(ФОТО) Северина во специјална посета на Роналдо во Мадрид

Познатата хрватска пејачка, Северина, изминатава недела преостојуваше во Шпанија заедно со нејзиниот сопруг Игор Којиќ и синот од првиот брак Александар.

Со оглед на тоа дека малиот Александар го сака фудбалот, Северина и Игор му приредиле изненадување и го однеле во Мадрид да го следат заедно дуелот помеѓу Реал и Јувентус, а подоцна среќното момче го запознало и својот идол Кристијано Роналдо.

Поседник во целата посета сигурно бил Лука Модриќ, а Северина на социјалните мрежи се пофали со фотографија од Кристијано Роналдо.

(ФОТО) Кога се изгаснаа светлата на свадбата кај Живоиновиќ, Жељко и Јована не издржаа, а да не споделат страст

Денеска се уште топ тема во медиумите е свадбата за која зборува целиот Балкан на која присуствуваа речиси 900 гости, а меѓу нив и познатиот пар Жељко и Јована Јоксимовиќ.

Парот целото време беше заедно на прославата додека Александра и Филип славеа за нивното судбоносно „ДА“.

А во еден момент додека се угаснаа светлата тие го искористија тој момент за да разменат нежност, а фотографијата веднаш ја споделија на социјалните мрежи, погледнете.

(ВИДЕО) Наташа Беквалац објави преслатка видеоснимка од бебето Катја: На кого ви личи?

Поп-пејачката Наташа Беквалац на својот инстаграм-профил објави преслатко видео на кое се гледа нејзината 4-месечна ќерка Катја, која ја доби од краткотрајниот брак со Лука Лазукиќ, со кого се разведува, откако го обвини за семејно насилство, и тоа само месец и пол по раѓањето на нивната ќерка.

Разбирливо, видеото предизвика лавина од коментари од страна на нејзините следбеници, кои ги воодушеви играта на мајката и ќерката.

 

Zivot❤

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva) on

Популарно