(ВИДЕО) Бебе во Кина е родено со три нозе, бидејќи мајката не посетувала редовни прегледи

Бебе од Кина се роди со три нозе, поради ретко генетско нарушување, а после 10 часовна операција во Шангај, успешно му била отсранета. Докторите утврдиле дека третата нога е всушност остаток од делумно формиран паразитски близнак.

Паразитските близнаци настануваат кога идентичните близнаци не се разделуваат, а таквата состојба се случува околу еден во милион живи родени бебиња. 

Малото момче од 11 месеци, по име Ксиао Феј, мораше да му биде направена сложена операција, која траела 10 часа, пренесува Дејли Меил.

Семејството на ова мало момче живее во далечната Ксинџиага во западна Кина, а неговиот паразитски близнак не е откриен пред раѓањето, бидејќи мајката не посетувала редовни пренатални прегледи и тестови.

Набрзо по раѓањето, семејството на малото момче посетувале различни болници ширум Кина, за да пронајдат решение за неговиот проблем и дури неодамна конечно биле примени на лекување во Клинички центар за јавно здравје во Шангај.

Детскиот хирург Чен Чиу опиша дека состојбата на малото момче е "многу комплицирана".

Непосредно пред операцијата, докторот Чен изјави за локалната телевизија дека средната нога на детето ќе биде отстранета, бидејќи нема никаква функција. Покрај тоа, стапалото на момчето не е правилно развиено и повеќе наликувало на рака и поради тоа морало да биде отстрането. 

Покрај паразитскиот близнак, на детето му се откриени низа други болести кои дополнително ја комплицирале операцијата. Сепак, после низа обиди и потешкотии, операцијата успешно е завршена.

Директорот на клиничкиот центар рече дека оваа операција ќе му овозможи на момчето нормално да живее, но дека кога ќе порасне ќе му биде направена уште една операција.

Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти

Танчерки во бели „пачка“ фустанчиња се собраа вчера во њујоршкиот хотел „Плаза“ за да го соборат светскиот рекорд во танцување на прстите.

Меѓу танчерките имаше девојчиња на возраст од девет до 19 години кои се натпреваруваат за стипендии, но и професионални танчерки. На музика од Петар И. Чајковски, балерините се префрлаа од едната нога на другата и обратно - на прсти и со поголема брзина. Тоа движење се нарекува „бурè“ на француски и девојките го правеа тоа цела минута.

Тина Ши, претставничка од „Гинисовата книга на рекорди“, го објави резултатот: „Имаше 353 девојки, тоа е нов Гинисов рекорд. Честитам!“.

Претставата е организирана од американската младинска програма за стипендии за балет „Јут Америка гранд при“, којашто ја прославува својата 25-годишнина со три вечерни изведби во „Линколн центарот“ за изведувачка уметност. 

Руси поставија светски рекорд со скок со падобран

Истражувачи од Русија минатата недела поставија светски рекорд со скок со падобран спуштајќи од Земјината стратосфера над Северниот Пол. Мисијата служеше и како тест за нов прототип на комуникациски систем за употреба на Арктикот, изјави денеска организаторот Никита Цаплин.

Падобранците Михаил Корниенко, Александар Линик и Денис Јефремов скокнаа од авион „Иљушин-76“ на височина од 10.500 метри и слободно паѓаа две и пол минути пред да ги отворат своите падобрани на 1.000 метри од земјата. Сите тројца падобранци паѓаа со брзина од повеќе од 300 километри на час, на температура некаде и околу -50 Целзиусови степени, според Цаплин.

Михаил, Александар и Денис слетале во близина на руската поларна база „Барнео“.

Инаку, стратосферата е слој од атмосферата на Земјата којшто се протега од 10 километри (околу 8 километри на Земјините полови) до 55 километри. Комуникациите на Арктикот ќе стануваат сè поважни бидејќи Русија, САД и Кина се натпреваруваат за ресурси, трговски патишта и воена предност.

– Нашето решение засега е прототип, но сепак се поврзавме со сателитот од нашиот сервер и го извршивме преносот на податоци… Направивме мали чекори во таа насока и тоа беше нашата задача, рече Цаплин.

Компанијата, или системот „Иридиум“ – именувани по реткиот хемиски елемент, работи така што сателитите за комуникација се поставуваат во ниската орбита на Земјата – на височина од околу 781 километар (наместо вообичаените 33.000 км). На тој нов современ начин податоците се пренесуваат на помалите компактни уреди за илјадити дел од секундата.

„Најубава станбена зграда во светот“ се наоѓа во Хрватска

Објектот е изграден во 2021 година, а вкупната негова квадратура е 1.969 квадратни метри. Главен белег на поголемите апартмани се кујните на предната страна, коишто може да се користат како трпезарии. Становите се прилично светли и имаат нетипично богат просторен стандард за современото домување, се наведува во описот.

Приземјето е малку повисоко од станбените катови и е целосно застаклено, поделено со врати, што му дава достоинство на јавен простор. На истото приземје, има и пекара и кафуле споени едно до друго. 

Популарно