Доларот зајакна, швајцарскиот франк и шведската круна со најголем пад

Доларот зајакна на 89,81 поени во однос на кошницата на валути од двонеделен минимум од 89,31 поен во средата, што претставува зголемување од 0,3 проценти во споредба со претходниот ден.

Швајцарскиот франк и шведската круна беа меѓу најголемите губитници со пад од половина процент и еден отсто, респективно, во однос на доларот. Доларот ја зголеми добивката кон јапонскиот јен, зајакнувајќи за 0,4 отсто во однос на претходниот ден, на 107,19 јени.

Доларот зајакна на 89,81 поени во однос на кошницата на валути од двонеделен минимум од 89,31 поен во средата, што претставува зголемување од 0,3 проценти во споредба со претходниот ден.

Швајцарскиот франк и шведската круна беа меѓу најголемите губитници со пад од половина процент и еден отсто, респективно, во однос на доларот. Доларот ја зголеми добивката кон јапонскиот јен, зајакнувајќи за 0,4 отсто во однос на претходниот ден, на 107,19 јени.

Еврото се намали за 0,2 процента на 1,2345 долари, по неодамнешниот раст на трговските сесии. Зедничката европска валута во текот на оваа недела зајакна за 0,5 отсто, бидејќи коментарите на официјалните претставници на Европската централна банка го зајакнаа ставот дека банката е на пат кон нормализирање на монетарната политика.

Од утре плаќање во кеш само до 2.000 евра

Од утре важи забраната за плаќање со кеш на стоки и услуги во износ поголем од 2.000 евра. Оваа одредба предвидена во новиот Закон за спречување на перење пари кој влегува во сила в сабота треба да го намали работењето со пари во готово, што е детектирано како еден од вентилите за сива економија. Со стариот закон, лимит за готовински плаќања беше 15.000 евра.

Новиот закон предвидува уште поголемо затегнување на готовинските плаќања. Интенцијата, како што објаснуваат даночните експерти, е без картичка да можеш да купиш само нешто ситно. Законот предвидува од први јануари догодина, ограничувањето од 2.000 евра да се спушти на 1.000 евра. А по половина година, од први јуни 2019, забраната за плаќање со готовина на стоки и услуги ќе се однесува на готовински плаќања, во износ од 500 евра во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции што не се извршени преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги, вели законот.

Нова цена на горивата од полноќ: Денеска не полнете бензин

Намалување на цените на нафтените деривати за помал износ е она што треба да се очекува од денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика. Движењето не цените на суровата нафта на светските берзи покажува дека позначителни промени на цената на бензинските пумпи низ Македонија не треба да се очекува. 

Во изминатите 14 дена цените се движеа околу границата од 74 долари достигнувајќи минимум од 72 долари во неколку дена и максимум од 76,5 долари.

Тука некаде беше и просекот од последната пресметка на Регулаторот. Оттука, некои посериозни промени не се за очекување.

Со последната одлука цените на нафтените деривати паднаа за 1,5 денари.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72денари на ЕУРОСУПЕР БС-98 74 а на дизелот 63,50 денари за еден литар.

Како „газат“ големите ланци на супермаркети?

„КАМ Маркет“ лани оствариле 1 милијарда денари поголем приход од продажба од најголемиот ривал „Тинекс маркети“, компанијата што неколку години наназад беше најголем малопродажен ланец во земјава

„Кам Маркет“ е најголемиот македонски ланец на супермаркети според приходите од продажба кои лани, според официјалните податоци на Централниот регистар на Македонија (ЦРМ) надминале 7 милијарди денари односно изнесувале 114,7 милиони евра. Со овој резултат „КАМ Маркети“ го симна долгогодишниот лидер на ранг листата „Тинекс маркети“ кој лани имаше приход од продажба во износ од 5,95 милијарди денари односно безмалку 100 милиони евра.

Во големата тројка е и „Веропулос“ кој лани оствари приходи од продажба во износ од 4,8 милијарди денари односно околу 80 милиони евра. Во голема меѓусебна конкуренција се уште три значајни ланци маркети од кои два се многу присутни во централна и во источна Македонија, тоа се „КИТ –ГО “ и „Жито Маркети“, а „Стокомак“ е сконцентиран на Скопје.

Од овие три ланци за нијанса најголем промет има велешки „Жито Маркет“ и тој изнесува 2,93 милијарди денари, „КИТ ГО“ оствари приход од 2,84 милијарди денари, а „Стокомак“ остварил приход од продажба во износ од 2,83 милијарди денари. На нашата ранг листа, составена од официјалните податоци од ЦРМ, се наоѓа уште скопската компанија „Гранап“ која е најмала во оваа групација и има приход од продажба во износ од 224,8 милиони денари

„КАМ“ има најголем раст на приходи, „Веро“ има најголема добивка

„КАМ Маркет“ и штипската компанија „КИТ ГО“ имаат најголем раст на приходите од продажба што значи дека направиле најголема пенетрација и освојување нови пазарни позиции. Сепак резултатот на „КИТ ГО“ е позначаен ако се анализира од аспект на процентуален раст на приходот. „КАМ Маркет“ имаат раст од 830 милиони денари, но тоа на приходот од 2016 година е раст од 13,2 отсто, а кај „КИТ ГО“ растот изнесува 40 отсто, а во апсолутни бројки е 810 милиони денари. 

Добивката на „Веропулос“ маркетите е најголема во однос на конкуренцијата. Таа изнесува 567,9 милиони денари, бележи мал раст во однос на лани, а е 11,8 отсто од целиот приход на продажба лани. „КИТ ГО“ има втор најголем коефициент добивка/приход од продажба и тој изнесува 4,3 отсто, „Стокомак“ и „Тинекс“ имаат коефициент добивка/приход од продажба кој изнесува 4,1 отсто.

Популарно