(ВИДЕО) Запознајте ја Хармони - таа е секогаш расположена за секс

Ако сопругата не е расположена за секс, нема проблем тука е Хармони. Новата секс кукла треба добро да ја погледнете за да забележите дела станува збор за робот, а не вистински човек. Направена е од пластика која е мека и многу потсетува на човечката кожа. 

Се разбира, по желба може да се креираат облините, бојата на косата, може да се нашминка и да изгледа онака како што вие сакате.

За разлика од сопругата, Хармони зборува но само кога ќе ја прашате.

(ВИДЕО) Дрон што менува облици и се трансформира во лет

Истражувачите од лабораторијата JSK на универзитетот Токио измислија “DRAGON“ дрон направен од неколку мали дронови и може да се трансформира дури и во лет.

Дронот ги менува облиците и тоа во однос на просторот кој го истражува. Името е акроним на Dual-rotor embedded multilink Robot with the Ability of multi-deGree-of-freedom aerial transformatiON односно DRAGON.

Дизајнот е направен врз основа на традиционалните змејови во кои опашката е направена од неколку мали поврзани змејови, во овој случај, дронови.Секој дрон има пар вентилатори кои се прилагодуваат во секоја насока.

Тимот научници сега работи на правење поголем дрон кој ќе има 12 модули и ќе може да се користи како летачка рака затоа што свата крајни дрона како пинцета ќе можат да собираат работи. Ваков вид дрон би можело да се користи во индустријата или во спасувачки мисии.

„Овој модел може да се движи на земја. Нашиот ултимативен сон е да направиме летечки хуманоид, како вооружениот Iron Man”, вели асистентот Моју Жао кој работел на овој изум.

(ВИДЕО) Повеќе од 3000 Швеѓани имаат вградено чипови под кожата

Повеќе од 3000 Швеѓани во изминатите три години вградиле ситни чипови под кожата, на тој начин олеснувајќи си себеси си и оставајќи ги дома личните документи и клучевите.

Чиповите се со големина на зрно ориз, а од 2015. година полека го менуваат секојдневието на обичните луѓе. Иако им звучи како кошмар, посебно на оние луѓе кои не сакаат реални шоуа и задирање во приватноста, за Швеѓаните ова претставува олеснување и побитно им е од потенцијалното кршење на приватноста.

Како што пишуваат медиумите, Шведска е токму една од земјите во кои многу добро се прифаќаат новите технологии, а делењето на лични податоци гo сфаќаат како обележје на "отворено општество".

Помеѓу 3.000 чипирани Швеѓани е и Улрика Селсинг (28 години). Малиот чип во раката и ги замени картичките за теретана и за влез на работа. Го употребува така што раката ја навалува на скенерот и потоа го внесува кодот за отклучување на вратата.

Забавно е да се испроба нешто ново и да се види за што се би можело ова да се користи, за да можеме себеси да си го олесниме животот во иднина, вели Селсинг, која овој чип би можела да го користи и за плаќање билети за воз.

Државната железничка компанија со новата услуга привлече речиси 130 лица. Кондуктерите треба само да ја скенираат раката откако билетот е купен онлајн. Овие чипови користат NFC технологија, како и банкарски картички, а би можеле да носат и податоци за разни влезници, автомати, меѓутоа, тоа се уште се тестира.

Не ви стигаат пораки на вибер – на овој начин решете го проблемот

Можно е и вие мака да мачите со вашата Вибер апликација, за која секако дека постои решение.

Доколку воопшто не ви стигаат пораки од оваа апликација, доколку воопшто не кликнете на неа, време е да ги промените подесувањата на системот.

Новата веризја на оперативниот Андроид систем има опција која поради штедење на батеријата ги исклучува позадинските процеси при заклучување на екранот или по одреден временски период па дури и Wi-Fi мрежата, па променете ги подесувањата така што Вибер засекогаш ќе остане вклучен на тие опции.

Прво обидете се Вибер апликацијата да ја активирате да работи секогаш кога има Wi-Fi мрежа. Одете на Settings, па General, каде ќе пронајдете Always connected. На тој начин Вибер никогаш нема да се исклучува при мирување на телефонот, без оглед дали вашиот уред е заклучен или не.

Вотор, обидете се со системот на телефонот, во менито Apps или Notofications, овозможете ги сите Вибер нотификации.

Популарно