Хакнат профилот на Лила - еве што направија хакерите

Лила Филиповска, убавата домаќинка на квизот Се или нешто кој е хит на Сител, објави дека и бил хакиран Инстаграм профилот.

- Драги пријатели , после 24h успеав да го вратам профилот кој што ми беше хакиран. Што се случи ќе чуете утре ексклузивно на @1tv_mk posle 17.30h. Бидете внимателни секој може да биде жртва на cyber criminal. Избришани ми се многу фотографии и луѓе кои сум ги следела, а сочувани ми се фоловерсите кои сакале да си ги искористат за свои потреби. Ве гушкам, напиша таа.

Прослава во домот на македонската водителка

Некогашната македонска водителка, Хелена Роза вчера имаше убав повод за славење, а честитки пристигнаа од сите страни.

Таа го прослави роденденот на синчето Тиан.

- Среќичке моја малечка, а толку голема, напиша таа.

Листа од 28 барања на Бекамови: Пристигнале во Црна Гора па барале најлуди нешта

Познатиот пар Викторија и Дејвид Бекам одморот го поминуваат во Црна Гора, на Свети Стефан.

Папараците секојдневно се обидуваат да направат некоја фотографија, но засега безуспешно.

Како и што се очекуваше тие сакале да останат во строга тајност.

Поканата за на Црногорското приморје, Бекамови ја обиле од пријател кој им ветил потполна приватност.

Сепак и покрај тоа тие имале 28 барања кои требало да се исполнат.

- да можат да уживаат на островот без папараци и фанови, биле еден од условите. а списокот имало барања поврзани за лежалките и одалеченоста од други лежалки, специјална исхрана, вода кое семејството ја конзумира, но и проток на кислорот на двата луксузни апартмани каде се сместени.Секако требало да има поглед кон морето од апастрамните и звучна изолација.

Пред вратата стои обезбедување кое потпишало договор да не откриваат детали за однесувањето на семејството, а додека собарките имаат договорено време кога да влезат, но без мобилни тлефони, за да не може да фотофрафирааат во каква сосојба ја оставиле собата Бекамови- вели извор кој во моментот престојува на Свети Стефан.

Тие нонстоп имаат на услуга шофер и обезбедување кое ги следи од дистанца.

Лила: Ќе се мажам по трет пат

Седум години по ред нејзиното забавно шоу „Се или нешто“ е едно од најгледаните на македонските ТВ екрани.

Лила зад себе има два неуспешни брака, а до неодамна истакнуваше дека не планира повторно да се мажи.

Очигледно на водителката и се промениле погледите во однос на брачната заедница, па се предомисли и сака среќата да ја проба по трет пат, секако ако се најде кандидат.

„Зошто да не? Јас до пред некое време велев дека нема да се мажам. Но, трета среќа. Да ме побараше некој досега ќе бев мажена. Инаку да, би прифатила да се мажам по трет пат“ откри Лила.

Популарно