Некои цигари поскапи за 10, други за 5 денари - цените и натаму ќе растат

Дел од цигарите се продаваат поскапо. Сега за кутија Марлборо треба да платите 110 наместо досегашните 100 денари, или тоа се 10 денари повеќе од кутија за пушачите.

Како што денеска пишува Фактор, во продавниците сега може да купите Ронхил поскапи за 5 денари, а нова цена се очекува и на Вест.

- "Да, имаме нови цени за цигарите. Пред еден ден ги внесовме во систем и веќе се продаваат по повисоки цени, корекцијата е засега е само кај одредени видови на цигари" - вели вработена во еден од скопските трговски маркети, за Фактор.

Последното поскапување се случи лани, во април. Тогаш, за пет денари поскапеа цигарите „Вест" (силвер, ред и вајт), „Волтер Вулф" (блек и вајт) и „Ронхил Вејв" (голд и блек).</p><p>Со сегашното тепомо на зголемување на цените, одредени брендови можат да поскапат и до 200 денари или 3,2 евра, цена која веќе е присутна во земјите од соседството кои се членки на Европската Унија.

Еве колку ќе изнесува К15 годинава

Вработените во приватниот сектор, до крајот на годината ќе добијат регрес за годишен одмор попознат како К-15 во износ од минимални 9.610 денари.

Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од 9.610 денари (40 отсто од износот на просечната нето плата во последните три месеци) до 14.090 денари (40 отсто од износот на просечната бруто плата во последните три месеци), пренесе Букефал.

Земји од ЕУ со најголем ризик од сиромаштија: Од шесте најзагрозени, четири ни се во близина

Бугарија со повеќе од 50 отсто од населението, а Романија, Грција, Литванија, Латвија и Хрватска со 30 отсто се меѓу земјите со најголем ризик од сиромаштија во ЕУ, покажува годишниот извештај на „Еуростат“.

Во однос на категоријата материјална депривација на граѓаните – оние кои не можат да си дозволат основни потреби за живот, повторно доминираат Бугарите, потоа следуваат Романија, Грција и Хрватска.

Хрватите се рекордери во ЕУ по бројот на деца на возраст од 34 години кои живеат со родителите, дури 58,7 отсто.

Грција и Хрватска се најлошите членки на ЕУ кога станува збор за грижа на децата меѓу три години и училишна возраст – помалку од три петтини од малите Хрвати и Грци одат во градинка или на слични активности кои ЕУ ги дефинира како „формална грижа за децата”.

ЛЕЖАЛКИТЕ НА ПЛАЖА ПОСКАПИ ОД ПАНСИОН: Во Грција ги компензираат со кафе, во Црна Гора цените изгор

Десет дена сончање на лежалките на Свети Стефан, Маестрал и Кралската плажа во Црна Гора чини и до 1.200 евра, бидејќи Црногорците за пар лежалки бараат и до 120 евра. Но не е секаде толку скапо, ниту ексклузивно, па на плажите во Црна Гора има пар лежалки и за 10 до 15 евра. Колку се плаќа сенката во Грција, а колку во Албанија. Фактор ви помага, ако сега правите избор, да знаете колку екстра трошок се и лежалките на плажа.

Луксуз и престиж или потреба

Зависно од плажата за која туристите ќе се одлучат, комплет лежалки во Црна Гора ќе платат од 10 до дури 120 евра. „Обичните“ туристи, оние кои не се гости на хотелот на компанијата „Адријатик пропертис“ кој е во сопствеништво на грчкиот бизнисмен Петрос Статиста, на Кралската плажа ќе ги дочека катанец на метар и пол висока ограда.

Од друга страна, на Кралската плажа стои натпис: „Користење на комплет за плажа е задолжително. Секој кој не ги почитува правилата ќе биде отстранет од плажата“. А цената е 120 евра за две лежалки. На Свети Стефан е нешто поевтино - 100 евра. На туристите ова би требало да им значи бидејќи за тие пари „бесплатно добиваат флаша вода и чинија полна овошје“.

Користењето на плажни реквизити е задолжително и на хотелската плажа под „Маестрал“, каде сет чадор и лежалки чинат „само“ 50 евра.

Туристите кои летото го поминуваат во Црна Гора се жалат што поголем број од плажите немаат простор за пешкири, бидејќи на тој начин црногорските угостители ги принудуваат да ги следат нивните изгор цени.

-Минатата година се донесени прописи по кои во рамки на секоја плажа мора да се остави простор за пешкири и се надеваме дека црногорските угостители тоа и ќе го испочитуваат-посочија од скопска агенција за Фактор.

