Прочитајте што е најлошото кое допрело до машките уши, како и нивната реакција за постапката на партнерката:
„Внатре ли е веќе?“
- Одговорот беше: ДА! Ова навистина премногу ме здоболе.
„Мислам дека заборавив да се напијам апче за контрацепција!“
- И тоа дури отпосле ми го кажа?! Се разбира, тогаш веќе беше предоцна.
„Почекај малку, веднаш се враќам!“
- Нејзиното „веднаш“ траеше барем 15 минути. Немам поим што правеше толку долго во бањата, но за тоа време ја изгубив сета волја за секс.
„Сврши ли?“
- Очигледно беше дека не. Нејзината изјава сериозно ме повреди, а ни малку не ја олесни ситуацијата.
„Ќе трае ли уште долго?“
- Па, кој после такви зборови би имал волја за секс? Баш беше демотивирачки!
„Кога последен пат се истушира?“
- Ова е прашањето кое никој не сака да го слушне за време на секс. Дури ни кога ти го поставува долгогодишната девојка.
„Можеби е доста за денес.“
- Се поднапив, па не бев веднаш спремен за секс. А, нејзината изјава ја уби секоја надеж во мене.
„Само така, Алек...хм, Дејане!“
- Да, мојата бивша девојка изговори погрешно име дури воздивнуваше. И, што требаше да направам?! Секако дека не сме повеќе заедно. Тоа едноставно не можев да ѝ го простам.
„Ништо не чувствувам.“
- Фала ѝ. Тоа беше најлошото нешто кое некогаш ми го кажала една жена.