Мажите треба да се самозадоволуваат, а жените не!?

Постојат две работи кои со сигурност ги знаеме за самозадоволувањето: сите го прават тоа и никој не сака да зборува за тоа. Но, постојат голем број на работи во кои веруваме, а всушност не се вистина.  

Самозадоволувањето предизвикува неплодност

Ова дефинитивно не е вистина и воопшто не влијае на шансите за бременост. Но, постои мала ризична работа поврзана со овој мит, која може да влијае на плодноста. Тоа се секс играчките кои партнерите си ги делат меѓу себе, кои може да пренесат сексуално преносливи болести, доколку парнерите не се грижат играчките да бидат постојано чисти. Овие инфекции можат да влијаат на плодноста. Затоа е важно да се почитуваат упатствата за нивно одржување или да се користи заштита.

Жените стануваат зависни од вибратор

Ова исто така не е вистина, иако употребата на вибратор за самозадоволување или за време на секс може да стане забавна навика во сексуалниот живот. Повеќето жени се загрижени дека употребата на вибратор може да го расипе сексот со парнерот, но сепак треба да се запомни дека не може да се стане зависен од вибратор.

Ја намалува желбата за секс

Самозадоволувањето влијае спротивно! На овој начин учиме повеќе за работите кои ги сакаме или пак не сакаме и ни помага за да го подобриме сексот со партнерот. Затоа, не грижете се дека самозадоволувањето ќе влијае врш сексот со партнерот или дека ќе ви биде потешко да доживеете оргазам.

Луѓето во врска не практикуваат самозадоволување

Повеќето мислат дека самозадоволувањето е само за луѓето кои не се во врска, но постојат многу парови кои се уште мастурбираат. Тоа не значи дека тие не се задоволни од сексот со партнерот и како што веќе споменавме тоа воопшто не влијае на сексот.

Самозадоволувањето не е здраво за време на циклусот

Ова е најголем мит од сите! Самозадоволувањето е добро и здраво додека имате менструација, бидејќи на природен начин се релаксираат мускулите. Некои жени практикуваат самозадоволување за време на циклусот, бидејќи на тој начин се намалуваат менструалните болки.

Бројот на оргазми е ограничен

Повеќето жени мислат дека со староста, можноста за доживување оргазми природно се намалува, но тоа не е вистина. Годините немаат никакво влијание врз оргазмот. Покрај тоа, жената може да доживее неограничен број на оргазми.

Лошо е по здравјето

Уште еден мит во кој луѓето верувале од многу одамна. Самозадоволувањето е една форма на сигурен секс. Единствени ризици од самозадоволувањето се иритација на кожата, алергиска реакција од предметите кои се користат или инфекција од нечистите играчки. Затоа, многу е важно убаво да си измијат и исчистат пред употреба. Самозадоволувањето може да влијае само на психичкото здравје, бидејќи повеќето луѓе, а осовено жените се срамат да зборуваат за тоа.

Мажите треба да се самозадоволуваат, а жените не

Не постои правило за тоа кој треба да се самозадоволува, а кој не. И покрај тоа што анкетите покажуваат дека мажите почесто мастурбираат од жените, сите го прават тоа! Некои луѓе се самозадоволуваат повеќе пати во денот, некои еднаш во месецот, а некои воопшто не го прават тоа, но сите овие работи се здрави и нормални.

Закрепнувањето по „скршено срце“ трае три месеци

Раскинувањата oбично завршуваат со подолготрајна тага.

Научен труд објавен во британскиот „Журнал“ за позитивна психологија открива колку време во просек им треба на луѓето да закрепнат по болен прекин на љубовна врска.

Кога „срцето е скршено“, преовладува чувството на безвредност, што поттикнува повредената или повредениот „да се држи“ дури и поцврсто за она што веќе не е достапно. Во такви случаи се јавуваат збунетост, лутина, тага, фрустрација. Уште повеќе, ако е присутна ниска самодоверба којашто нѐ тера постојано да се обвинуваме и омаловажуваме себеси, преболувањето на раскинувањето тогаш е потешко, па тоа „заздравување“ оди побавно.

