ВИДЕО: Физички конфликт меѓу Груевски и Џафери - реагираше обезбедувањето во собранието

За малку избегнат физички судир меѓу претседателот на Собранието, Талат Џафери и поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Груевски му пристапи на Џафери зад грб, се наведна над наге, додека Џафери ја отвараше точката за јазиците. Притоа Груевски му ја извади картичката на спикерот и истури вода врз документите на претседателската маса.

Џафери даде пауза од 15 минути и револтирано рече дека: „Ова е поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ“.

Собраниското обезбедување интервенираше и ги одвои политичките противници.

Апасиев до Димитров: Не бе ку*е министерско!

Во денешното обраќање Министерот за надворешни работи, Никола Димитров до јавноста во врска со договорот со Грција и референдумот, потписникот на договорот во Преспа изјави дека ако референдумот нема цензус, истиот се враќа во Собранието на Република Македонија. Односно, ако на референдумот не искочат повеќе од 50% од запишаните гласачи, пратениците ќе решаваат за иднината на договорот. На ова реакција во свој стил на ФБ имаше Проф. Димитар Апасиев:

„Не бе куре министерско...

Ако нема ЦЕНЗУС, не оди „Договорот“ у Собрание, туку вие одите у предвремена политичка пензија. 

А во правна сила си останува референдумската одлука од 1991 за името „Македонија“  ;)

#НеПоштуемКурчење

#БојкотирамЧиновничкиСилеџии

#СакамЕвропскиВредности“

ВИДЕО: Ќе гласам ЗА на референдумот

Легендарната македонска актерка, Шенка Колозова се вклучи во кампањата за референдумот.

„Можам да бидам против оваа влада. Можам да бидам и против онаа влада. Можам да бидам против секој влада. Ама против својата земја, не можам, не сакам и не смеам да бидам. Затоа ќе излезам и ќе гласам „ЗА". Зошто? За подобра иднина на сите нас", рече Колозова.

ВИДЕО: Атентатот на Киро Глигоров и авионската несреќа на Борис Трајковски во спот „ЗА европска Македонија“!

Најголем дел од коментарите на видеото се полни со прашања за поврзаноста на проблемот со името и настаните прикажани на видеото. Дали авторите сакаат да кажат причина за обидот за атентат на поранешниот претседател на Р. Македонија, Глигоров е резултат на проблемот со името, прашуваат дел од граѓаните на ФБ. 

Веројатно, идејата на видеото е да ни покаже колку грешки  направиле сите досегашни влади и политичари во Македонија, но токму и овој договор е потпишан од истите политичари...

Популарно