Македонија и Србија ќе имаат заеднички граничен премин на Табановце

Македонија и Србија први во регионот постигнаа договор за олеснување на сите постапки за пренос на стока и патници на граничните премини, изјавија македонскиот вицепремиер задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и српската вицепремиерка и министерка за градежништво, инфраструктура и сообраќај Зорана Михајловиќ по денешната средба во Белград на која присуствуваше и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, јаци дописникот на МИА.

- Најдовме разбирање во рамките на нашата соработка да воспоставиме една царинска испостава на граничниот железнички премин Табановце и таквата станица да ја финасираме заеднички и да побараме средстава од Фондот за инвестиции за Западен Балкан, за што е веќе разговарано. Се договривме таквиот проект да го почнеме што порано и  мислиме дека во 2019 година ќе можеме да почнеме со градење, изјави Анѓушев.

Разговарано е и за инфраструктурните проекти што ги поврзуваат двете земји, при што Анѓушев посочи дека изградбата на Коридорот 10 веќе е завршена во делот на железницата, а кон крајот на април ќе биде пуштена и последната делница од Демир Капија до Смоквица.

И Белград е подготвен наместо во 2020 година според плановите на ЕУ, изградбата на заедничкиот премин да започне во текот на идната година, изјави вицепремиерката Михајловиќ и додаде дека и во Србија се довршува изградбата на автопатот преку Грделичка Клисура на Коридорот 10.

- До туристичката сезона ќе може да се помине преку Грделичка Клисура. Автопатот донекаде ќе биде изграден и треба да одлучиме дали така ќе го отвориме или ќе почекаме месец-два до есен додека не биде комплетно изграден, изјави Михајловиќ.

Таа изрази благодарност до Македонија за помошта во областа на елоктронското издавање градежни дозволи и катастарот и се заложи за интензивирање на заедничката соработка.

Вицепремиерот Анѓушев и министерот Сугарески деенска во Белград имаа средба и со претседателот на Стопанската комора на Србија Марко Чадеж. Пред претставниците на српските компании, членки на комората, ги презентираа можностите за инвестирање и мерките за поддршка на стопанството од Планот за економски раст на Владата на Република Македонија.

76-годишен скопјанец со ловечка шушка пукал во кучето на соседот

Вчера во 16:00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје 33-годишниот А.Б. пријавил дека истиот ден околу 15:30 во село Трубарево неговиот 76-годишен сосед Б.С. со ловечка пушка пукал во неговото куче. 

На местото на настанотизлегле полициски службеници, одземена е пушката“Застава М-70“ и два патрона и се работи на целосно расчистување на случајот.

Колкави ќе бидат платите на специјалните обвинители

Министерството за правда го објави нацрт-предлогот за нов закон за Специјалното јавно обвинителсто според кој платата на Специјалниот јавен обвинител се определува во висина од 5% пониска од платата на Јавниот обвинител на Република Македонија.

„Платата на јавните обвинители во Специјалното јавно обвинителство се определува во висина на плата на јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство“ стои во предлог-законот.

Специјалниот јавен обвинител и јавните обвинители во Специјалното јавно обвинителство имаат право на додаток за посебните услови за работа, додаток за постоење на висок ризик и додаток за доверливост.

-Платите и другите надоместоци на вработените во јавнообвинителската стручна служба во Специјалното јавно обвинителство ќе бидат регулирани со закон и колективен договор, пишува во предлог-законот.

Ќе треба време да се избришат трагите од „перењето мозоци“ дека постојат Македонци

Ќе треба да помине време за се избришат трагите од „перењето мозоци“ од страна на поранешна Југославија дека постојат Македонци, истакна бугарската министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева.

Бугарија е првата земја во светот која ја признава Република Македонија под нејзиното уставно име. Сакам експлицитно да истакнам дека ставот на Бугарија бил исклучително принципиелен и непроменлив од сите Влади досега. По говорот на омраза од македонска страна поставивме услов да се постигне Договор за добрососедство за започнување на преговори за членство на Македонија во ЕУ и НАТО. Нашата примарна цел е да спречиме искривување на историските настани, а не да создаваме омраза меѓу двете земји, изјави Захариева на денешната пратеничка расправа, откако беше запрашана дали Бугарија е премногу мека во односите кон Македонија.

Според Захариева, непродуктивно е да се создава впечаток дека е променета политиката во врска со Македонија. Таа ја опиша како „тактичен потег” изјавата дека името „Северна Македонија” претставува опасност од територијални претензии кон Бугарија, за потоа да изјави дека името е прифатливо.

Министерката за надворешни работи рече и дека заедничката Комисија за историски прашања веќе имала три седници и се вршел притисок од македонска страна за одредени историски прашања, но и дека Бугарија нема никакви комплекси по ова прашање и дека луѓето треба да ја знаат вистината.

Бугарија требала да помисли на прифаќање на името на Македонија уште во 1992 година, доколку се сметало дека ова ќе е проблем. Но, мислам дека тоа не беше грешка, туку знак за добрососедски и пријателски однос. Треба да помине време за да се избришат трагите од „перењето на мозоците“ од страна на бивша Југославија дека постојат Македонци, завршила Захариева.

Популарно