(ВИДЕО) ЖЕСТОКО: Фудбалери се претепаа меѓу себе

Судијата мораше да покаже четири црвени картони во финишот на средбата во Хондурас помеѓу Вида и Маратон (0-1).

Зошто? Затоа што фудбалерите жестоко се степаа меѓу себе. Ваква жестока тепачка на терен, меѓу фудбалери, не се памети во понова историја.

Натпреварот имаше „жешка“ атмосфера уште од самиот почеток, а кулминираше во 59. минута кога еден од фудбалерите на домашната екипа заработи директен црвен картон.

Напаѓачот на Манчестер сака да си замине

стратегот на Манчестер јунајтед- Жозе Мурињо,  се повеќе ја губи довербата кај дел од своите фудбалери. Освен познатиот случај со францускиот ас Пол Погба, незадоволство од работата на Португалецот искажа и Марсијал кој сака да ја смени средината.

Последниот фудбалер кој го дигнал гласот против Мурињо е Белгиецо Ромелу Лукаку кој преку својот агент сака да добие дозвола да си оди од „Олд трафорд“.

Лукаку беше преселен на клупата за резерви по слабите партии, па сега реши да го крене гласот против трофејниот тренер.

Тешко е за верување дека Јунајтед ќе се ослободи од голгетерот Лукаку сега на средина од сезоната кога тимот е во променлива форма со заостаток од 18 бода зад лидерот на табелата во Премиер лигата.

ФОТО: Јелена со ова го извади Новак од такт

Тие се хармоничен пар и многу се сакаат, а сега јелена призна со што го вади Новак од кожа.

Имено, тој не е секогаш воодушевен од фактот дека треба да се фотографира, а една слика направена на Малдиви е идеален пример за ова.

Во една пригода Јелена направила селфи од нив двајцата, на кое Новак изгледа сосема збунет и незаинтересиран.

„Моето лице: чиста среќа. Неговото: среќа со блага иритација што го  расипувам моментот да не фотографирам“ – напишала Јелена со што ги изненади сите, но, исто така и ги насмеа со објавата.

Пријателот на Шумахер „се излета"

Легендарниот Французин Жан Тод доби награда за животно дело, а познат како голем пријател на Шумахер за кој со години се се чува во тајност, малку се излета па издаде детал.

- Одам два пати неделно, го сакам заедно со неговото семејство. Сакам ситуацијата да е поинаква, рече тој тажен и со тоа потврди дека Шумахер и понатаму е во тешка состојба.

Тој доживеа несреќа на француските Алпи пред пет години.

Популарно