ФОТО: Неверојтна трансформација на овој млад Македонец за само една година!

Седумнаесет годишниот Стоилковски Петар од Крива Паланка е доказ дека со напорна работа и трпение, се е возможно. Нека неговата приказна, која е далеку од крајот, ве мотивира и вас во реализација на вашите соништа. 

- Во животот е најлесно да се препуштиш на срцето за да ти избере некаква цел, само тоа и ништо друго може да те насочи кон најправилното нешто за твојата иднина. Претпоставувам дека секој во животот има некоја цел, без разлика на туѓите ставови и размислувања, секој напорно работи за да го постигне тоа што го наумил, добро или лошо. Многумина тоа го менуваат за краток период, доколку нема успех или има не доволно вложен труд, целта се запоставува и многу е тешко да се зацрта нова. Пријателски совет би ви дал никогаш да не се откажувате од тоа што го сакате, макар и да е на крајот на светот, ништо не е невозможно.

Достигнатата цел со уживање и без никаков труд е многу различна од целта која што е надмината со мака и пот. Мојата тема е бодибилдинг, целта ми е насочена кон искачување на врв од кој што ќе можам јас да ги видам сите, самиот да знам дека сум на врвот, не сите да ме видат мене. Откако наполнив десет години прв пат тргнав со мојот татко во теретана. Од самиот влез, тој сјај во очите, таа љубов на прв поглед кон здраво и фит тело, тоа не може да се опише со ниту еден збор. Од тогаш си имам зацртано цел дека еден ден ќе го имам најубавото тело. Од тогаш па се до мојата шеснаесетта година барем еднаш до двапати неделно одев на тренинг. Откако наполнив шеснаесет години, решив да го зацртам денот од кој ќе почнам секој ден да одвојувам време за напорен тренинг во кој што давам се од себе. Моментално сум на седумнаесет години, преостануваат уште точно шест недели кои ме делат од мојот прв натпревар, првиот обид за да се победам самиот себе, првата желба која што со целото срце посакувам да ја остварам, да докажам дека секој труд се исплати, дека ништо не е залудно.

Најмалку ми е битно дали ќе освојам прво место или ќе добијам некаква награда која што би ја потрошил за краток период. Моето исполнување на душата ќе биде излегувањето на бина, излегувањето на врвот, пред сите, покрај други личности со кои што заедно имаме иста цел, иста желба, но различен напор, тие не се мои противници, никој од нив не би се осмелил да го понижам доколку се истакне повеќе или помалку од мене, секој заслужува да даде се од себе и да види до каде му е завршена поставената цел. Секако овој натпревар нема да биде крајот и нема да ги зацрта моите цели како решени, секој следен ден со повеќе работа да се надминам самиот себе, да го надминам претходниот успех и неуспех, да го победам стравот во мене и да докажам на сите дека во нашите мали срца постои огромна љубов кон спортот и здравиот начин на живеење, не одделува од сите кои што не го сакаат спортот и се спротиставуваат, без разлика на каков тип на активност станува збор.

Мојата љубов  кон фитнес и бодибилдинг е неопишлива, тоа е нешто што ми го смени животот, животот кој што содржи секојдневна здрава исхрана, редовни тренинзи, вишок енергија и надополнето расположение кое што е беспрекорно. Откако го запознав ваквиот начин на живот, моето тело нема потреба од било какви штетни состојки кои би го загрозиле мојот организам. Не чекајте друг да одлучува и да раководи со вашето тело, тоа е само ваше и посочете го кон тоа што ви посочува срцето.

Испртатено до Петар Стоилковски, 17 - Крива Паланка

Имаат ли перспектива младите во државава?

Драги пријатели, со голема радост го споделуваме првиот подкаст на Македонско-американската алумни асоцијација од серијалот ‘The Voice of MAAA’ (Гласот на МААА) при проектот ,,Алумни поддршка на волонтерски и воннаставни активности".

Подкастот е на тема „Перспективите на младите луѓе во нашата земја„ и во него гостуваат нашите членови Бојан Кордалов, комуниколог и Иван Дургутов, младински активист, а го модерира Катерина Топалова, новинар.

Се надеваме дека гласот на нашите членови ќе допре до младата популација во нашата земја, како и до сите заинтересирани за темата. Уживајте!

ВИДЕО: Гори мотор на Теодосиј Гологанов во Скопје!

Втор пожар денеска во Скопје. Не толку голем како оној во Универзалната Сала, но доволно силен за да ги вознемири жителите на населбите Тафталиџе и Козле. 

Во пожар изгоре мотор на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов веднаш до комплексот Гранд Престиж. Засега нема информации за повредени или пак за тоа како настанал пожарот.

Видеото можете да го погледнете на линкот подолу.

Испратено од: Сара

https://youtube.com/shorts/20hGpiR-0SU?si=DFfQ5VxsyiO-B7dw

Имер Селмани: „Тежам околу 50 милиони евра"

Што се случува со неговата прва пасија, медицината, бидејќи завршил Медицински факултет, како и зошто го почнал бизнисот, со што се занимава неговата компанија, колку тежи неговото богатство, на што најмногу сака да троши пари...

„Горд сум на себе, бидејќи вработуваме луѓе, плаќаме даноци, имаме редовни приходи, инвестираме... денеска сме дисперзирани како компанија која што има повеќе дејности. Сега градиме, при крај сме, на еден супер луксузен модерен комплекс во едно место кое што беше заборавено од Скопје, од скопјани, од државата буквално. Тоа е помеѓу касарната Илинден и булевар Словенија, тоа е практично Карпош. Таму градиме станбен комплекс од речиси 350 станбени единици и деловен простор...“, ова меѓу другото го истакнува Имер Селмани, во првиот подкаст „Бизнис муабети“, кој од денеска ексклузивно ќе се емитува на порталот Фактор.  

Почитувани читатели, како што и Ви најавивме, денеска реномираниот портал Фактор воведува уште една новина во своето работење, со која се обидуваме уште повеќе да се доближиме до Вас и до Вашите потреби, а секако, и да ги следиме модерните трендови во новинарството и во медиумското работење. Имено, стартувајќи од денеска, па секоја наредна недела во истиот термин, петок, преку нашиот портал ќе можете да ги следите новите епизоди од серијалот подкасти со наслов „Бизнис муабети“, одбран токму во духот на доминантно економската определба на нашиот медиум.

Водител на подкастот е добро познатиот на македонската јавност новинар Мишко Иванов, уредник на многу популарни и гледани телевизиски емисии во својата кариера во изминатиот период.

Гости на нашиот подкаст ќе бидат еминентни имиња од светот на бизнисот, политиката, општественото живеење, власта, опозицијата, но и многу други релевантни соговорници чии професионален ангажман или делување оставиле печат на околината која не опкружува. 

Погледнете ја првата епизода од „Бизнис муабети“, на Фактор.

Популарно