Исповед на скопјанка: Не сфаќав што се мајка ми правеше за нас, се додека и самата не станав мајка

Марина е мајка од Скопје. Таа изразнала само со својата мајка. Родителите се оставиле уште кога таа била дете.

Денеска кога и таа е мајка се чуди и симнува капа на својата мајка, како успеала да се избори со се и со секого. Како своите деца ги изнела на прав пат, без да се жали.

Нема да лажам. Додека растев, понекогаш ми беше тешко.

Мајка ми беше самохрана мајка. Деновите ги поминуваше како учителка и цел ден беше со деца и дома си доаѓаше потполно исцрпена.

Понекогаш беше толку уморна што се враќаше дома и се заклучуваше во својата соба и молчеше. Имаше многу солзи и расправии. Понекогаш се каравме силно, понекогаш плачев. Понекогаш и таа плачеше.

Но, секогаш имаше добри денови и секогаш се смирувавме. Во поладневните часови нѐ носеше мене и сестра ми во град за да јадеме сладолед. Понекогаш само се возевме наоколу. Понекогаш шетавме на кеј.

Секогаш ја сакав мојата мајка и неверојатно ја почитував, и покрај сите расправии. Таа беше мојата карпа. Знаев дека безусловно ме сака. Знаев дека секогаш, ама баш секогаш ќе биде покрај мене. И тоа е единствената причина поради која јас и сестравме израснавме во силни жени.

Дали разводот ќе влијае на децата? Секако, еве јас и сестра ми станавме независни жени кои знаат да љубат со целото срце.

Мислам дека не сфаќав што се мајка ми правеше за нас, се додека и самата не станав мајка. Најраните години од детството на моето дете ме удираа во лице. Се мачев со млекото, со секакви обврски и многу малку спиев. Се обидував да ги задоволам потребето на ова малечко суштество чие постоење зависеше од мене.

Но, јас имав помош. Имав маж кој поеднакво беше ангажиран околу родителските должности.

Од оваа гледна точка, не ми се веруваше како мајка ми го правела ова сама. Мојот татко беше добар татко. Беше тука за мене кога бев дете. Но, кога сестра ми се роди, мајка ми беше сама во тие бескрајни, непроспиени ноќи. Помагав, но сепак имав само 5 години, па така мојот досег на помош беше ограничен.

Немам поим како го направи тоа, но неверојатно многу сум и должна.

Јас не сум самохрана мајка, но имам драги пријателки кои се и навистина се трудам да ги поддржам со сето срце. Ако постои една работа која би можела да им ја кажам на самохраните мајки, тоа е:

Го можеш тоа!

Супер ти оди. Не си совршена. Сите мајки се несовршени. Но, со самото обидување и присутност вие создавате магија за своите деца. Давате се, дури и кога мислите дека не ви оди. Тоа е она што им е потребно на вашите деца – ВИЕ. Вашето присуство и љубов. Тоа е нивното сидро.

Понекогаш не го гледате тоа. Децата се незгодни: плачат. Знам дека лежиш на крајот на денот и плачеш. Знам дека сакаш да бидеш два родители во исто време. Сакаш да имаш некој кој ќе ти помогне. Само сакаш да дремнеш, да спиеш неколку дополнителни часови во денот.

Но, супер ти оди! И најважната работа која треба да ја знаеш: Твоите деца ќе бидат добро. Твоите деца ќе сјаат.

Ти благодарам. Ти благодарам што сите овие години вложуваш крв, пот и солзи во животот на твоето дете. Фала ти што го жртвуваше твојот сон и здравје. Децата можеби нема да ти се заблагодарат, но нив навистина им значи тоа. Знам дека не изгледа секогаш така, но секој ден ја правиш најважната работа на светот. Затоа – опушти се малку, држи ги децата близу себе и биди среќна.

Одлично ти оди!

ФОТО: Момче со рак во терминална фаза го теши својот брат

Фотографијата од 15-годишно момче со рак во терминална фаза како го теши својот расплакан брат стана вирална.

Во 2019. година, на тинејџерот Иан му бил дијагностициран остеосарком. По операцијата и неколкумесечната хемотерапија, дознале дека е излечен. Но, во ноември 2021. година, болеста се вратила и се проширила низ телото. На Јан и неговото семејство им било кажано дека ништо повеќе не може да се направи и дека ќе умре.

Кога Јан ја споделил страшната вест со својот помлад брат Питер, тој се расплакал и липал. Иан силно го прегрнал, да го утеши и му се извинил што не можел да го победи ракот.

Потресната фотографија од трогателниот момент меѓу двајцата браќа на Фејсбук ја објави Бенџамин Елиот од Орегон.

„Иан реши сам да им каже на своите пријатели и помалиот брат дека ракот неизбежно ќе го убие. Мислам дека оваа фотографија го покажува доброто за кое Иан сакаше и се веруваше дека ќе биде споделено. Дури и со катастрофални прогнози, Јан е тој што ги теши другите. Вистината е дека тој одбива да живее за себе. Избра да живее за другите до моментот кога ќе го земе последниот здив“, напишал Елиот.

Стотици ја коментирале фотографијата и признале дека сцената ги скршила.

„Мразам рак“, „Срцето ми е скршено“, „Неверојатен пример за љубов и понизност. Моите молитви се со ова момче и неговото семејство“, напишале некои.

Рецепт за денешен ручек

Рибина чорба

Одберете некое поголемо парче риба или две помали. Ако има во неа икра уште поубаво, ќе ја ставите и неа во чорбата. Рибата исчистете ја, пресечете ја на половина и ставете ја во тенџере со вода на оган, само да ја фати еден клуч, да можете да ја исчистите.

Потоа внимателно исчистете ја од коските. Tаму каде можете, на пр. од долниот дел оставајте поголеми парчиња, не ја ситнете многу. Тргнете го месото настрана. Кромидот изрендајте го и ставете го во тенџерето каде ќе ја варите чорбата.

Таму ставете го и другиот зеленчук. Јас секој од нив го сечкам различно, морковот на тркалца, целерот на ситни коцкички, пашканатот на подолги лентички, лукчето ситно исечкано. Сето ова со малку масло ставете го да се запржи. Потоа турете вода, компирот на најситно изрендајте го и ставете го и него, ставете ја рибата, зачинете и варете се додека не се свари зеленчукот. На крајот прелијте ја чорбата со малку црвена запршка, (ако не ви е доволно густа може и малку брашно да ставите во запршката) и исечкајте го магдоносот. Уживајте, ова ми е една од омилените чорби, особено во зимско време. 

Рецепт за денешен ручек

 Ручек со зелка.

СОСТОЈКИ:

1 главица кромид

1 праз

1 морков

2 чешни лук

1 кг. свежа зелка

1 коцка супа

1 лажиче оригано

2 лажици маслиново масло

1 л. доматно пире

2 л. вода

сол

ПОДГОТОВКА:

Кромидот и празот ситно се сечат, па се ставаат во тенџере да се динстаат со масло. Се додава и половина шолја вода и се остава вака 5 минути.

Лукот се сече, морковот се лупи и ренда, па се додаваат на кромидот и празот, и се става уште една шолја вода. Се додава и коцка за супа и оригано.

Зелката се сече ситно, па и таа се става во тенџерето.

Се ставаат доматното пире и водата.

Се динста се околу еден час, па се додава и сол по вкус.

Не и е потребна запршка, убава е вкусна и здрава.

Популарно