МВР БЕЗ ОГЛАС купи нови Шкоди од фирма што му донирала пари на СДСМ

Фирма која се водела како донатор на СДСМ го добила тендерот за набавка на нови полициски автомобили марка Шкода со парите кои државата ги доби како донација од Чешка, јавува БИРН.

Станува збор за фирмата „Делукс-ауто“ од Куманово која може да се види дека на СДСМ му донирала во 2016 година. 

БИРН јавува дека Чешка парите ги донирала во јуни 2017 година, а договорот за набавка е склучен 3 месеци подоцна во септември. 

Интересно е што на тендерот учествувале најголемите компании кои се и увозници на овие возила како Порше Македонија која е и увозник на овие автомобили. За да биде уште поинтересно, фирмата Делукс-ауто автомобилите ги набавува токму преку Порше Македонија.

Сепак од Порше Македонија велат дека постапката била транспарентна па не поднеле жалба.

Дуално образование во партнерство со бизнисот за да се исполнат потребите

Педесеттина научни трудови ќе бидат претставени на Втората меѓународна конференција на тема “Бизнис образование во 21 век ” што во организација на Факултетот за бизнис и економија се одржа денеска во Ректоратот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Според членот на МАНУ и професор на УЈИЕ Абдулменаф Беџети тоа што е светска карактеристика е се поголемиот јаз помеѓу потребите на бизнисот и кадрите што излегуваат од универзитетите.

– Пазарот на трудот по својата природа е склон на побрз развој поради претприемништвото и употребата на иновациите, додека универзитетите по дефиниција се конзервативни институции. Ние мораме да се организираме за да го стесниме овој јаз и да се прилагодиме не само со студиските програми, туку и со начинот на пренесување на знаењето кон студентите. Светските податоци покажуваат дека има 20 отсто таканаречени дислексиќни студенти кои сакаат да учат, но не сакаат да читаат така што студиските програми веќе се прилагодуваат за соодветно пренесување на знаењето и за оваа категорија, рече Беџети.

Заменик министерот за образование Арбр Адеми посочи дека и Владата и Министерството за образование напорно работат да се унапреди образовниот систем за од него да излегуваат такви кадри со знаења што ќе одговараат на потребите на пазарот на трудот.

– Согласно Стратегијата за образование ние сакаме да го спроведеме концептот на дуално образование, односно образовниот процес да се спроведува во директно партнерство со потребите и кај бизнис заедницата, изјави Адеми.

Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека Владата се обидува преку повеќе мерки и програми да ги поддржи иницијативите на младите и дипломираните студенти за покренување сопствен креативен и иновативен бизнис преку третиот столб за економска подршка на мали и средни претпријатија за што се наменети околу 11 милиони евра.

Сопственикот на компанијата „Даути Комерц“, Џемаил Даути како позитивен пример од својата соработка со УЈИЕ го посочи податокот дека освен целосното финасирање на дел од студентите за време на нивното студирање согласно потребите на неговата компанија во поглед на логистиката и продажбата на стоки за широка потрошувачка и нивните кадри за водење на финансиите и комерцијалистите доаѓаат од редот на завршените студенти на УЈИЕ.

Според организаторите научните работници доаѓаат од Македонија, Албанија, Косово, САД, Украина, Португалија, Литванија, Грузија, Белорусија и други земји.

Земји-членки на ЕУ ставија рампа за датум за Македонија и Албанија

Земји-членки на ЕУ испратија допис Советот преку кои бараат на МАкедонија и Албанија евентуално да им се додели Датум за преговори на пролет но следната година, објави Макфакс, објавувајќи „нон пејпер“ документи од Брисел.

Документот циркулира меѓу оние кои се против почетокот на преговорите во јуни, иако еврокомесарот Јоханес Хан го потенцираше овој месец како датум за отпочнување на преговорите.

„ За ПЈРМ, и покрај вистинските промени во општата атмосфера во земјата, извештајот не покажува јасен суштински напредок во спроведувањето на Итните реформски приоритети. Имплементацијата на новите судски реформи е “тукушто започната“ и треба долгорочен напредок и континуирана промена во однесувањето. Неопходни се повеќе напори за да се обезбеди регрутација врз основа на заслуги и деполитицизација на јавната администрација (“заробена држава“). Борбата против корупцијата и организираниот криминал се уште не даде задоволувачки резултати: и покрај поставената правна и институционалната рамка, корупцијата преовладува во многу области и продолжува да биде сериозен проблем, додека пак капацитетот на институциите за ефективно да се справат со корупцијата има покажано структурни и оперативни недостатоци, меѓу кои е и политичкото мешање“, пишува меѓу другото во негативната препорака.

Тие аргументираат дека Унијата мора да стане поцврста пред да стане поголема. Се наведува дека ЕУ во моментов минувала низ една доста чувствителна фаза на реформи.

„ Во овој контекст, сметаме дека условите за отворање на пристапните преговори со Албанија и ПЈРМ не се исполнети“, сметаат тие.

За опструкциите на извесни земји членки на унијата наговести и премиерот Зоран Заев на телевизискиот дуел, кога отворено кажа дека поддршка немаме од Франција и Холандија.

Серија на потреси во Охридско-преспанскиот регион

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќва на 26.5.2018 година регистрирше серија на земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 85 km југозапагно од Скопје и потекнуват од епицентрално подрачје Дебарца.

Два од овие земјотреси, и тоа во 0 часот и 50 минути и во 0 часот и 59 минути беа со Рихтерова магнитуда од 3.0 и беа почувствувани од населението во селата на Плакенска Планина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала. А во Охрид, Струга и Кичево со интензитет од III стрпени според истата скала.

Популарно