Љубчо Георгиевски: Каков, бре, развод – ќе тужам за ова!

После објавата од порталот Либертас за наводниот развод на поранешниот премиер на Македонија Љубчо Георгиевски и неговата сопруга Снежана, до нивната редакција стигна и реакција од самиот Георгиески дека нема никаков развод меѓу нив двајца.

Според извор близок до семејството, а како што пренесе порталот Либертас, Љубчо и Снежана по речиси три децении заеднички живот решиле да се разделат минатото лето, но поранешниот премиер со реакција до порталот ја демантираше веста и се заканува со тужба.

Ние ја пренесовме веста што ја објави Libertas.mk, па сега го пренесуваме и неговиот демант, а наскоро очекувајте и нови информации во врска со целиот случај.

Ќи има ли вечер оро и ракија околу бадниковите огнови?

Овој Бадник без коледарски огнови, Градот Скопје  апелира до граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено по повод прославата на божиќните празници со цел да се заштити животната средина и амбиенталниот воздух. 

И овој викенд граѓаните кои се навикнати на маалски дружби ќе организираат бадников оган, иако без поддршка на општините и Македонската православна црква.

Апелот е усогласен со градоначалниците на сите скопски општини кои решија да се откажат од доделувањето дрва од општините за оваа намена, со цел да се спречи дополнително загадување на воздухот во град Скопје.

Отец Бобан: Не палете коледарски оган, дрвата дајте им ги на сиромашните

Не палете оган на 5 јануари, не играјте оро, не прејадувајте и не пијте алкохол. Таквиот обичај е спротивен на црковното учење, велат свештениците. Според нив коледарскиот оган е пагански обичај кој не е во контекст на вистинското празнување.

Во Евангелието се вели дека навистина пастирите стоеле покрај огнот чувајќи ги своите стада. Им се јави ангел господов којшто им ја соопшти радосната вест за раѓањето на спасителот на светот. Но седеле во мир и во тишина. А ние денес околу огновите правиме толку бука што и да ни се јават ангелите за да не израдуваат со некоја вест ние нема да ги слушнеме – вели Отецот Бобан од скопската епархија.

Отец Бобан потсетува дека целото тоа славје околу огновите се случува за време на строг пост, а ние за време на тој строг пост, преку паганскиот обичај, пуштаме музика, играме оро, се прејадуваме, пиеме алкохол.

Утредента треба да одиме во црква а никој од нас не е во црква. Затоа огновите, доколку сакаме да постојат, најдобро е да ги преместиме во самиот храм и притоа прво сите да присуствуваме на Бадник во самиот храм на вечерната богослужба, да излеземе надвор доколку се запали некаков оган и сите да заминеме дома во мир и тишина. Да нема прејадување, да нема алкохол, музики кои не се во контекст на христовото празнување. Па нели е пологично да има црковна музка, самите ние да пееме црковни песни, очекувајќи го празникот кој е поврзан со Бога и со раѓањето на спасителот – вели Отецот.

Отецот од скопската епархија запрашува зошто не направиме поголемо похумано дело давајќи ги дрвјата на сиромашните, наместо да ги трошиме за пагански обичаи.

Зошто трошиме толку дрвја на тој ден за ништо, кога можеме тие дрвја да ги дадеме на сиромашните да се згрејат во своите домови. Така правиме поголемо дело отколку што ќе играме ќе пиеме и јадеме вонконтекст на празнувањето на христијанските празници – апелира отец Бобан.

Македонската православна црква

Македонската православна црква во последните неколку години не му дава поддршка на бодниковиот оган и му даде карактер на пагански обичај. Ги повикува граѓаните да го одбележат празникот со присуство на литургија.

Црквата останува на повикот кон верниците од пред две години да го почнат процесот на конечно прекинување на оваа традиција меѓу народот која нема верски елементи на празнување. Дополнително МПЦ апелираше до своите верници на овој начин да спречат загадување на воздухот.

- Верниците од секое маало, секоја улица, секоја населба или град кои планираат да организираат коледарски оган, да не го прават тоа, туку да ги донираат дрвата. Исто така, на тој начин ќе покажеме и доволна граѓанска свест во време кога главниот град Скопје, но и другите градови се соочуваат со енормно ниво на загадување – нагласија од МПЦ.

Организаторите на бадниковите огнови

Организаторите на бадниковите огнови велат дека никој не може да го спречи нивното делување затоа што се работи за вековна традиција.

- И оваа година се организиравме. Веќе се собрани парите, купена е храната, попладне ќе почнеме со подготовките, ова што се собираме е традиција еднаш годишно и ја имаме од кога сум бил дете. Ептен ни е весело и убаво, не гледам зошто би се прекинала оваа традиција, вели Жарко од Бутел.

Додека чекала ред на Рамстор љубезно пуштила постара госпоѓа пред неа. Еве што се случило на крајот

Маалски Рамстор во Капиштец пред затворање. Една каса отворена, 20тина наредени. Тишина, нема музика… нема галама. Една девојка и вели на жената позади неа, одете пред мене имате помалку за наплата. Госпоѓата љубезно и се заблагодарува. Остануваме јас и едно момче позади девојката. Ми се врти и ми вели: Одете и вие имате само овошје и велам: Навистина нема потреба не се брзам, ви благодарам на љубезноста, но таа инсистира… одам и јас пред неа. Му се врти на момчето: Ако сакате одете и вие имате само млеко. Момчето некако посрамотен, вели: Не сепак ќе ве почекам.

Сите трогнати. Реагирам на глас: Ова е навистина чудно и едновремено пријатно чувство, не сме навикнати да си даваме предност едни на други, најчесто се случува спротивното. За момент помислив дека е скриена камера од оние психо – социолошки истражувања кога се мери пулсот и навиките на народот. Се создаде една убава атмосфера. Си заминавме сите насмеани.

Влегов во влез, а комшијата побрза да ми кидне со лифтот, иако ме виде. Толку од убавото чувство. А да, девојката, не беше скопјанка, комшијата е.

Фејсбук статус на Ивана Тасев

За кого џип, за кого мопед, злоупотреба на службени возила согласно чинот

До редакцијата на Лидер пристигна фотографија од полицаец кој вози девојка на службениот моторцикл. Трендот на злоупотреба на државни службени возила не запира.

Популарно