Карлеуша сослушана во полиција поради пропаганда против ММР вакцина

Српската пејачка Јелена Карлеуша денеска е сослушана во белградската полиција во рамките на предистражна постапка за утврдување одговорност на јавни личности кои шират пропаганда против вакцинација на децата со ММР вакцина.

„Блиц“ јави дека во пријавата против Карлеуша се наведува дека предизвикувала паника со своите објави на социјалните мрежи за наводна штетност на вакцината, која децата ги штити од мали сипаници, рубеола и заушки.

Пејачката била сослушана од втор обид, затоа што првиот повик, според весникот, го избегнала со патување во Турција.

Одделот за високотехнолошки криминал на високото јавно обвинителство во Белград минатиот месец ѝ даде налог на полицијата да изврши проверки на фактичката состојба и да собере потребни докази „со цел на адекватен начин и во целост да се спроведе и заврши преткривичната постапка“.

Обвинителството тогаш порача дека во овој, како и во секој друг предмет, нема да има отстапки ниту исклучоци при утврдување кривична одговорност и кривично гонење на лица кои извршиле кривично дело.

Српските медиуми јавија дека полицијата до сега ги испрашала драматургот и професорка на Факултетот за драмски уметности Маја Волк, професорката Мира Совиљ, лекарот Тодор Јовановиќ, педијатарот од Зрењанин Мирко Грубиќ, новинарката и писателка Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ.

Кога ќе завршат сите предистражни постапки, надлежниот обвинител од Високото обвинителство во Белград ќе одлучи дали има доволно докази да се покрене истрага против „антивакцинашите“ и за кое кривично дело.

Кривична пријава против 43 лица на почетокот од февруари покрена група од 270 родители поради ширење страв и паника од вакцини и појава на епидемија на морбили.

ФОТО: Сани јавно се пожали од сопругот поради новогодишниот подарок

Не остануваат уште многу денови до крајот на 2018 и почетокот на 2019 година.

Кај некои повеќе владее новогодишната еуфорија, а кај некои можеби помалку,па тој ден го гледаат како секој друг ден.

Повеќето брзаат да ја накитат новогодишната елка, да го уредат домот во новогодишно расположение, а некои брзаат и да купат подароци на своите најмили и да ги израдуваат за Нова година.

Така и Сања Сани Гроздановска најверојатно од својот сопруг побарала подарок за новогодишните празници.

Меѓутоа, во кратките приказни „Инстаграм“ таа сподели како поминала кога побарала подарок.

„Му пишав на маж ми што сакам за Нова година…му се блокираше телефонот, нема веќе ни „Вибер“, ни „Фејсбук“, ни „Инстаграм“…се мислам сега дали да му кажам во очи, да не го снема“ се пошегува Сани.

Таа неодамна истакна дека одлично се согласува со Мартин и дека одлично функционираат, дека тој ја чува и почитува.

Веруваме дека Сани ќе си го добие новогодишниот подарок, а и дека ќе се подготви за налудата ноќ.

ФОТО: Весна Бејби Петрушевска конечно го покажа новото момче

Весна Бејби Петрушевска уште пред некое време за естрадниот мазгазин „Бекстејџ“ се пофали дека повторно е заљубена дека е кратко време во врска, но дека е среќа и не сака да кажува детали за истата.

„Еве, ексклузивно ќе ви откријам дека имам партнер, заедно сме многу кратко, но среќна сум и задоволна. Не ви кажувам детали за да не ме урочат“– изјави актерката пред некое време.

Потоа во емисијата „Еден на еден“, откри дека не и фали брачниот живот, но дека е во врска е околу еден месец, и се пошегува дека партнерот ќе треба да оди на одобрување кај нејзиниот колега Игор Џамбазов.

Изгледа дека врската преминала во наредната фаза па Весна денеска постави и заедничка фотографија со својата нова љубов, на што во коментарите доби многу чеситки, пофалби и љубов од пријателите.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🦋❤️🙏. Too shy shy Hush hush, eye to eye

A post shared by Vesna Petrusevska (@babymamarulz) on

Од тоа што можеме да го забележиме е дека и тој уште пред неколку дена има поставено фотографија на својот инстаграм профил со водителката и актерка и заедно изгледат прекрасно.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Jbg

A post shared by Zoran Acidovski (@zoranacidovski) on

Сексипилната бугарска пејачка се продава за 20 лева - еве што ќе добиете за парите

“Бугарија денес“ ја критикува сексипилната бугаркса пејачка за нејзиниот стаус на социјалните мрежи. „Само сега купете ја Сузанита за 20 лева„ напиша таа. 

За што вузшност станува збор? За рекалма на маски за мобилни телефони. “Тоа е чест и задоволство за мене! Направете Божиќен подарок со прекрасен дизајн“ – порачува Сузанита.

Очигледно таа целосно нема чувство за лично достоинство – пишува бугарскиот портал Novini.bg. Но, тоа не изненадува од младата бугарска естрадна ѕвезда, позната по своите провокативни настапи и шокантни фотографии и видеа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Suzanitta 👑 (@mvradova) on

Популарно