(ФОТО) Не, ова не е бајка, туку вистинска куќа: Лидија Вукиќевиќ се надмина во украсувањето за Велигден

Убавата српска актерка Лидија Вукиќевиќ за секој празник вложува доста труд за да го украси домот најдобро што знае и умее, па таков е случајот и за Велигден.

Во специјалното велигденско катче од својот дом кое го покажа на Инстаграм се наоѓаат многу зајчиња, велигденаски јајца, погача, свеќи и уше многу детали…

Со прекубавата декорација им го честиташе празникот на своите следбенци на социјалната мрежа.

ФОТО: Нема да ја препознаете - Шехерезад го смени личниот опис

Бергузар Корел е една од најплатените турски актерки која со години плени со атрактивност, а домашната публиај ја памети по улогата на Шехерезад во серијата „1001 ноќ“, „Езел“ и „Далеку од дома“ која во моментов игра на ТВ Сител. Долго време беше препознатлива по долгата, бујна кафеава коса, а потоа фановите ги изненади со новиот изглед.

Бергузар Корел е наречена „Турчинка со најубава коса“, а благодарение на бујната, сјајна коса заработи цело богатство на реклами за шампони,

Сега сите се прашуваат зошто сопругата на Сулејман Величествениот така драстично се ишиша. Секако, станува збор за нејзината нова улога.

Бергузар поради новата улога ја скрати својата долга коса и изгледа целосно непрепознатливо. Новата фризура најмногу го воодушеви 45-годишниот Халит Ергенч, во кој се вљуби на сет.

Таа ја откри и тајната на својот негуван изглед:

„Пред се редовно вежбам. Потоа тука е и здравата исхрана, природната нега и позитивната енергија. Многу внимание посветувам на органската храна. Секоја сабота одам на пазар каде купувам овошје, зеленчук и други продукти. Преферирам природни сокови во кои додавам краставици, нане или ѓумбир за подобра арома. Ги редуцирав вечерите. Неодамна ја исфрлил лактозата од менито“, откри актерката.

ФОТО: Во новата серија на Сител е грдо пајче

Од пред некое време македонската публика има можност да ја гледа новата хит турска серија „Ќерките на Фазилет“, која со својата драматична тематика веднаш го привлече вниманието на јавнста.

Повеќето од актерите се нови кои досега не сме ги гледале во останатите серии, но главната актерката Дениз привлекува најголемо внимание. Таа игра улога на грдо пајче, девојка која никој не ја приметува и не сака да ја истакнува својата физичка убавина за раслика од нејзината сестра која постојано оди на избори за убавина. Всушност таа во реалноста е вистинска убавица, има 27 години и изгледа прекрасно. Погледнете:

ФОТО: Сашко Коцев со ќеркичката Јоана на пролетна прошетка

Актерот Сашко Коцев сподели фотографија од ќерка си Јоана, со која беше на прошетка во населбата Аеродром. Тој ретко кога споделува семејни фотографии. Најновата слика на Фејсбук ги разнежи неговите пријатели.

„Во пресрет на пролетта“, напиша актерот на сликата на која е на прошетка со својата ќерка, во дворот на една градинка во населбата Аеродром. Коцев и неговата сопруга Смиљана, станаа родители во октомври во 2017 година.

Популарно