(ВИДЕО) Хулиганите на Лил влетаа на терен да ги тепаат фудбалерите

По хаосот што го создадоа навивачите на Вест Хем, идентична работа вечерва направија нивните колеги од Лил/

Неколку десетини фанови по завршувањето на мечот со Монпеље влетаа во теренот со намера да ги истепаат своите фудбалери за ремито 1-1. Имаше и физички пресметки, но на крајот полицијата успеа мирно да ги спроведе играчите до соблекувалните.

Незадоволните навивачи на Лил се заканија дека ова не е се и дека ќе продолжат со слични постапки ако играта на нивниот тим не се подобро. Шампионот од 2011 година е на претпоследното место на табелата во Лига 1, но заостанува само еден бод од екипите кои се во безбедната зона.

Она што ги плаши навивачите е фактот што последната победа тимот ја оствари кон крајот на јануари.

ВИДЕО: Херојот на Македонија не можеше да ги задржи солзите

Со солзи на очите, некогаш најдобрата ракометарка, а сега тренер на женската екипа на Вардар во Скопје, Индира Кастратовиќ пред камерите на „Ексклузив“ зборуваше отворено за приватниот живот.

Секогаш мојата мајка ми велеше „Ќе видиш кога ќе имаш свое дете“ и навистина е така“, изјави Кастратовиќ, зборувајќи за својата ќерка Сара.

Зошто се расплака Индира дознајте во видеото:

Кој напаѓач ја напушта Барселона?

Барселона се врари  на чело на табелата, откако во последното коло со 4:0 победи во градското дерби. И покрај победата Барселона не е во топ форма.  Напаѓачот Luis Suarez  извесен период е на мета на критичарите и највероватно управата ќе го замени наскоро. Се шпекулира дека напаѓачот на Тотенхем  Harryja Kanea е избор на управата.

Се споменува сума од 200 милиони фунти за трансферот, како дополннителна причина за проажба на напаѓачот на Тотенхем се финасиските  трошоци на екиппата за изградбата на новиот стадион.

ВИДЕО: Првата Македонка во УФЦ ја запиша најголемата победа во кариерата!

Ултимејт-фајт борецот од македонско потекло, Нина Ансароф, дојде до нов триумф зад своето име и во рамки на „УФЦ 231“, настан кој се одржа во Торонто, Канада, славеше над Клаудија Гадеља.

Ансароф, која на слабината го има истетовирано македонското знаме и во кариерата има скор 10-5 во ММА и 4-2 во УФЦ, имаше изедначена борба со Гадеља, која на крајот по три рунди успеа да ја добие со 29-28. За неа, ова е најголема победа во кариерата.

Успехот на Ансароф е голем, ако се земе предвид дека Клаудија Гадеља е поранешна предизвикувачка за УФЦ-титулата.

Популарно