ВИДЕО од безбедноста камера од ХОРОРОТ во маркетот во Скопје

Машко лице денеска пукало во вработената  А.Ѓ.  во маркетот „Кипер“ во Чаир.

Повредената А.Ѓ е префрлена во Ургентниот центар при Клиничкиот центар во Скопје.

Случајот во полиција во 14:38 часот го пријавиле вработени во маркетот кој се наоѓа на улица „Кемал Сејфула“.

Како што информираат за МИА од МВР, полицијата излегла на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот. 

ВИДЕО: Со хебла и шрафцигер демолираше возило и го натепа сопственикот на возилото!

На социјалните мрежи се појави видео од улично насилство деновиве во Струмица, за кој неофицијално дознаваме дека се третира како нарушување на јавниот ред и мир. На речиси триминутното видео се гледа како насилник со метална шипка или со шрафцигер уништува автомобил паркиран на улица. Лицето го демолира автомобилот додека сопственикот стои на страна, а во еден момент кога ќе му се приближи насилникот со спреј солзавец го прска во лицето.

Насилникот му се заканува на него и на неговата девојка, а по некое време сопственикот на возилото го удира, по што силеџијата пак му се заканува со шрафцигерот.

Од МВР денеска немаа детали за инцидентот. Неофицијално насилникот во инцидентот поминал со прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир, а казна ќе плати и сопственикот на автомобилот.

ФОТО: Се преврте противпожарно возило во Скопје

Тројца пожарникари од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје се повреденини денеска откако противпожарното возило се превртело во скопската населба Маџари кај Триангла.

– Пожарникарите итно се префрлени во Ургентниот центар, контактибилни се и се прават детални анализи, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томески.

Екипата требало да интервенира на пожар во куќа во селото Арачиново. Таму била испратена друга екипа. Опожарена е куќа во Арачиново од 200 метри квадратни, покрив и еден кат.

Противпожарното возило од засега непознати причини се превртело.Во тек е увид на местото на несреќата, а штетата дополнително ќе биде утврдена.

Потона педалинка на која се возеле 5 девојчиња во Охрид

Пред три дена на Охридското езеро, во близина на плажата Немо, потонала педалинка, на која имало 5девојчиња. За среќа, девојчињата успеале да скокнат во водата и да се спасат.

Полицијата по спроведената анкета утврдила дека нема пловидбена несреќа и дека педалинката потонала поради недржење на баланс во водата.

Инцидентот се случил во неделата попладнето. Девојчињата од Скопје ја изнајмиле педалинката за да се возат по езерото, а од изнајмувачот добиле само елек за сасување, пренесува Вечер.

Откако девојчињата се одалечиле од брегот забележале дека педалинката почнала да се полни со вода и да тоне, по што преплашени скокнале во водата. Се вратиле назад на брегот, по што побале замена, но добиле уверување дека тоа се случило бидејќи мора да се одржува рамнотежа врз педалинката во вода.

Популарно