Тоа ќе рече – проценувањето колку долго ќе трае таа лоша состојба по раскинувањето зависи, до одреден степен, од самодовербата.

Според наводите, на 71 отсто од 155 млади возрасни лица им биле потребни околу 11 седмици за промена кон подобро. До крајот на тие три месеци, испитаниците можеле да ги видат добрите страни на нивното раскинување. Тие, имено, почувствувале „созреаност“ и подготвеност да се насочат кон целта – позитивни промени по раскинувањето.

Разумно е да се очекува дека зацврстувањето на ниската самоувереност по раскинувањето може да трае барем неколку недели. А пак, факторите коишто влијаат на таа временска рамка зависат од самиот човек и од врската која штотуку завршила.

Три реченици кои звучат како љубов, а всушност зад нив се крие манипулација

Понекогаш е тешко да се разликува грижата и љубовта од манипулацијата. Ова се фрази кои се користат за да се залажат партнерите.

Има луѓе кои имаат потреба да манипулираат со луѓето со кои се во врска или брак, поради некои психолошки проблеми што ги имаат.

Овие три реченици манипулаторите често ги користат како параван, бидејќи наликуваат на љубов.

„Ова го правам за твое добро“

Манипулаторот сака да изгледа како да се грижи за вас, а всушност сака да ве контролира за да ја постигне својата цел. Реченицата „Го правам ова за твое добро“ звучи како израз на грижа и љубов, но тоа е начин манипулаторот да ве принуди да го прифатите она што го прави велејќи дека е за ваша корист.

„Дали вака ми враќаш?

Кога манипулаторот ќе ви каже: „После се што направив за тебе, ти ми враќаш вака?“, тоа покажува дека сака да се чувствувате виновни. Не се залажувајте да мислите дека тој се грижи за вас. Тој само сака да ве натера да се согласите со она што тој го сака.

„Очекував повеќе од тебе“

Оваа реченица прави личноста кон која е насочена да се чувствува помалку вредна од манипулаторот. Тие се потпираат на моќта за да ги постигнат своите цели. И повторно сака да се чувствувате виновни што не го постигнавте она што требаше, според мислењето на манипулаторот.

Што се случува во телото на мажот кој подолго време нема секс?

Има многу причини зошто треба редовно да имаме секс, но покрај задоволството, важни се и причините поврзани со здравјето.

Мажите кои редовно имаат секс се позадоволни од животот и посреќни, тоа го имаат потврдено повеќе истражувања, но дали некогаш сте се прашале што се случува со вашето тело кога ќе престанете да имате секс редовно?

Ова се најчестите последици:

Еректилна дисфункција

Мажите кои подолго време немале секс, а имаат над 50 години, најверојатно ќе се соочат со проблемот еректилна дисфункција. За да останете во сексуална форма, мора да ја одржувате.

Зголемен ризик од рак на простата

Ако не мастурбирате редовно и исто така немате секс, ги зголемувате шансите за заболување од рак на простата. Истражувањата покажале дека честото ејакулирање (4 до 7 пати неделно) го намалува ризикот од рак на простата.

Висок крвен притисок

Истражувањата покажале дека луѓето кои имаат редовен секс имаат понизок крвен притисок од оние кои имаат долги паузи меѓу сексуалните активности.

Стрес

Една жешка ноќ во кревет може да ви го подобри расположението и барем на кратко да ве ослободи од грижите и стресот. Ендорфинот што се ослободува за време на сексот го подобрува расположението, а и бројни науни истражувања покажале дека сексот има поволно дејство врз луѓето кои се под стрес.

Слаб имунитет

Доживувањето оргазми е од голема корист за вашиот имунолошки систем. Медицински истражувања покажале дека мажите кои немаат секс редовно имаат послаб имунитет и се поподложни на болести.

Популарно