(ФОТО) Филип не штеди: Кога ќе слушнете колку потроши за подарок за Александра ќе ви се заврти во глава

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ ја закажаа свадбата на 21 јуни, а синот на Боба Живојиновиќ точно знае како да ја искаже силината на емоциите кои го поврзуваат со вереницата.

Филип на Инстаграм покрај сликата на која е со Александра напиша: „Нераскинливо“.

Да потсетиме, Филип и Александра се верија на Денот на вљубените во Мајами, а кумови на младенците им се пејачот Аца Пејовиќ и кошаркарот Милош Теодосиќ.

 

Ekspedicija je pocela

A post shared by Filip Zivojinovic (@carpediem_fbz) on

 

I said YES! 💍💘🥂 @carpediem_fbz

A post shared by Aleksandra Prijovic (@aleksandraprijovic) on

 

💘

A post shared by Aleksandra Prijovic (@aleksandraprijovic) on

 

Last night ✨ @ateljetijanatodorovic @laziclaza

A post shared by Aleksandra Prijovic (@aleksandraprijovic) on

Живојиновиќ уште пред да замине во Америка, каде ја запроси, одбра автомобил за својата идна сопруга.

Александра Пријовиќ доби од идниот сопруг Филип Живојиновиќ автомобил вреден 35.000 евра. Станува збор за „мерцедес“ кој е во сопственост на пејачката веќе две недели.

Веќе со години Пријовиќ има желба да научи да вози и да си купи автомобил, но не можела тоа да го оствари поради обврските.

Конечно кон крајот на минатата година почна со часови, а тестовите и возењето ги положи од првпат. Тогаш нејзиното момче реши да ја награди. Така Филип пред да замине за Америка, на својата сакана и одбра автомобил, кој ја чекаше по враќањето од САД каде што ја запроси.

Токму во тој автомобил таа деновиве дојде на снимање во „Гранд“.

ФОТО: Ќе погодите ли која македонска пејачкa се расположи вака со Сергеј?

Моментално сме во период кога телевизиите и продукциите снимаат новогодишна програма која ќе се емитува на 31-ви и наредните празнични денови.

Па така, пејачите како најинволвирани во тоа, секоја година нешто порано го живеат тој еуфоричен момент.

Оние кои се најбарани пред камерите се пејачите од фолк естрадата, но и оние од забавната сцена кои сакале или не ќе отпеат некоја народна. Деновиве се снимаше и новогодишната програма на 1ТВ, а таму се собраа многу јавни личности.

Доколку се уште се прашувате која е згодната русокоса која така се расположи заедно со модниот стилист Сергеј Варошлија, ви откриваме дека станува збор за младата Марија Ивановска од „Ај Кју“, која неодмана направи драстична трансформација на изгледот и премина во русокоси.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

New hairstyle masterpiece by @_hair_house_ #newchapter #blonde #shorthair

A post shared by Maria Eye Cue (@mariaeyecue) on

Мора да признаеме дека во ова издание, па дури и ние тешко ја препознавме пејачката која годинава ја претставуваше Македонија на Евровизија.

ФОТО: Ноне порасна - "Од џебна венера, до нозе „уз врат“,

Ноне по повеќе од половина деценија, се’ уште го крстари светот. Некогашната македонската пејачка, и натаму работи на големите прекуокеански крузери, со кои патува низ светот и ги посетува најегзотичните дестинации.

Ретко доаѓа дома, во родниот Велес, зашто работата и работното време на прекуокенски брод не се мери на часовник, туку се гледа на календар. Патем и крузерите при своето крстосување по океаните и морињата, знаат да се укотват, за да надополнат гориво, храна, суровини и разни други потребштини за патниците.

Тогаш за вработените е „рај“ – време за малку одмор или забава на копно! Така, Ноне го искористи застанаувањето во едно од  пристаништата на Пиринејскиот полуостров, за малку да се прошета и да го почувствува тлото под нозете, па тоа го овековечи со фотографија. А, кога сме веќе кај нозете, ако добро ја погледнете и проанализирате фотографијата ќе забележите дека на неа „најпрошетаната велешанка“ изгледа поголема, повисока, порасната… Џепната венера наеднаш со „нозе уз врат“… Како манекенка!

Да точно, е… нема фотошоп. Ноне порасна… и созреа. И како личност и како човек. Сега е Нона Бони, со завидна биографија и места и светски дестинации што ги посетила, што цел Велес заедно ги нема посетено.

А фотографијата… е само оптичка фотоилузија. Некогашната пејачка повисока во вертикала, меѓу паралелни линии! Ама, иако е само фотоилузија, во неа има голема симболика: Нона помеѓу двата паралелни света… Оној, на пејачка во Македонија и овој, на крстосувач по светот… Од нив, кога се’ ќе заврши, Нона и буквално ќе излезе… поголема! Многу, многу поголема… каде и да реши да продолжи да живее!

ФОТО: Гоца Тржан со оваа фотографија предизвика низа коментари

Пејачката Гоца Тржан многу отворено зборува за сите проблеми, како и за нејзиниот приватен живот, и не е изненадена што сака да има подобра интеракција со нејзината публика.

Нејзината непосредност доведе до тоа да има повеќе од 67.000 луѓе на неодамна отворениот  канал Youtube.

Таа целосно се релаксирала во видеата од нејзиниот дом, каде што ни покажува интересни рецепти, трикови за шминка и животни искуства што таа ги сака и се обидува на најдобар начин да им се пренесе на нејзините следбеници.

Затоа одлучи да ни покаже слика со нејзиниот профил Instagram како всушност изгледа нормално попладне во нејзиниот дом. На фотографијата е нејзиниот сопруг Раша и две персиски мачки, што предизвика многу коментари.

Некои од коментарите беа објавени.

„Двајца пензионери  и две прекрасни мачки. Уживајте многу сте слатки“.

„Ти недостасува бебе, а не мачка“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

#love #cats #catlover #siberiancat Mackarski odmor 😻😻😻😻

A post shared by Goca Trzan (@gocatrzan) on

Популарно