Уставниот суд им скина по 7.000 денари од плата на Вицепремиерите на Заев

Уставниот суд им скина по околу 7.000 денари на вицепремиерите во Владата на Заев. Шеќеринска, Анѓушев, Спасовски, Османи и Лика со одлука на овој суд ќе ќе примаат помала плата, односно иста како и сите други останати министри.

Уставниот суд на претставка на Левица одлучи дека тие немаат право да добиваат коефициент од 4 по просечната плата туку 3,7 како и сите други министри.

За да ја направиме математиката ќе ја земеме последната просечна плата објавена од Државниот завод за статистика, која се однесува на декември минатата година, иако според Законот за плати на функционерите како основица со која се множи коефициентот се зема просечната годишна плата за 2017 година. 

Според Државниот завод за статистика во декември просечната плата изнесувала 23.850 денари.

Кога оваа сума ќе ја помножиме со 4 ќе се добие дека Вицепремиерите добивале по 95.400 денари месечна плата или нешто повеќе од 1.550 евра месечно.

Со намалувањето, нивната плата ќе изнесува 88.245 денари или нешто над 1430 евра месечно.

Разликата меѓу двете плати е 7.155 денари или 116 евра месечно.

Грчки авиони ќе го бранат воздушниот простор над Македонија

Можноста грчкото вoeно воздухопловство да помага во контролата на воздушниот простор (FIR) на Македонија е еден од веројатните договори што ќе се разгледаат.

Според грчката телевизија Open,  како за време на посетата на Алексис Ципрас на Скопје, така и за време на посeтата на министерот за одбрана на Грција, што според истите информации, би следела по онаа на грчиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина.

Телевизијата Open објави дека практично, оваа соработка би значело дека доколку се наведе сомнителен случај со непозната авио трага во воздушниот простор на Македонија, тогаш „грчките воени авиони ќе бидат повикани од соседите да се доближат до непознатата трага и да проверат за што станува збор”.

Според телевизијата, станува збор за вообичаена пракса меѓу земјите сојузници на НАТО, кога една држава ги нема неопходните средства, тогаш друга помага. Ваква пракса постои за FIR на Албанија и Црна гора, каде што помагаат Грција и Италија.

Како што веќе објави МИА, посетата на Алексис Ципрас на Скопје се планира за почетокот на следнот месец, а иако грчките медиуми го споменуваат 2 април како можен термин, сепак според информациите на дописничката на МИА од Атина, точниот датум се уште не е одреден.

Самиот Ципрас, при обраќањето на економскиот форум во Делфи рече дека во Скопје ќе допатува со бизнис делегација, но и министри од неговата влада.

Според Open, неколку дена по посетата на Ципрас на Северна Македонија, во Скопје ќе пристигне министерот за одбрана на Грција , Евенгелос Апостолакис за да се разгледаат можностите за билатерална одбранбена и воена соработка, како што се заеднички воени вежби, размена на студенти од воените академии и сл.

Заев призна: Ги амнестиравме зошто ни трбаше 2/3 мнозинство за „Преспанскиот договор“

Премиерот, Зоран Заев, денеска изјави дека нема најави за нова амнестија, ниту од Министерството за правда, ниту од претседателот, кој, како што рече, нема повеќе законска можност за тоа.

Како што рече Заев, Законот за амнестија на обвинети за настаните од 27 април, беше донесен во моменти кога беше потребно двотретинско мнозинство за уставните измени.

„Нема потреба повеќе од таа работа, нема такви случаеви. Ниту некој планирал ниту било што. Законот за амнестија се случи во рамки на помирувањето, тоа е многу сериозен процес, кога на државата и требаше двотретинско мнозинство, јавно го кажувам тоа и не бегам од тоа. Верувам дека парламентот нема потреба повеќе да посегнува по вакви работи затоа што овој случај беше јасно издиференциран, каде се одделија сите кои учествуваа во организација на насилство, од оние кои беа заведени во таквиот случај. Не верувам дека никој од институциите, ниту Министерството за правда, ниту претседателот, ќе отвори ваков случај на амнестија – рече Заев.

Популарно