ФОТО: Големите ѕвезди на Манчестер Јунајтед го пречекаа Јане

Сонот на малиот Јане Велковски стана реалност, откако доживеа топло добредојде од ѕвездите на најтрофејниот англиски клуб Манчестер Јунајтед. 

Деветгодишното момче денеска пристигна во Манчестер, а во хотелот „Лаури“ кој важи за база на „црвените ѓаволи“ со насмевки на лицето беше пречекан од Маруан Фелаини, Немања Матиќ, Алексис Санчез и уште многу фудбалери на Жозе Мурињо, кои одвоија време и се подружија со македонското момче. 

Инаку, изминатото лето Јане ја освои фудбалската јавност ширум Европа, откако беше дел од кампањата на УЕФА, „Equal Game“, по што доби директна покана од Пол Погба да го следи Манчестер Јунајтед против Севиља на легендарниот „Олд Трафорд“. 

Денеска започнува Лига на шампиони во фудбал

Денеска започнува “новиот изглед“ на најдоброто клупско натпреварување во Европа, Лигата на шампионите.

Новитетите во сезоната треба да го направат турнирот уште поинтересен, а сите гиганти се обидуваат да стават крај на доминацијата на Реал Мадрид, кој три години во низа се искачува на врвот.

Почетокот ќе биде најавен со првите мечеви од 18:55 часот, а ќе биде заокружен со преостанатите дуели од 21:00 часот. Терминот од 20:45 часот заминува во историја, бидејќи УЕФА одлучи да направи поделба на која најмногу ќе и се израдуваат љубителите на фудбалот ширум светот.

Со новите правила, клубовите ќе имаат право на четврта замена при евентуални продолженија во нокаут фазата и ќе имаат можност да користат електронски уреди и да комуницираат со секој член на тимот кој се наоѓа на трибините. Најголемата промена носи опцијата клубовите да користат фудбалери со кои се засилиле во јануари, а тие имале запишан настап во Лигата на шампионите во дресот на другата екипа. УЕФА конечно стави крај на ограничувањето за кое постоеше незадоволство години наназад.

За неколку сезони се очекува примена и на новата ВАР технологија, која е доста популарна меѓу големите клубови, кои итно бараат истата да се воведе што поскоро со цел да се избегнат грешки и лоши сценарија.

Утрешната програма ќе биде отворена со натпреварите Интер - Тотенхем и Барселона - ПСВ Ајндховен.

За титулата ќе се натпреваруваат 32 екипи распоредени во 8 групи. Вкупната вредност на екипте е околу 14 милјарди евра однсоно 13.816.200.000 евра. Најскапа е Барселона со 1.14 милјарди евра, следува Manchester City со 969 милиони евра. Клубови со најмала вредност се Црвена Звезда со 43.9 милиони евра, Аек  38.4 милиони евра и Чешката Viktoria со 30.35 милиони евра.

Не запира: Дејан Недев двократен европски шампион

Дејан Недев, стана двократен Европски шампион во дисциплините кати и фукуго на 33. Европски шампионат во традиционално карате што се одржува во Белград, Србија. Недев со овој резултат ја потврди врвната форма и докажа дека со години е во врвот на Европското и светското карате. Тој ги одбрани европските титули од минатиот ЕШ кој во 2016 година се одржа во Крањска гора, Словенија. Јадранка Недева освои сребрен медал во кати за сениорки. ЕШ во Белград сè уште е во тек.

КОШАРКА:СЕНИОРИТЕ ЈА СОВЛАДАА И РОМАНИЈА

Првиот претквалификациски прозорец за Евробаскет 2021 е затворен со две победи запишани на два натпревара. Нашиот сениорски тим успеа за четири дена да ги совлада соодветните репрезентации на Косово, на гостински терен, и Романија на домашен терен.

Во Косово славевме со 76-73 додека в Скопје нашите сениори славеа со 90-76.

Следи мала пауза од два месеца, а следниот натпреваар ќе го одиграме на 2. декември против Косово на домашен терен.

Популарно