марио има пет години, зборува малку и несфатливо, смета добро и разликува бои. Многу сака музика и сонародни приказни.На прв поглед по ништо не се разликува од своите врсници.

Градинка и ушилиште

Бројот на аутистичните деца рапидно расте и во Македонија и е најбрзорастечко развојно нарушување, велат од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас, каде што се прави комплетна процена на говорно-јазичниот статус и на комуникативниот статус, односно се проценува дали детето зборува, колку зборува или воопшто не зборува.

Иако децата со аутизам треба успешно да се вклучат во воспитно образовниот процес, тоа често е сериозен проблем. Наставниот кадар не е целосно подготвен за инклузија на овие дечиња. За децата кои можат да се вклопат во редовните училишта преку т.н. инклузија потребен е придружник, дефектолог кој ќе помага во следење на наставата и извршување на секојдневните задачи. 

Инклузија на лицата со аутизам во општеството исто така е нерешено прашање. Со нив треба да работи тим на стручни лица за нивен правилен развој и обука за стручни вештини со кои ќе можат да се вработат и да се оспособат за вклучување во општеството по завршување на основно или средно образование.

Почина млада српска пејачка

Српската пејачка Хариета Симиќ, позната под прекарот Харина, почина од рак на 13 април во Смедерево, во болница, на 41-годишна возраст. 

Пејачката за страшната дијагноза дознала пред две години, а бидејќи ракот веќе се проширил, и биле отстранети двете дојки и почнала со хемотерапија.

Хариета на својот Инстаграм профил неодамна раскажа за својата тешка судбина и ги замоли сите луѓе со добра волја да ѝ помогнат преку Инстаграм доколку имаат можност.

По операцијата кога ми ја отстранија дојката, одев на хемотерапии и ми рекоа дека сум здрава, меѓутоа, само два месеци подоцна отидов на контрола и докторката ми најде метастази на вратот – раскажала тогаш Хариета, која по операцијата почнала да добива различни симптоми, почнала да кашла и добила антибиотици.

– Ништо не ми помогна, а потоа отидов на снимање на белите дробови и открија дека имам метастази насекаде по белите дробови. Се чувствувам како да имам еден тон на градите, тешко дишам – раскажала пејачката.

Нејзиниот сопруг ја напуштил седум дена по операцијата. И рекол дека има нова жена и дека со неа ќе се венча.

Над 400 приватни специјализанти стапија во штрајк

Над 400 приватни специјализанти изутринава стапија во генерален штрајк и не ги извршуваат работните обврски на скопските клиники и останатите болници и амбуланти низ државава. Тие бараат зголемување на надоместот што им се исплаќа  во изнес од 26 илјади денари, на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа, здравствено осигурување, како и решавање на статусот што сега им е со договор на дело. Штрајкот ќе го прекинат, како што најавија, само доколку добијат писмена гаранција за исполнување на барањата. 

- За жал, се решивме на овој чекор бидејќи Министерството за здравство нема слух за решавање на нашите проблеми,  изјави доктор Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина, трета година. 

Таа потсети дека по протестот во март, имале средба со министерот за здравство на која им било ветено дека нивните барања ќе се најдат на седница на Влада., но  дека засега немаат никаков одговор. 

Како што соопшти Илиоска Чешлароска, добиле повик од претставник во Министерството за здравство и им било кажано дека денеска во 14 часот  ќе се одржи средба во Влада.

-Петмина наши претставници ќе бидат на таа средба, но, немаме информација кој се ќе присуствува и дали ќе бидат прифатени нашите барања. Штрајкот продолжува, се додека не добиеме писмена официјална гаранција дека барањата ќе бидат исполнети, нагласи Илиоска Чешлароска.

Тамара Пејоска, специјализант на пластична и реконструктивна хирургија, прва година, рече дека работно максимално се посветуваат, а се ставени во разочарувачка деградирачка позиција. На протестот беше нагласено и дискриминирањето при остварување на мајчинство и породилно отсуство, бидејќи тогаш се укинува надоместот. Сите овие луѓе, беше кажано на протестот, имаат желба да останат во државата, да работат и да се грижат за пациентите.

Приказната за скопското бездомно куче Чопер и виетнамскиот јутјубер Ву

Македонските граѓани трагаа неколку денови по бездомното куче Чопер,тоа повторно се најде во рацете на неговите сопственици кои случајно го запознаа, додека биле на привремен престој во Скопје.

 Тие утре, заедно со бездомното куче од скопските улици, ќе отпатуваат за Германија.

Приказната започна на социјалните мрежи каде што младиот тиктокер и јутјубер, Филип Ву, кој потекнува од Виетнам, побара помош од Македонските граѓани. Овој човек патувал на повеќе дестинации во светот, а животот го донел и во нашата земја.

„Ако сте од Скопје, Македонија или знаете некој од таму, ми треба вашата помош …“, го започнува видеото.

На својот „Инстаграм“ профил, Ву објаснил како додека престојувал во нашата татковина започнал да се грижи за бездомно куче, хранејќи го секојдневно. По извесно време, кучето ја стекнало неговата доверба и почнало да го пречекува кога и да се враќал дома.

Љубовта била обострана, па така овој човек се одлучил да го посвои животното, откако ќе се врати од Германија во Македонија со автомобил. За тоа време, планот бил кучето да престојува кај неговиот пријател од Скопје.

Но, во периодот додека бил отсутен кучето се изгубило.

За среќа, со помош на македонските граѓани, Чопер е пронајден и заедно со јутјуберот Филип Ву, „ќе поднесе документи за германско државјанство“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Phillip Vu (@phillipqvu)

Популарно