(ВИДЕО) Мислеа дека глуми, а тогаш таа им покажа зошто не може да седи

Стар Дегидајс има голем проблем, но вели дека  мора многу брзо да го реши оти се плаши дека буквално ќе експлодира. Сакајќи да личи на Ким Кадашијан, британската манекенка ставила импланти во задникот, но  претерала во големината.

” Се плашам дека задникот ќе ми  експлодира! Претерав во моите желби за голем задник и сега закажав нова операција за отстранување на имплантите”, се пожали убавата манекенка во телевизиското студио на Скај Њуз. Таа одби да седне додека ја интервјуираа од страв дека може да и пукнат имплантите за кои платила 15 000 долари.

Ова не и е прва пластична операција на 28 годишната Британка . Таа веќе ги оперирала усните, градите, носот, но  вели дека операцијата на задникот  и била најтешка и најболна, и траела цели 7 часа.

(ВИДЕО) Стјуард направи забава за паметење

Стјуард им приреди забава на патниците на Рајан Ер на летот од Џенова до Борнмут.

Стјуардот Паоло , откако со колегите им подели освежување на патниците , на неколку минути пред слетувањето заигра на пената на Бритни Спирс ,,Toxic”.Настапот го почна со соблекување на палтото , а потоа продолжи да игра до крајот на песната. Патниците , пријатно изненадени , го снинмаа невообичаениот настап.

,, Забавата ни ја најавија преку микрофон . Не можев да поверувам . Тоа се моменти што не ги гледаш од прва рака , туку само на интернет. На сите им се допадна , на крајот сите аплаудиравме .”изјави една од патничките.

Што кријат раселените села низ Македонија? Приказна за селото Страцин и неговите мистерии

Кога си свесен дека во Македонија постојат места што допрва треба да се истражат, не ти преостанува ништо друго, освен да собереш добро друштво и со ранци на грбовите да заминете во едно необично, да не речам македонско патешествие. 

Едно неделно утро, заедно со тројца другари со автомобил се одвезовме до селото Страцин, кое се наоѓа во североисточниот дел на Општина Кратово.

Немав никакви очекувања за она што точно се наоѓа таму. Оддалеченоста од 31 километар од Куманово ја поминавме во пријатно расположение, уживајќи со музиката на Pink Floyd.

И кога стасавме во селото од разбиен тип, сфативме дека направивме вистински избор. Прво, нè пречекаа група од неколку деца, кои кога нè здогледаа со камери в раце, почнаа да нè доживуваат како некои дојденци што вознемируваат, барем таков израз им стоеше на лицата.

Мотивирани да го започнеме истражувањето, се напивме вода од селската чешма, која истовремено имаше улога на спомен-плоча и беше посветена на загинатите партизани за време на Втората светска војна. Веројатно означените имиња беа жители на Страцин и околните села.

Освежени поминавме покрај селската кооперација, или еден од двата супермаркети што ги имаше во околината. Како и обично, налетавме на неколку мештани кои пиеја пиво и се сладеа со колбаси и вегета. Слика што секогаш се сретнува во помалите села.

Искрено, никој од нас не очекуваше дека пријателски ќе бидат поставени, па еден од нив, самоволно прифати да не прошета наоколу и подетално да ни ги открие знаменитостите.

 

Денеска патот ме одведе во селото Страцин. За време на Југославија биле поставени противтенковски барикади за да се спречи можна инвазија, која никогаш не се случила. Масивните челични триаголници сé уште стојат и зборуваат името на минатото. Продолжувам да ја истражувам #македонија ° Пријатели ако знаете некоја интересна локација споделете ја со мене, па може и да ја посетиме ✌ __________________________ #goprooftheday #iamtb #outside_project #rebornphoto #vscomacedonia #skopjeinfo #madeinmacedonia #ig_macedonia #instagraphy #vscobalkan

A post shared by Evgenij Houp (@evgenij.houp) on

Прво нè однесе да ги посетиме противтенковските барикади, кои наредени на ридот оддаваа една пост-воена атмосфера, барем нешто слично што имам видено на видео-игри.

Низ муабет дознавме дека Страцин отсекогаш бил стратешка точка, токму поради таа причина се изградени и бункери под ридовите и дека челичните триаголници биле донесени за да се спречи можна инвазија од Исток, која за среќа, никогаш и не се случила.

Потоа човекот ни го покажа патот до напуштената воена база, која на сите ни овозможи незаборавно искуство. Моравме низ еден тесен премин да се „пикнеме“ во внатрешноста на земјата ако сакавме да влеземе во мрежите на подземните тунели кои се простираа под двата рида.

Внатре немаше никакво осветлување, благодарение на телефонските блицеви успешно почнавме да се движиме низ мувлосаните и влажните тунели, полни со лилјаци. Ги видовме и просториите каде што на времето престојувале војниците, чии врати се затворале одвнатре во случај на опасност.

Во таква ситуација немале друг избор, освен да останат под земја со вградена вентилација и буриња со вода.

„Раштркани“ низ околните ридови, постојат неколку излези и токму на ова место се воделе борби меѓу македонските партизани и окупаторите за време на Втора светска војна.

Се сеќавам дека дедо ми ми има зборувано дека неговиот татко, кој бил поштар, бил убиен во Страцин. Толку многу приказни од тоа време имам слушнато за околината.

