Ванковска: Дали Албанците во Македонија се толку кусогледи за да не ја видат оваа проѕирна националистичка манипулација

Професорката Билјана Ванковска на својот Фејсбук профил, уште еднаш го искажа ставот за евентуалното донесување на Законот за јазици во собранието и целата процедура околу истиот.

- Законот за јазиците, доколку биде донесен како што се најавува (а работите така стојат во моментов), ќе остане запомнет како епитаф на (правната) држава во Македонија: предложен и процесиран во флагрантно неправна постапка, со материјални одредби кои се неприменливи и противуставни, и со изгласување по истекот на рокот од 30 дена од првото изгласување, по што Претседателот стави суспензивно вето. Ова треба/ше да биде аларм за сите што имаат макар елементарно правно знаење или барем правна култура. Но, не е така: си молчат или спинуваат (дека критичарите на законот се само обична сурија, прасиња, примитивци,националисти и албанофоби). Правната битка ќе продолжи, колку и да изгледа бесполезна, но политичките и општествените последици ќе бидат катастрофални. Безбедносните прогнози стануваат се' полоши. Не знам кому ќе му донесе добро закон со кој се газат елементарните претпоставки на правната држава? Се прашувам: дали Албанците во Македонија се толку кусогледи за да не ја видат оваа проѕирна националистичка манипулација, која сите заедно не' чини скапо и во смисла на елементарните демократски претпоставки, и во финансиска смисла, но и во социјална и безбедносна.

Апасиев до Димитров: Не бе ку*е министерско!

Во денешното обраќање Министерот за надворешни работи, Никола Димитров до јавноста во врска со договорот со Грција и референдумот, потписникот на договорот во Преспа изјави дека ако референдумот нема цензус, истиот се враќа во Собранието на Република Македонија. Односно, ако на референдумот не искочат повеќе од 50% од запишаните гласачи, пратениците ќе решаваат за иднината на договорот. На ова реакција во свој стил на ФБ имаше Проф. Димитар Апасиев:

„Не бе куре министерско...

Ако нема ЦЕНЗУС, не оди „Договорот“ у Собрание, туку вие одите у предвремена политичка пензија. 

А во правна сила си останува референдумската одлука од 1991 за името „Македонија“  ;)

#НеПоштуемКурчење

#БојкотирамЧиновничкиСилеџии

#СакамЕвропскиВредности“

ВИДЕО: Ќе гласам ЗА на референдумот

Легендарната македонска актерка, Шенка Колозова се вклучи во кампањата за референдумот.

„Можам да бидам против оваа влада. Можам да бидам и против онаа влада. Можам да бидам против секој влада. Ама против својата земја, не можам, не сакам и не смеам да бидам. Затоа ќе излезам и ќе гласам „ЗА". Зошто? За подобра иднина на сите нас", рече Колозова.

ВИДЕО: Атентатот на Киро Глигоров и авионската несреќа на Борис Трајковски во спот „ЗА европска Македонија“!

Најголем дел од коментарите на видеото се полни со прашања за поврзаноста на проблемот со името и настаните прикажани на видеото. Дали авторите сакаат да кажат причина за обидот за атентат на поранешниот претседател на Р. Македонија, Глигоров е резултат на проблемот со името, прашуваат дел од граѓаните на ФБ. 

Веројатно, идејата на видеото е да ни покаже колку грешки  направиле сите досегашни влади и политичари во Македонија, но токму и овој договор е потпишан од истите политичари...

Популарно