Најевтино во Црна Гора  ќе си поминат оние кои ќе закупат плажни реквизити во кафебаровите во Бечичи, Рафајловиќи и Сутоморе, кои ќе мора да издвојат од 10 до 15 евра за пар лежалки, после нив следат Херцег Нови, Будва и Каменово, со цени на лежалките до 20 евра.

Од друга страна, во голем дел од Грција, лежалките и понатаму се добиваат по цена на пијалоци, додека во Турција десетдневен „all inclusive“ аранжман во хотели со пет ѕвезди чини помалку од лежалки за десет дена во Црна Гора. Гледајќи малку понатаму, но не и толку далеку, цените на лежалки во Кипар се 7,5 евра. Во Албанија пак за лежалки ќе треба да платите 500 леки (1 евро – 139 леки)или 3-3,5 евра .

Лежалките на плажите на Тасос најскапи, на Халкидики најевтини

На повеќето плажи во Тасос до неодамна се применуваше истиот принцип на користење лежалки и чадори од локални кафе барови, како и на територијата на цела Грција. А тоа значи дека обично е потребно да се порача еден или два пијалоци, што практично кажано ќе платите околу 4-5 евра дневно, за да добиете на користење чадор и две лежалки.

Меѓутоа, од неодамна тоа правило е променето па може да се случи во одредени барови на плажа да ви побараат комплет да платите посебно, како на пример на Мермерната плажа каде две лежалки и чадор изнесуваат 12 евра, а пијачките се плаќаат посебно, но сепак ова не треба да ве загрижува бидејќи правилата се менуваат од сезона во сезона.

Благодарение на богатата елита која не се двоуми да потроши помеѓу 5000 и дури 100 000 евра за ден ден на плажа како би го вкусила луксузот на Намос, најпознатиот бич бар на плажата Псароу на островот Миконос, сопствениците на барот лани во опремување на овој простор вложиле неверојатни 1,5 милиони евра.

Така претставниците на меѓународниот џет сет, богатите магнати и холивудски ѕвезди ќе уживаат покрај море на луксузни лежалки целосно изработени од квалитетен врвен челик и махагонија, сопствениците ги чинела 2800 евра за секоја, душек од италијанската компанија Loro Piana е платен 1000 евра, а сетот исто така е дополнет и со чадори од Tuuci во вредност од 1200 евра за секој.

Обичните туристи закупот на сет од две лежалки на најпознатата плажа во Миконос ќе ги чини 120 евра без вклучен пијалок и ќе добијат на користење еден пешкир. Меѓутоа, припадниците на џет сетот кои сакаат да го резервираат првиот ред покрај море ова задоволство ќе ги чини помеѓу 300 и 500 евра! А задоволството вклучува само една лежалка со чадор, не комплет од две.

Нормални цени за туристите за лежалки секогаш имало на првиот крак. Неа Потидеа, Калитеа, Ханиоти, Фурка се дел од малите крајбрежни градчиња каде лежалките се бесплатни ако пиете кафе со кое ќе добиете гратис флаша вода.

-Моментално уживаме во Калитеа. Овде цените се како секоја година во сезона. Цените на лежалките ги плаќаме по пет евра а за кафе со кое ни носат гратис флаша вода плаќаме 3,80 евра, додека вон и пред сезона за лежалки не се плаќа, туку си го плаќате само пијалокот-вели Светлана Б.

Други туристи пак велат дека во Неа Потидеа плаќале само кафе а лежалките со чадор доаѓале гратис.

„Си порачувате кафе кое го добивате со гратис флаша вода а сетот од две лежалки и чадор ви е гратис. Има и простор каде може да си ги ставите само пешкирите, односно нема лежалки, па секој има опција сам да си избере“, ни кажа Надица М.

10 евра за лежалка пак се плаќа на плажите во познатиот Сани ресорт. Бидејќи ова место е познато по бројните јахти кои се паркираат во близина, и по луксузните куќарки со базенти нормално е цените на лежалки да бидат скапи, но оние кои решиле максимално да уживаат немаат проблем да платат до 30 евра за лежалки и пијалоци во местата каде што плажите имаат најчисти води.

И Албанија евтина за лежалки

Луксузот од сет лежалки не е воопшто скап ниту во Албанија.

Оние кои се на летување во Саранда велат дека принципот за лежалки е всушност сличен како во Грција.

„Плаќате по три евра од лице, а добивате кафе или било каков пијалок и добивате сет лежалки и чадор“ – вели Марија С. Доколку ви се сврте во глава од цените за наем на чадор и лежалки на некои места, имате опција да ги изберете оние кои се најпристапни за обичните туристи или пак да си понесете од дома.

Ирена Ставрова

Популарно