Што одговори Заев на заканувачката порака на руското МНР?

Македонскиот премиер Зоран Заев даде одговор кон  Москва дека Македонија откако е независна, е строго определена  за членство во НАТО. Тоа членство е поддржано од голем број граѓани на земјата.

“Македонија од независност во деведесетите строго е дефинирана за членство во НАТО и има полна поддршка од македонските граѓани. Нашиот избор и недвосмислената одлучност се евроатлнските интеграции”, навел Заев, пренесуваат македонски медиуми.

Ова е реакцијата и одговорот на Заев по повод предупредувањето кое руското министерство за надворешни работи службено го упати на Македонија. Москва  го предупреди Скопје за негативни последици за регионалната безбедност и за билатералните односи во случај  Македонија  да се приклучи кон НАТО.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на државата, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што соопшти Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линија,  граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Повреди на избирачкото право може да се пријават и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово  на тел. бр.(044) 344-082, Битола  на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Народниот правобранител најавува дека со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои, потенцира, се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Популарно