Малку фалело од ништо, да го изгубат синот

Една мајка од Австралија, која го води блогот „Finlee and Me“, објавила рендгенска снимка од својот син како би им испратила на луѓето важна порака.

– Знаете ли што се гледа на оваа снимка? Зрно грозје! Се заглавило денес во дишниот канал на мојот петгодишен син, напишала Енџела Хандерсон.

– Мораше да оди на операција за да му го отстранат зрното. Имаше многу среќа што дел од дишниот канал бил отворен, инаку можеше да заврши лошо, додала таа.

Енџела ги замолила родителите да бидат исклучително внимателни при давање храна на нивните деца.

– Ако се двоумите, едноставно пресечете го зрното грозје, шери доматот или слично, истакнала таа.

ВИДЕО: Погледнете колку змиии на островот „Голем град“ во Преспанското езеро

Охриѓанецот Зоран Брдаровски направил еден голем подвиг. Поминал еден ден на островот во Преспанското езеро, „Голем град“ и снимил кадри на кои се гледа огромна бројка на змии.

Секоја чест за огромната храброст да се биде очи во очи со страшните животинки.

Видеото е снимено во мај 2016 година, а откако ќе го погледнете ќе размислите дали сакате ваква авантура или островот би го посетиле во зимски период…

ВИДЕО: Сакала невиноста на ќерка си да ја продаде на богат педофил

35- годишната Ирина Глаткин заврши во затвор по обидот да му ја продаде сопствената ќерка на богат педофил. Таа е осудена на четири и пол години затвор и и е одземено старателското право над нејзината ќерка.

Руската јавност , сепак реагира на благата пресуда. Поранешната Мис , Ирина , била уапсена во полициска акција кога од  градот Чељабинск летала кон Москва каде требало да се сретне со мажот , кој теебало да и плати 19 100 фунти за секс со нејзината ќерка.

На суд Ирина дошла во крзнена бунда , а повеќето време на судењето седела со наведната глава за да ги избегне камерите. Таа пред продажбата на својата ќерка , дури и извадила лекарска потврда дека ќерка и е невина, а снимила и серија фотографии од ќерка и во провокативни пози.

Ирина во ресторан во Москва требалио да се сретне со мажот , но полицијата дознала за планот и еден полицаец ја одиграл улогата на педофилот. Во моментот кога Ирина ги споменала парите и ќерка си , веднаш ја уапсиле.

Полицијата потврдила дека Ирина претходно се занимавала со проституција. Девојчето и е предадено на бабата, а не е познато дали е уапсен и богатиот педофил.

Се појави нова синтетичка дрога, една доза може да ве убие

Нова синтетичка дрога се појави во Србија и стана популарна меѓу младите, а е спој на канабоиди, активна супстанца на марихуаната и амфетамини во таблета.

Лекарите предупредуваат дека само една доза може да ве убие затоа што никој не знае колку амфетамини или канабоиди има во таблетата затоа што таа се изработува во „куќни лаборатории„. Освен тоа, ова е и нов начин на употреба на марихуаната која до сега главно се моташе во цигара, пишува Блиц.

Со оглед на тоа дека новата дрога стана популарна меѓу младите во Србија, прашање е кога ќе ја пробаат младите и во македонија.

Новата дрога што се појави во Србија не е испитана и не се знае како делува, предупредува стручњак за болезти на зависност, психијатар од Србија д-р Иван Димитријевиќ.

„Практично, кога се појавува нова дрога, почнува експеримент во живо, на луеѓто“, додава тој.

Популарно