 

Кога ќе посетите некое нетуристичко село имате неколку можности. Да зборувате со мештаните, да провалите во напуштени куќи, да пиете пиво и да јадете колбаси со вегета во коперација или да скокате од карпа и да го истражите секој милиметар од природата. Е па јас го избрав последното 🌠 _________________ #инстаграмџии #фотонателефон #фотонаденот #reborn #vscomacedonia #skopjeinfo #madeinmacedonia #macedonia #ig_macedonia #македонија #instagraphy #jumping

A post shared by Evgenij Houp (@evgenij.houp) on

Кога излеговме на површина, оставајќи ги зад себе воените сведоци се упативме до црквата Свети Димитрија, ни требаше пешачење од дваесет минути за да стигнеме до религискиот објект.

Попатно од мештаните дознавме дека црквата била изградена уште во 1847 година и кога пристигнавме во пространиот двор немаше никој. Не успеавме да влеземе внатре, но доволно беше што ја обиколивме црквата во правоаголна форма за да го почувствуваме протокот на енергија, која речиси сите нè смири.

На само педесетина метри од црквата се наоѓаат селските гробишта, и навистина привидот не беше пријатен. Се чувствуваше една напнатост помеѓу нас, посебно што атмосферата и околната пустелија потсетуваше на некаков сет од евтин хорор филм.

Обраснати споменици, исушени венци и недогорени свеќи заедно со готските форми - сликата што ја оставивме зад себе кога решивме да продолжиме понатаму.

Како последна точка од патешествието ќе го издвојам природниот резерват што се наоѓа таму, на надморска височина од 804 метри, кој по напорно искачување го најдовме.

Интересен е феноменот што камените плочи изрешетани со локви вода, претставуваат домови за самовилските ракчиња, вид на безрбетници од слатководните екосистеми кои се класифицирани како загрозени видови.

 

Сакам да се преселам на некој остров и токму таму да ја најдам својата припадност, помеѓу сите тие издигнати дрвја, во друштво на островјани, разочарани од изопаченоста на урбаното општество, на целиот човечки лошотилак и неморалност, убитачните навики, големите трошкови кои наместо да го направат животот пријатен, луѓето ги третира како скотови. Сакам да бидам со оние луѓе кои заминале од сета политичка корупција, криминал, конфликт на моќ, и ред други непристојности, со таа мала група кои се одврзале себеси од болестите на модерното време и запоседнале еден таинствен свет, недостапен за сите. ______________________ #goprohero5 #goprooftheday #instagraphy #instagraphytk #rebornphoto #outside_project #vscomacedonia #фотонаденот #инстаграмџии

A post shared by Evgenij Houp (@evgenij.houp) on

Иако немавме можност да ги видиме ракчињата, кои едвај се гледаат со голо око, сепак задоволни од целата авантура се вративме на почетната точка.

Пред заминување, седнавме со мештаните на по едно пиво и опуштени од напорното пешачење се упативме спрема Куманово, сфаќајќи дека и нашите македонски краеви кријат богатство и мистерии за кои воопшто не сме свесни дека постојат.

(ВИДЕО) Луксуз во Дубаи: пица, коктел или торта со прелив од злато

Еден од најпрестижните хотели во Дубаи, Бурж Ал Араб е украсен со 1.780 квадратни метри 24 каратно злато, а најнов хит е злато што се јаде. Во хотелот се служат разни пијалоци, како капучино или коктел со злато. Според Си-Ен-Ен, златото нема никаков вкус, но и покрај тоа клиентите на хотелот го нарачуваат.

„Златото е синоним за луксуз“, објаснува Етијен Харо, асистен менаџер за храна и пијалоци во хотелот.

 

Cheers, it’s FRIDAY! #GoldOn27 #BurjAlArab #Weekend Thank you @truthslinger

A post shared by Burj Al Arab (@burjalarab) on

Хотелот за своите златни специјалитети троши околу 700 грама злато годишно, кое го набавуваат од Италија и Индија. Обично се конзумира во форма на златен лист, зрно или лушпи. Тоа нема никаков вкус и е безбедно за конзумирање.

„Дијамантите не се џвакаат, па затоа златото е подобар избор за коктели“, се шегува Харо.

На менито во хотелот може да се најде бела чоколада со злато, посебен мелен т.н. златен прав кој се става на храна или котели, златни коцки шеќер за разни коктели и златен декоративен спреј. Најпознатиот коктел, Елемент 79, наречен по атомскиот број на златото, се состои од безалкохолно вино со лушпи од злато, бои мешани со чисто злато и златен шеќер.

Освен што на гостите им се покажува како е убаво да живеат на висока нога со чаша шампањ со злато, со коктелите се осликуваат и делови на Дубаи. Златната храна и пијалоци се полн погодок, па така во хотелот добиваат се почести нарачки за специјалитети.

Редовен гостин секој месец нарачувал торта прекриена со злато и направена по посебен рецепт. За една автомобилска компанија направиле торта од сирење во облик на крофна со злато, но на некои барања неможат да им излезат во пресрет.

 

Less bitter, more glitter. #GoldOn27 #BurjAlArab #Dubai Thank you @miss_anastasia_u

A post shared by Burj Al Arab (@burjalarab) on

„Еден наш гостин константно бара да му го креираме најскапиот коктел на светот и на тој коктел да го ставиме неговото име“, изјави Харо и додава дека го одбиле тоа барање.

Барбара Сантич, професор за прехрамбени студии на факутет во Австралија смета дека употребата на злато во гастрономијата нема некоја голема важност. Според неа, кога тоа е дискретно употребено може да биде убаво, но доколку сите јадења доаѓаат со злато, тоа би било премногу.

Во хотелот Мериот во Дубаи, златото може да се послужи како прилог за секое јадење, па така во облик на листови или лушпи може да се стави на хамбургер, пица или на салата.

Сепак, најскапата пица со злато може да се најде во „Индустри кичен“ во Њујорк. Таа треба да биде нарачана 2 дена порано и чини 2.000 долари.

Популарно