Од водата во овој манастир слепите прогледувале, а немите прозборувале…

Манастирот Џунис е женски манастир во нишката епархија. Се наоѓа во истоименото село Џунис, на подрачјето од градот Крушевац. Легендата за настанокот на манастирот Џунис е поврзана со дамнешно предание за појавувањето на Мајката Божја и изворот на светата вода на местото на кое подоцна селаните ќе подигнат манастир.

Преданието за чудотворната вода од манастирот Џунис потекнува од 1898 година. Во него се вели дека Богородица и’ се прикажала на 13-годишно девојче, пред кое тогаш се отворило извор. Мајката Божја го благословила и прорекла дека ќе лекува болни. Мајката Божја му рекла на девојчето да им пренесе на селаните на тоа место да подигнат црква, а за да го означи местото на изградба, фрлила кофа вода на каменот, кој според легендата и сведочењето на старите монахини од манастирот, со текот на времето се зголемува и сега се наоѓа во малата црква, првобитно црквата-брвнара, подигната во 1934 година. Манастирот Џунис со Црквата на Пресвета Богородица ги осветил српскиот патријарх Павле, 14 октомври кога се слави празникот на Богородица кога на ова место се собираат и по неколку илјади верници кои присуствуваат на бдеењето и утринската литургија.

Чудесните исцелувања на изворската вода од манастирот Џунис направиле вистинко место за аџилак. Мештаните од околните села прераскажуваат дека многу неподвижни откако се напиле од изворот покрај црквата, прооделе, слепите прогледале, а немите прозбореле.

Молитва која може да го промени вашиот живот

Оваа молитва е од книгата “Волшебната моќ на разумот” од Џозеф Марфи, кој вели:

Молитвата е потребно да се чита наутро и навечер во период од еден месец (иако резултатите понекогаш доаѓаат порано). Јас сум ја користел 3 пати во животот (и сите 3 пати добив неверојатни резултати). Последниот пат кога бев многу очаен, со мене се случија такви работи, кои го променија правецот на мојот живот на подобро. Со мене се случуваа вистински чуда, во кои обичниот човек кој живее уреден живот, е тешко да поверува.

“Даровите од Бога – се моите дарови. Јас ги користам во секој момент од денот. Со мене се во Божествената хармонија, мир и изобилство. Божјата љубов излегува од мене и го благословува секој кој спаѓа во мојата околина. Божествената љубов ме лекува сега. Не се плашам од злото, зашто Бог е со мене. Јас отсекогаш сум бил опкружен од светиот ореол на Божествената љубов и сила. Јас тврдам, чувствувам, знам и верувам решително и позитивно во тоа дека моќта на Божествената љубов и внимателност се насочуваат, исцелуваат и се грижат за сите во моето семејство и за оние кои ги сакам.

Јас им простувам на сите и искрено се надевам на Божествена љубов, мир и добрина за сите луѓе, без оглед на тоа каде се тие. Во центарот на моето јадро владее мир, тоа е мирот од Бога. Во оваа тишина ја чувствувам неговата сила, насочување и љубов, како и неговото Свето присуство.

Јас на божествен начин управувам со сите мои патишта. Јас сум чисто олицетворение на Божјата љубов, вистина и убавина. Јас чувствувам како во мене тече неговата реката на мирот. Знам дека сите мои проблеми се во мојот ум. Патиштата на Бог – се мои патишта. Зборовите кои ги зборувам, стигнуваат таму каде ги испраќам. Јас се радувам и искажувам благодарност, знаејќи дека ќе добијам одговор на молитвата. И тоа е така “.

Прочитајте ја искрено, со чувства оваа молитва. И вие сосема сигурно ќе добиете неверојатни резултати. Оваа молитва е универзална. Погодна е за секој и ќе помогне за подобрување на Вашиот животот.

Владиката Пимен му возврати на Владиката кој кажа дека за Македонија и камења ќе јаде

Владиката Пимен му возврати на костурскиот митрополит Срафим, кој на протестите за одбрана на Грчка Македонија кажа дека ако е потребно „за Македонија и камења ќе јадеме“.

Тој му кажа дека можеби камењата може да се изедат, но срамот не се јаде.

– Христијанство пред 20 века:

Христос се исправи и им рече: „Кој од вас е без грев, нека прв фрли камен на неа!”

Христијанството денес:

Серафим се исправи на протест и рече: “Ај да ги изедеме камењата, па да нема кој да фрла веќе камења”

П. С. Камењата можеби и ќе се изедат, но срамот не се јаде, напиша Пимен.

ВИДЕО: Планината се сруши и камењата почнаа да се тркалаат кон црквата стара 4 века, наеднаш се запре!

Црква стара 420 години на чудесен начин остана недопрена откако свлечиште тргна надолу и направи хаос во местото Вал Сан Џакомо во Италија, кое се наоѓа во близина на границата со Швајцарија.

Се срони планината, а лавина камења се запреа само на неколку метри од 4 века старата градба.

Кога планината почна да се руши и големите камења да се тркалаат кон подножјето, се крена огромен облак од прашина кој во еден момент ја проголта камбанаријата на црквата.

Камењата запреа на само неколку метри од црквата и никој не е повреден.

Паднаа околу 7.000 кубни метри камења.

Популарно