Пробале да продадат студентка како секс- робинка: Приведени 2 мисици

Две учеснички на избор за мис биле приведени поради обид да продадат 18-годишна студентка како секс робинка во држава од Блискиот исток. Обвинетите се задржани на аеродромот Домодедово во Москва, откако се договориле со потенцијалниот купувач.

Приведени биле 22-годишната Ксенија Старикова, мајка на едно дете, и 19-годишната Татјана Петрова. Тие ја убедиле жртвата дека и нашле добро платена работа како дадилка на Блискиот исток, но всушност требало да биде киднапирана, злоставувана и да работи како проститутка во бордел, рекле изворите од руската полиција, пишува “Daily Mail”.

Двете девојки биле уапсени на аеродромот додека Петрова се подготвувала со жртвата да се качи на авион за Турција. Уште не е познато во која земја девојката требала да заврши. Полицијата дознала за нивниот план и нејзините припадници се претставиле како купци, и кога Старикова ги примила парите, веднаш била уапсена.

Старикова била финалистка на изборот за Мис Русија во 2017-та година. Разведена е и има 14-месечна ќерка. Петрова пак е руско-бугарска манекенка и била финалист на изборот “Top Russia International”.

(ВИДЕО) Не е патека за сељаци!

Џабе велосипедска патека, џабе ступчиња за да не се паркираат на неа, џабе сè. Му се сака нему на улица па тоа ти е. И ќе „пушта жмигавци“ и ќе се пика кај тоа колите и некој ќе го залупа и некој ќе го жали....

Во ВЕРО ЏАМБО и ВЕРО Маркетите откриен небезбеден производ од Кина

Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите за отповикување на небезбеден производ „златни пластични вилушки“ произведени во Кина, со лот бр. AZ-161224. Информацијата за небезбедниот производ е добиена преку системот РАСФФ на ЕУ.

– Производот е небезбеден заради наод на високо ниво на вкупна миграција. Веднаш по добиеното известување, надлежен Државен инспектор за храна изврши вонредна инспекциска контрола кај увозникот и согласно презентираната документација за следливост констатирано е дека производот не е најден во промет. Сите потрошувачи кои што го купиле небезбедниот производ може да го вратат на местото каде што го купиле, велат од АХВ.

Скопјанка два пати измамена од ист човек: И земал пари за лек за канцер, па уште 1 000 евра за да и ја регулира …

Скопјанка пријавила во полиција дека била измамена од сограѓанин кој ѝ продал лек за рак за кој се сомнева дека е со сомнително потекло. Исто така, тој ја убедил да му даде пари за да ѝ го реши статусот со пензијата.

Според информациите на МВР, вчера во 9:45 часот во полициската станица Карпош, В.Г.(58) од Скопје пријавила дека во мај минатата година во два наврати била измамена од лицето К.Ј. од Скопје, при што била оштетена за сума од 86 000 денари.

Првата измама ја сторил за набавка на лек за лекување канцер. К.Ј. од пријавителката побарал и зел 400 евра за лекот. Тој го набавил лекот, но пријавителката се сомнева дека лекот бил со сомнително потекло. По тоа, К.Ј. во разговор со оштетената дознал дека не ѝ решен статусот за пензија и ја убедил да му даде 1 000 евра за да може во најкраток рок да ѝ го реши проблемот.

Од тогаш па до денес пријавителката неколку пати стапила во контакт со К.Ј. и тој ѝ кажал дека требало да помине одреден временски период за целосно завршување на работата и други разни изговори дека бил многу зафатен, по што заклучила дека е измамена.

Популарно