11 медицински сестри и болничари останаа без работа

Во осмиот месец од бременоста, по три години работа на клинички, а три месеци пред да и истече договорот на дело, Гордана Јаневска остана без работа. Договорот преку ноќ и станал невалиден, бидејќи така одлучил Управниот одбор на Клиниката за уво  нос и грло. Нема да и биде исплатена ниту февруарската плата. Судбината ја делат уште 11 нејзини колеги. Одлуката им била усно соопштена, без да им бидат врачени отказни решенија.

„Договорите ни истекуваат на 1-ви јуни, но предвреме ни рече одете си, ако имаме потреба ќе ве контактираме, ќе ве вратиме на работа. Мене нормално нема да ме врати бидејќи сум 8-ми месец бремена“, кажа Гордана Јаневска Мишотова, медицинска сестра.

Не се откажуваат од правата, ниту од февруарската плата, особено заради тоа што предвременото прекинување на работниот однос, три месеци пред да им истечат договорите следува во период кога безмалку сите јавни здравствени установи кубурат со средно-медицински кадар. Велат, ќе продолжат да одат на работа, за да не бидат изиграни. Ако не успеат да им го раскинат договорот, се плашат дека ќе ги отпуштат бидејќи три дена по ред не се појавиле на работа.

„Сакаме да откриеме што се крие зад сево ова, да добиеме образложение кое ќе држи место, бидејќи ова е навистина небулозно. Адвокатите со кои разговаравме ни кажаа дека не може да постои таков документ договор на дело, кој е невалиден, незаконски“, кажа Маја Јандриевска, медицинска сестра

Од Клиниката не добивме официјален став, а од Министеството за здравство информираа дека медицинскиот кадар бил ангажиран без согласност од финансии. Двајца од нив со договор за дело на клиниката се подолго од 24 месеци, што исто така е спротивно на законот. Но, бидејќи совесно и професионално ги извршуваат своите работни задачи, веќе се доставени барањата до финасии по што повторно сите 11-мина ќе бидат повикани на работа, соопшти министертвото за здравство.

Весна Јовановска Дојчиновска

ВИДЕО: Груевски ужива во луксузен ресторант во Будимпешта

Екипа на унгарскиот портал „24.ху“ го лоцираше бегалецот Никола Груевски во Будимпешта како руча во познат и скап унгарски ресторан. Груевски не бил сам, него го придружувале неколку лица за кои се претпоставува дека го обезбедуваат, а имал и личен возач. Груевски не одговараше на прашањата од новинарот дали Унгарија му помогнала во бегството и како успеал да избега од Македонија.

Груевски, според снимката, се превезува со возило од марката „фолксваген шарон“

Нови снимки од Груевски од Црна Гора

Јавното oбвинителство во наредните две недели ќе излезе со информации за резултатите од предистражната постапка за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски и начинот на кој ја напуштил земјава. Наредната недела претставници од Обвинителството ќе одат во Црна Гора да ги земат  видео материјалите поврзани со овој случај, а од Албанија се бара и таа што поскоро да ги достави материјалите со кои располага.

– Добивме информација од колегите од Црна Гора дека ги прибрале сите снимки кои ни се потребни и во понеделник или вторник ќе одиме да ги преземеме. Колегата вчера ургираше во Албанија да ни се достават што поскоро материјалите што тие ги имаат, изјави денеска обвинителката Вилма Рускоска одговарајќи на новинарски прашања пред одржувањето на конференцијата поврзана со борбата против корупцијата.

Таа додаде дека прегледувањето на снимките што ги имаат е веќе при крај и најави дека очекуваат во наредните две недели да излезат со соопштение за резултатите од предистражната постапка.

Во врска со фотографијата на Никола Груевски што беше објавена вчера во медиумите и по социјалните мрежи, Русковска истакна дека најверојатно ќе преземат активности да видат од каде потекнува и кој ја сликал. Со оглед на тоа што на неа покрај Греувски, за кој се тврди дека е сликан во Будимпешта, е препознат и еден од  обвинетите за случајот на СЈО „Насилство во општина Центар“, Рускоска истакна дека во Обвинителството ќе бидат повикани сите за кои се смета дека можат да дадат одредени информации во врска со бегството на Груевски.

-Ние и досега имаме сослушано од неговото обезбедување така што ќе продолжиме во таа насока, рече Рускоска.

Министерката за правда Рената Дескоска рече дека засега немаат ништо ново во врска со барањето за екстрадиција на Груевски од Будимпешта, каде што унгарските власти му дадоа политички азил.

-Ние се уште немаме добиено ништо од Унгарија во поглед на нашето барање за екстрадиција. Сепак, оние пристојни рокови не се изминати. Ќе чекаме одредено време и доколку после тоа не добиеме одговор ќе испратиме ургенција, рече Дескоска.

Поранешниот премиер Никола Груевски пред еден месец избега од Македонија за да не ја издржува двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“. Со помош на унгарски дипломати, преку Албанија, Црна Гора и Србија избега во Унгарија, каде што побара и доби политички азил.

Македонските власти по Груевски распишаа меѓународна потерница и побараа тој да биде екстрадиран во Македонија.

Груевски е обвинет во неколку предмети на Специјалното јавно обвинителство, за што Собранието му го одзеде имунитетот, а за дел од нив во отсуство му е одреден и притвор.

Вчера, новинар на британски „Гардијан“ на Фејсбук објави фотографија од Груевски во Будимпешта, прва по неговото бегство од Македонија

ВИДЕО: Советникот на СЈО, адвокатот Тортевски во срамна пресметка со демонстранти

Адвокатот Александар Тортевски кој е советник на СЈО вчера имал вербална расправија со учесниците на уредно пријавениот јавен протест во центарот на Скопје.

Тој пристигнал со возило по улицата од кај Собранието која вообичаено е блокирана од страна на полицијата.

Во вербалната расправија Тортевски одговарајќи на пцостите од граѓаните и самиот вели:

„ДА ТЕ ЕБ*М У УСТА“, „ЌЕ ТИ ЈА ФУКНАМ ЕДНА“, „МРШ ГЛУПЕРДИ“.

За среќа инцидентот кој се случил попладнево на блокадата од движењето „Македонија Блокира“ кај Црвен Крст од страна граѓани кои се противат на уставните измени со цел промена на уставното име, не прераснал во тепачка.

Советникот на СЈО си заминал откако полицијата интервенирала.

„Македонија блокира“ го осудија овој инцидент и повикуваат власта да престане да провоцира мирен и чесен народ.

Популарно