(ФОТО) Љупка на Спејко конечно ги покажа ќерките

Модната блогерка Љупка Митрова ги покажа ќерките од првиот брак. Таа на својот инстаграм-профил објави неколку фотографии на кои девојчињата се сликани на Матка за нејзиниот роденден. Покрај фотографиите од ќерките таа напиша само „Љубов“. Нејзините пријатели и следбеници ѝ оставија многубројни коментари, а девојчињата ги нарекоа „ѕвездички“ и „убавици“.

Освен од ќерките, Љупка објави и фотографии од Матка, на кои е со Спејко. Двојката одамна не ја крие врската, но ова е веројатно првпат блогерката да објави фотографии од средбите на Дарко со своите деца.

ФОТО: Мартина Михајловска се враќа во јавноста

Македонската манекенка, модел и ТВ водителка Мартина Михајловска важеше за една од најубавите, најзгодните и најпосакуваните девојки во Македонија.

Откако претходно ја обелодени врската, во октомври 2017 нејзиниот партнер ја побара за жена, а во август 2018-та, иако мошне млада, стапи во брак со охридскиот бизнисмен Виктор Илоски. Подоцна ги објави првите фотографии од свадбата и македонската Ева Мендез, како што ја нарекуваа медиумите додека беше една од последните водителки на најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстрејџ“, преку ноќ исчезна од јавноста.

Покрај „Бекстејџ“, последното нешто во кое се појави како модел беше учеството во видеото на Александар Тарабунов Тара снимено токму во Охрид за песната „Сакам, не сакам“.

Бракот и брачниот живот во двојка си го прават своето и подразбираат дека голем дел од времето морате да го посветите и на домот, сопругот и брачните обврски, но сепак, убавата Мартина едноставно ја снема. И од медиумите, и од социјалните мрежи, а со тоа и од очите на јавноста.

Последните фотографии на атрактивната охридска снаа беа направени кон крајот на минатата 2018 година во рамките за рекламната фотосесија за еден познат регионален бренд за долна облека.

На нив Мартина одново изгледа убаво, пожелно, секси… речиси непроменето. Манекенската става се уште ја задржала, изгледот и онака не можел драстично да се промени за кус период.

Мартина и пред објективот на уметничкиот фотограф Стефан Соколвски изгледа божествено во сесијата направена во ексклузивниот охридски лоунџ бар и бутик хотел „Mr. I“, деновиве.

На крстопат помеѓу мајчинството и продолжување на кариерата или само новонадојден порив и обична желба да се потсети на славните денови?

Што и да одбере, убавицата нема да згреши.

ФОТО: Бал на свечености или дружба на тинејџери?

Матурските забави само што не започнале, а македонските прослави не се поместиле од место со години. Дали да направиме промена и да се огледаме на американските трендови?

Блогер од Америка раскажува како изминале повеќе од десетина години од неговото матурирање, а тој сѐ уште игра тинејџерски игри кога присуствува на матурска прослава.

"Не можам да верувам дека тоа е повеќе од десет години откако дипломирав на колеџ. Лудо нели? Тоа ме тера да се чувстувам стар, а јас сакам да се преправам дека не сум. Пред десет години никогаш не можев да замислам дека би можел да бидам блогер кој споделува ваков тип на игри со светот, но еве ме тука сум. Бидејќи моето дипломирање беше толку одамна, овие игри ги играв со моето семејство за матурирањето на сестра ми, минатата година."

Овие креативни и забавни игри се совршени за средношколски или колеџ забави. Ваквиот тип на стилски игри се наречени "Минута да победиш" и во зависност од бројот на гости кои присуствуваат на матурата, постојат различни начини на кои можете да ги играте. 

Предлог листа за матурски игри:

1. Музикални партнери

Ова е една од најдобрите игри за матурска забава затоа што можете да ги натерате сите да танцуваат. Започнете со еден пар на подиумот. Запрете ја музиката и двојката мора да се подели и да одбере некој друг за да танцува. Едноставно повторете го ова дур не се исполни подиумот.

2. Позната личност

Секоја личност мора да дејствува како позната личност, а другите гости мора да погодат кои се тие.

3. Која е лагата?  

Секој мора да каже за себе три факти, од кои едниот ќе биде лажен. Целта на играта е во тоа што остнатите треба да ја препознаат лагата.  

4. Талент шоу

Првенствено потребно е да се пригушат светлата. Потоа, од една кутија се влечат ливчиња на кои се испишани разно разни предизвици. Личноста која е избрана да го презентира својот талент потребно е да го исполни предизвикот напишан на листот. Предизвиците опфаќаат широк опсег од караоке шоу, стенд-ап комичари, танцување како холивудска ѕвезда до имитации на познати личности и слично.

5. Избор за најкул матуранти на вечерта 

Во овој тип на игра поставени се кутии на влезот од ресторанот каде што се случува прославата, а матурантите во текот на целата вечер гласаат за тоа кој аутфит најмногу им се допаѓа. Може да бидат изгласани и најкул професори и професорки на матурската вечер. Мора да биде изгласан и најкул аутфит и за матурантките и матурантите одделно. На крајот на вечерта се бројат гласовите, а победниците играат валцер или друг вид на танго.

ВИДЕО: Снимка од бремена жена во бикини на скии ги згрози сите

Бремена жена која е снимена како со скии се спушта по ски стаза во бикини добила бројни негативни критики и навреди на своја сметка кога ова видео се појави на социјалните мрежи.

Неименувана жена, која изгледа како да е во подоцнежна бременост, на снимката од рускиот град Новосибирск се гледа како на скии се спушта по стазата, а во еден момент застанува и позира за фотографија. 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Купальный сезон открыт в Горском сноуборд-парке 🤰🏻

A post shared by АСТ-54 (@instact54) on

Снимката предизвика расправа веднаш штом беше објавена на Инстаграм, а многумина изразиле загриженост за идната мајка која учествуваше во толку екстремен спорт на снег и тоа во бикини.

"Го става своето бебе во опасност: "Може да падне или некој да удри во неа", "Само Бог знае што може да ѝ се случи по таа стрмна патека", "Мислам дека нема памет, што ако паднеше и го повредеше бебето?", беа дел од коментарите.

Иако имаше и такви кои ја нарекоа авантуристка, поголемиот дел од реакциите беа негативни, а покрај тоа што застанала на скии, многу беа погодени и од аутфитот кој е многу несоодветен за нејзината состојба.

Популарно