Висар и Елена Вишка се разведоа

Македонскиот глумец Висар Вишка се разведе од својата сопруга, водителката Елена Митева, објави Репортер. Иако подолго време се зборуваше дека се разделени, сепак, двојката не сакаше да коментира на оваа тема.

Според порталот Елена и Висар веќе една година не се заедно, а веста им ја потврдил и Вишка. Тој посочил дека имаат ангел, синот Дион, чија среќа и насмевка се најбитни за нив.

За кого џип, за кого мопед, злоупотреба на службени возила согласно чинот

До редакцијата на Лидер пристигна фотографија од полицаец кој вози девојка на службениот моторцикл. Трендот на злоупотреба на државни службени возила не запира.

(ФОТО) Стаорец на маса во пекарата “Специјал” на рекорд

Стаорец на маса во пекарата “Специјал” на рекорд

Огромен стаорец е сликан како се шета по масите за јадење во пекарата „Специјал“ во центарот на Скопје додека продавницата е затворена, пишува А1он. Фотографијата е направена во петокот вечерта.

Се повикува Агенцијата за храна и ветеринарство да ги засили контролите во угостителските објекти. Пекарата „Специјал“ снабдува многу училишта со храна.

(ВИДЕО) Анкета во Охрид: Кој треба да ја плати сметката на првиот состанок?

T

имот од Шоу Биз на 1тв е во Охрид. Овој пат се решивме да направиме кратка анкета во поглед на тоа кој треба да ја плати сметката кога се работи за првиот состанок. Џентлменски ли е мажите да ги остават девојките да платат? И дали има правило кога жените плаќаат?

Факт е дека локалите се преполни со парови.

Се конзумира, јаде и пие. Но што кога ќе пристигне сметката?

Бонтонот не учи дека послниот пол е оној кој треба да ја плати сметката, откако тие заедно со дамата ќе го напуштат локалот. Во исклучителни случаи, доколку дамата инсистира, таа може да плати – но повторно, само доколку инсистира на истото. За да не се мачиме околу залудната проценка, ние ќе го следиме бонтонот, а дали испитаниците се сложија со нашето мислење, погледнете во продолжение:

Популарно