(ВИДЕО) Се расоблече: Елена Ристеска го покажа голото стомаче

Елена Ристеска во последно време обожава да танцува, па дел од своето време го поминува во сала за вежбање, а таа овој елемент го додаде и на нејзините настапи, па и во видео спотовите.

Во видеото за песната „Текила и лимон“, Елена покажа како танцува и мрда со колковите и мораме да признаеме одлично и оди тоа.

Затоа пејачката продолжува во истото темпо, а можеби и ни подготвува нешто ново, па на Инстаграм објави видео на кое танцува, но во прв план го покажа нејзиното голо секси стомаче.

Танцувањето секако е одлично, но сите гледаат во нејзината одлична фигура.

 

@skrozbala :) #mycrew @beatrixcrew #dance #dancer #lovedancing #loveher #mybala :)

A post shared by E L E N A ♥️🎵 (@elenaristeskaofficial) on

Се роди Дарен - Тамара по втор пат стана мајка

Пејачката се пофали на социјалните мрежи и им испрати бакнеж на фановите

Пејачката Тамара Тодевска стана мајка и на свет го донесе Дарен. Среќната вест ја сподели на социјалните мрежи каде напиша:

- Пред точно саат време се роди нашиот Дарен, Хана доби братче, а Мачка и јас уште една неопислива љубов. Ви испраќаме безброј бакнежи, стои во постот на пејачката.

ФОТО: Ќе погодите ли која македонска пејачкa се расположи вака со Сергеј?

Моментално сме во период кога телевизиите и продукциите снимаат новогодишна програма која ќе се емитува на 31-ви и наредните празнични денови.

Па така, пејачите како најинволвирани во тоа, секоја година нешто порано го живеат тој еуфоричен момент.

Оние кои се најбарани пред камерите се пејачите од фолк естрадата, но и оние од забавната сцена кои сакале или не ќе отпеат некоја народна. Деновиве се снимаше и новогодишната програма на 1ТВ, а таму се собраа многу јавни личности.

Доколку се уште се прашувате која е згодната русокоса која така се расположи заедно со модниот стилист Сергеј Варошлија, ви откриваме дека станува збор за младата Марија Ивановска од „Ај Кју“, која неодмана направи драстична трансформација на изгледот и премина во русокоси.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

New hairstyle masterpiece by @_hair_house_ #newchapter #blonde #shorthair

A post shared by Maria Eye Cue (@mariaeyecue) on

Мора да признаеме дека во ова издание, па дури и ние тешко ја препознавме пејачката која годинава ја претставуваше Македонија на Евровизија.

ФОТО: Ноне порасна - "Од џебна венера, до нозе „уз врат“,

Ноне по повеќе од половина деценија, се’ уште го крстари светот. Некогашната македонската пејачка, и натаму работи на големите прекуокеански крузери, со кои патува низ светот и ги посетува најегзотичните дестинации.

Ретко доаѓа дома, во родниот Велес, зашто работата и работното време на прекуокенски брод не се мери на часовник, туку се гледа на календар. Патем и крузерите при своето крстосување по океаните и морињата, знаат да се укотват, за да надополнат гориво, храна, суровини и разни други потребштини за патниците.

Тогаш за вработените е „рај“ – време за малку одмор или забава на копно! Така, Ноне го искористи застанаувањето во едно од  пристаништата на Пиринејскиот полуостров, за малку да се прошета и да го почувствува тлото под нозете, па тоа го овековечи со фотографија. А, кога сме веќе кај нозете, ако добро ја погледнете и проанализирате фотографијата ќе забележите дека на неа „најпрошетаната велешанка“ изгледа поголема, повисока, порасната… Џепната венера наеднаш со „нозе уз врат“… Како манекенка!

Да точно, е… нема фотошоп. Ноне порасна… и созреа. И како личност и како човек. Сега е Нона Бони, со завидна биографија и места и светски дестинации што ги посетила, што цел Велес заедно ги нема посетено.

А фотографијата… е само оптичка фотоилузија. Некогашната пејачка повисока во вертикала, меѓу паралелни линии! Ама, иако е само фотоилузија, во неа има голема симболика: Нона помеѓу двата паралелни света… Оној, на пејачка во Македонија и овој, на крстосувач по светот… Од нив, кога се’ ќе заврши, Нона и буквално ќе излезе… поголема! Многу, многу поголема… каде и да реши да продолжи да живее!

Популарно