Зошто луѓето се крстат кога минуваат покрај црква?

Веќе неколку години наназад сведоци сме дека луѓето штом ќе здогледаат црква или ќе поминат покрај неа дали со превоз или пеш , тие се крстат.

И додека едни сметаат дека тоа механички им доаѓа, и нема никаква врска со верата, други во овој чин ја гледаат почитта спрема верата.

Прашањето кое се наметнува е дали е тоа некаков феномен прифатен од повеќето или е христијански чин?

– Сметам дека таквиот чин е апсолутно христијански. Оној кој ќе почувствува потреба на тој начин да му се приближи на Бог не прави ништо лошо. Крстот има две линии. Хоризонтална и вертикална кои претставуваат љубов и симболизираат љубов кон Бог, објасува свештеникот Саша Ѓурѓевиќ.

Од друга страна социологот Ратко Божовиќ смета дека овој чин е вид на невербална комуникација, навика и механичка реакција.

– Тоа е еден вид на навика или механичка реакција. Младите тоа порано не го правеа, а сега масовно ги гледам како се крстат на јавно место. Тоа сигурно го виделе од постарите. Меѓутоа сметам дека кај поединци тоа доаѓа од внатрешното случување. Многу љубовта спрема Бог ја покажуваат на тој начин. Тоа е некој вид на емпатија, чувства, емоции. Значи додека за некои тоа е манир, за други тоа е внатрешно чувство, објаснува социологот.

Како и во се, мислењата се поделени, дали си поголем христијанин ако се крстиш и молиш додека поминуваш покрај црква или не го правиш сето тоа, се се сведува на тоа дали живееш чесно, ето тоа е индивудуално, и зависи од личноста и од нивната потреба.

Свештениците за Задушница: За покојниот молитва – за сиромашните храна

Црквата и свештените лица, особено овие денови, посебно апелираат за тоа како треба верниците да се однесуваат за Задушница и што е потребно да се носи кога се оди на гробишта.

На Задушница да се носи само лепче, пченица, црвено вино и свеќи, тврдат свештениците. Тие велат ако сакате да носите храна, тогаш истата да ја дадете на сиромашни.

Со ваков апел излегоа свештениците на ден пред Задушница раководени од искуството дека луѓето со изговорот „да се најде пред покојниот“ носат големи количини на храна на гробовите и прават помпезни настани од самата Задушница. Покојните имаа потреба само од молитви, велат свештениците.

-Здраворазумно е дека покојните немаат потреба од храна, а знаеме дека на овие денови изобилно се носи храна и се раздава. Нашиот апел е не да се дава храна на оние кои се најадени, туку на оние кои што се гладни и економски слаби. Покојникот има потреба единствено само од молитва, велат свештениците.

Денеска е голем празник - жени внимавајте на вашите мажи и деца, еве што не смеат да прават на Спасовден

Православните верници денеска, на 17 мај го прославуваат Спасовден, празник кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Духови и секогаш е во четврток.

За овој празник се врзани многу верувања и суеверија, кои во некои краишта се уште се почитуваат. За Спасовден се колеле јагниња, а старите верувале дека од Нова година до Спасовден не треба да се пие млеко.

Се верувало дека на Спасовден мажите не треба да се бричат, жените да се мијат, а децата да се бањаат.

На Спасовден никако не треба да се спие преку ден, за да не се дреме цела година.

На тој ден богатите после одењето од црква повикувале гости на ручек, а помалку богатите го продолжувале дружењето пред црква, каде народот се собирал и веселел.

И Крстот е составен дел на Спасовден. Се смета дека народот треба да направи крст и да го стави на својата куќа или во друг дел за да ги избрка лошите демони.

Во некои краеви жените и децата не се мијат на овој ден, додека мажите не се бричат.

Девојките денеска треба да зберат што повеќе цвеќиња бидејќи е ден за гатање. Потоа треба со ливчињата да прават „Ме сака не ме сака“, за да видат дали саканиот ги сака.

Научниците докажаа дека молитвата лекува

По дефиниција, молитвата е форма за обраќање на Бог, со воспоставување на однос со Бог или некакво божество, односно божица, бог или богови. Православните и католиците обично се молат на светците, на Марија и ангелите чувари.

Неодамна руските научници од Сент Петерсбуршкиот универзитет, материјално докажале дека чудните лечења се поврзани со духовноста и откриле многу телесни и душевни промени кои човекот може да ги доживее за време на молитвата.

Научниците докажале дека верникот кој е задлабочен во молитвата целосно ја исклучува мозочната кора, а тоа означува целосна сигурност и отсуство на стрес.

Молитвата како лек против негативното размислување

Професорот Слезин успеал да ја измери моќта на молитвата и утврдил дека свештениците и монасите кои се молат, целосно ја исклучуваат мозочната кора, а тоа уште е забележано и кај деца од тримесечна возраст кои се сигурни во близина на својата мајка. Како што стареат луѓето, чувството за сигурност им се намалува, а се зголемува мозочната активност.

Активноста се намалува единствено за време на длабок сон и молитва, а тоа добро влијае врз луѓето.

“Молитвата е силен лек и не само што ги регулира сите процеси во човековиот организам, таа ја обновува и уништената структура на свеста” тврди Валери Слезин, директор на Лабораторијата за невропсихофилозофија на Институтот за истражување и развој на психо-неврологијата во Сент Петерсбург.

Повеќето болести предузвикуваат негативни ситуации и проблеми кои за време на млитвата се повлекуваат, па дури и целосно исчезнуваат. Научниците докажале дека после верските обичаи се нормализира крвниот притисок и другите вредности во крвта.

Неодамна е докажано и дека звукот на ѕвонот ги убива вирусите, а светата вода ги менува своите својства и станува лековита, зависно од степенот на верување на верникот.

Популарно