Вонредна временска прогноза

Силно невреме со дожд, ветер и грмотевици вчера во Скопје, додека во другите градови низ македонија, особено Куманово наврна многу дожд кој создаде проблеми, како и фрад со големина на лешник.

По невремето, денеска времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Во крајните западни и источни делови значително облачно со локален дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец.

Утринската температура ќе се движи од три до девет степени, а дневната температура од пет до 19 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец. Утринската температура ќе достигне до пет, а дневната температура до 16 степени.

Во среда и четврток во поголем дел од земјава ќе се задржи суво време. Нови врнежи од дожд се очекуваат во петок, а особено за време на викендот, кога ќе биде и нестабилно со пороен дожд и грмежи. 

Сончево со мала облачност

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне наместа нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и северните планински делови.

Минималните температури ќе се движат од 13 до 21 степен, а максималните од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 8. 

Во Скопје слично време со услови за дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде 17 степени, а максималната ќе достигне до 34-тиот степен. 

Нестабилно со дожд и грмежи ќе биде и во вторник, а веќе од среда се очекува стабилизирање на времето.  

Сончево и топло

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне особено во западните и југозападните делови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи во интервалот од 11 до 20, а максималната дневна од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје слично време. Минималната температура ќе биде 17, а дневната ќе достигне 34 степени Целзиусови.

Во наредниот период ќе се задржи топло време, но и во почетокот на наредната седмица во попладневните часови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови.

Времето викендов сончево и топло

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а попладне во планинските подрачја наместа облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната температура од 29 до 36 степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. 

Утринската температура ќе се спушти до 15 степени, а дневната температура ќе достигне до 35 степени. 

Во недела и во почетокот на наредната седмица во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Популарно