Подгответе се за летно сметање на времето - часовникот се поместува еден час понапред

Во последниот викенд во март 2018-та година, ноќта во 2 часот меѓу 24 и 25-ти март почнува летното сметање на времето.

Стрелките на часовникот треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот , ќе се смета како да е 3 часот. До крајот на март денот ќе се зголеми и ќе се стемнува околу 18 часот, а со поместувањетп на стрелки, ден ќе имаме се до 19 часот, а на почетокот на летото и до 20 часот.

Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес практика во 70 земји од Светот.

Европските земји веќе се подготвуваат за конечно укинување на оваа практика.

(ВИДЕО) Скопјанец оcтана без велоcипед додека пиеше кафе

Украден велоcипед од Дебар Маало додека cопcтвеникот cедеше во кафеана. Крадецот брзо побегнал, па cопcтвеникот нема доволно време да реагира за да го cпречи во намерата.

Можеби токму преку оваа видеоснимка полицијата ќе успее да го идентификува крадецот, а видеото веќе се шири по социјалните мрежи.

Ако на банкомат забележите вакво нешто ни случајно не ставајте ја картичката и не подигајте пари

Криминалците се сѐ покреативни, а за да ги заштитите вашите работи, потребно е да поведете сметка за неколку ситници со кои може да спречите кражба.

До вашите податоци, криминалците доаѓаат на многу начини.

Таблата за куцање на банкоматот се користи за запишување на ПИН лозинката. „Лажната“ тастатури ја памети вашата лозинка.

Обрнете внимание на овие работи.

-Пукнатини и гребатинки кои укажуваат дека банкоматот е оштетен.

-Нешто што е чудно и невообичаено

-Различни облици или бои на банкоматот

-Делчиња кај отворот за картичката

На Мила брзо ѝ е потребна нашата помош

Петнаесетмесечната Мила од Охрид, која боледува од дистрофија на мозокот, има потреба од итна операција во Кина. Нејзиноте родители не се во можност да ги покријат трошоците за патувањето и лекувањето на Мила, па затоа секој денар им е добредојден.

Мила не моли да бидеме брзи, зашто операцијата е закажана за во мај.

Популарно