Опасен радиоактивен кобалт 60 се наоѓа на сред Скопје

Опасен радиоактивен отпад со години стои во сред центар на Скопје, во подрумските простории на Клиниката за онкологија и преставува темпирана бомба од безбедносен аспект, дознава НОВА од извори запознаени со оваа проблематика. Станува збор за радиоактивен кобалт 60 кој е многу опасен по здравјето на луѓето доколку се изложат на неговото зрачење. Но, на Онкологија нема само опасен радиоактивен кобалт. Таму во последните 50 години бил складиран и друг радиоактивен отпад, како што е радиоактивно злато, радиум, цезиум кои биле користени во медицината, а немало каде да се однесат. Тие се наоѓаат во просторија која се наоѓа под таванот на клиниката во посебен бункер за да нема надворешно зрачење. Не се знае колкави количини има од овој радиоактивен отпад бидејќи неговото присуство се мери однадвор со специјални апарати.

Апарат со кобалт за зрачење на болните од рак кој не се употребува повеќе

На овој радиоактивен отпад местото не му е на Клиника за онкологија, велат за НОВА во Агенцијата за радијациона сигурност. Но, бидејќи државата нема посебен склад каде што треба да се чува радиоактивниот отпад тој со години стои таму.

„Од голем интерес за Македонија е овој радиоактивен отпад да се изнесе од таму бидејќи преставува најопасен извор на радиоактивно зрачење. На Клиниката за онкологија со години се собирани овие радиоактивни материјали и ние работиме на проект на нивно отстранување од државата, а потоа и на обезбедување на складиште“, изјави за НОВА, Светислав Ѓорѓевиќ директор на Агенцијата за радијациона сигурност.

Информацијата на НОВА ја потврдија на Клиниката за онкологија. Оттаму објаснија дека граѓаните можат да бидат мирни, бидејќи нема опасност од зрачење, ниту по пациентите кои се лекуваат таму, ниту по вработените, ниту пошироко за околните згради или градот, бидејќи радиоактивниот кобалт е изолиран во специјален бункер, затворен е со две метални врати и нема радиоактивно зрачење повисоко од дозволеното.

„Има мало зрачење внатре кое е помало од тоа што го добиваме од природата, кое е 1 милисиверт на годишно ниво. Главата на апаратот со кобалтот е сместен во подрумските простории на Клиниката за онкологија во посебен бункер кој е изолиран со метални врати и таму стои заклучен со години.

Самиот кобалт е во оловна кутија, а под него и околу него има оловни блокови кои штитат од надворешно зрачење. Ние секој месец вршиме мерења на радиоактивноста и секогаш е во рамките на законски дозволениот лимит“, изјави за НОВА, Душко Лукарски, медицински физичар и раководител на одделението за радијациона физика и заштита од јонизирачко зрачење на Клиниката за онкологија.

Како изгледа радиоактивниот кобалт како метал

Реалната опасност, според Лукарски и другите експерти кои ги консултираше НОВА е во случај кобалтот да се злоупотреби, да биде украден, оставен на отворено место или да се употреби за правење на бомба со разорна моќ, како што тоа било случај во други земји. Поради овие причини, бункерот е под опсервација и заштита на МВР.

Информациите до кои дојде НОВА говорат дека претходните директори барале помош од досегашните влади да се најде начин радиоактивниот отпад да се отстрани од Клиниката за онкологија, но немало слух од властите. Во изминатите неколку месеци интензивно се барал начин како опасниот кобалт 60 заедно со другиот радиоактивен отпад да биде изнесен од државата и во тек е постапка за негово транспортирање надвор од државата. Продолжува: Македонија побарала помош како да го изнесе радиоактивниот отпад од државата

Кучиња нападнале полицајци во Кисела Вода

На 14.03.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, двајца полициски службеници, додека извршувале службени задачи, биле нападнати и каснати од неколку кучиња сопственост на М.Г.(54) од Скопје, за кој претходно било пријавено дека во дворот на небезбеден начин ги чувал кучињата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Драма во скопска Кисела Вода: Групна тепачка меѓу дедовци

На 03.03.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.Н.(79) и Т.Н.(79), од една страна и Л.Ш.(64) од друга страна, сите од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Приведена Американка која полудела во зграда во Кисела Вода

Вчеравечер во 23.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ја привеле К.А.Р.(49) од САД затоа што во зграда на подрачјето на Кисела Вода го нарушила јавниот ред и мир и агресивно се однесувала кон дел од станарите.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Популарно