ДИК нема да го прогласи референдумот за успешен или не - Собранието ќе си решава по своја желба

На вчерашниот брифинг со новинарите, членовите на ДИК кажаа дека на референдумот на гласање треба да излезат половина од запишаните избирачи плус еден и половина од излезените плус еден да гласаат „за“. Тоа се двата услова кои треба да бидат исполнети на претстојниот консултативен референдум на 30 септември, велат од ДИК.

Од ДИК велат дека има разлика помеѓу консултативниот и обврзувачкиот референдум.

За задолжителен, обврзувачки референдум потребно е апсолутно мнозинство, односно 50 отсто плус 1 од гласачите треба да се „за“. Според Уставот тоа е во случај на менување граница, стапување во сојуз со други држави, за конфедерација.

Од ДИК велат дека кога ќе завршат преговорите за членство во ЕУ, во Македонија ќе треба да се распише уште еден референдум за членство во Унијата и тој мора да е задолжителен. За членство во НАТО Македонија веќе донесе одлука во Собранието во 1993 година.

Од ДИК велат дека на 30. септември односно 1.октомври ќе се соопштат само техничките резултати, а референдумот нема да биде прогласен за успешен или неуспешен.

Од ова произлегува дека за консултативниот референдум распишан за 30 септември правилото 50%+1 глас не важи, односно ДИК по пребројување на гласовите не може да прогласи дали изјаснувањето на граѓаните успеало или не и дека таа задача очигледно ќе остане на политичарите.

А во тој случај се отвора голем простор за тоа што може да биде успешен, а што неуспешен. Односно дали е успешен ако има цензус без разлика на тоа кој за што гласал, или пак успешен е и ако нема цензус, ама повеќе гласови има „за“.

Во тој случај, кога консултацијата со народот ќе се прогласи за успешна (без цензус), владини претставници веќе најавија дека тоа значи дека претставниците на народот, Собранието и Владата, ќе мора да ја донесат конечната одлука. А за тоа, за уставните измени како еден од условите на Спогодбата со Грција, потребно е двотретинско мнозинство во Собранието.

Лидер: Шилегов узурпира државно земјиште во Маврово

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов направил кривично дело за кое се оди во затвор, со тоа што узурпирал државно земјиште на националниот парк Маврово, кое си го користи како двор за својата викендица, покажуваат документите до кои стигна Економски Лидер, пишува порталот.

Документите до кои дојдовме покажуваат дека Шилегов узурпирал над 1000 м2 државно земјиште, кое се наоѓа непосредно над неговата луксузна викендица во Маврово и го претворил во дворно место, објавува Лидер.

Мапите на катастер покажуваат дека викендицата на Шилегов се наоѓа на парцелата број 1625, односно веднаш над мавровското езеро.

На аматерските фотографии кои за Лидер ги направи жител на Маврово се гледа дека дворот на Шилегов навлегува во земјиште кое е во сопственост на Република Македонија. Таму градоначалникот на Скопје си гради двор со коцка, која според нашите информации е извадена од депото на град Скопје а претходно беше поставена на плоштадот и на улица Македонија.

Целиот текст прочитајте го на Лидер.ком.мк или со еден клик ТУКА

Старо Нагоричане: Градоначалничката си купила автомобил и приредила забава за партиските членови!

Порталот Инфомакс.мк, објави дека Жаклина Јовановска градоначалничка од редовите на СДСМ, набавила нов автомобил „Шкода Октавија“ за неверојатни 1.108.000 денари. За возилото, таа приредила и банкет во општината, со организиран кетеринг на кој се служеле исклучиво морски плодови. На забавата и частењето за новиот автомобил биле повикани и членовите на локалната партиска организација на СДСМ.

Додаваат, дека надвор во дворот на општинската зграда исто така се делело јадење и пиење за „обичните“.

Во услови кога Старо Нагоричане е општина со најмала стапка на вработеност во државата, а општината функционира со блокирана сметка, ваквото самоволие е надвор од умот – додаваат нагоричанци.

Договорот за лизинг на возилото е склучен со „Порше Лизинг“ на 36 рати.

Популарно