Денеска облачно, но големото невреме доаѓа во...

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Во крајните западни и источни делови значително облачно со локален дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец. 

Утринската температура ќе се движи од три до девет степени, а дневната температура од пет до 19 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец. 

Утринската температура ќе достигне до пет, а дневната температура до 16 степени.

Во среда и четврток во поголем дел од земјава ќе се задржи суво време. Нови врнежи од дожд се очекуваат во петок, а особено за време на викендот кога ќе биде и нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Денеска сончев ден, но од утре...

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и студено.

Утринската температура ќе се движи од минус три до минус 10, а дневната температура од еден до девет степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и студено. Утринската температура ќе се сушти до минус седум степени, а дневната температура ќе достигне до пет степени.

Во четврток попладне и во петок ќе има повремени врнежи претежно од снег и на места ќе се формира нова снежна покривка. За време на викендот ќе преовладува облачно време со повремен локален дожд на пониските места, а на планините со повремен снег. По одделни котлини ќе има појава на магла.

Денеска малку снег - снежниот бран доаѓа во...

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, на места со провејување на слаб снег. Ќе дува ветер претежно од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус осум до еден, а дневната од минус два до шест степени.

Во Скопје времето ќе биде умерено облачно со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе достигне до четири степени.

Во среда ќе биде стабилно со ниски минимални температури, а во четврток на места ќе има врнежи претежно од снег со слаб до умерен интензитет. Во петок и сабота по котлините ќе има услови за појава на магла.

Снежна бајка и 20 цм снежна покривка во овие градови

Во текот на изминатата ноќ под влијание на циклонот НЕВЕН кој неодамна ја зафати државава услови нови врнежи од дожд на ниските и снег на повисоките места и на планините.

Рано утринава поради заладувањето и северниот ветер снежната граница се спушти под 1000 м.н.в.

Претпладнево снег паѓаше во Крива Паланка, Берово а најинтензивен беше во Кратово каде снежната покривка веќе изнесува дури и околу 20 цм а тоа може да го погледнете на следната фотографија која доаѓа од снежното Кратово:

Нов влажен бран циклонот НЕВЕН ќе услови во среда и ќе услови врнежи претежно од снег и на пониските места, овој бран ќе услови понатамошно зголемување на снежната покривка на повисоките места и на планините а снежна покривка е можно да се формира и на некои од пониските места.

Подготви: Славчо Попоски

Популарно