(ВИДЕО) „Ова е мојата ќеркичка“: Илузионист ги расплакал жирито и публиката и директно минал понатаму

Настапот на илузионистот Марк Спелман во шоуто „Британија има талент“ долго ќе се памти. Додека сите други натпреварувачи главно биле видно нервозни, Марк на бината се појавил потполно смирен и полн со самодоверба и покажал трик кој му обезбедил златно копче и директно минување понатаму во шоуто.

На жирито им поделил фломастер, книга, Рубикова коцка, боици и карти и им задал задача, потоа се вратил на бината и покажал како изгледа „вистинска магија“.

На видеоѕидот почнало да се врти филмче кое открило дека сопругата на Марк е болна од рак откако успеала после пет години, неуспешно вештачко оплодување, да забремени. Нивната ќеркичка Изабела ја преживеала хемотерапијата низ која мајка и минувала и се родила како здраво девојче.

Додека на видеоѕидот се менувале снимките од малечката Изабела, публиката и членовите на жирито плачеле и воодушевено гледале што се случува пред нив. Видеото кое Марк го прикажал било снимано две години од животот на Изабела, а таа во него успеала да го погоди сето она што го избрало и жирито или добило од работите кои Марк им ги поделил на почетокот на настапот.

Credissimo со број 1 клиентска услуга во онлајн кредитирањето и уште многу Новогодишни изненадувања

Компанијата е со најдобра клиентска услуга за 2018-та година помеѓу 5-те најпопуларни компании за брзи кредити во Македонија, според интернационалниот лидер за пазарни истражувања, агенцијата IPSOS

Со титулата “Најдобра услуга“ помеѓу компаниите за брзи кредити се здоби Credissimo, само 2 години откако официјално ја започна својата дејност во Македонија. Истражувањето за квалитетот на клиентската услуга, помеѓу небанкарските финансиски друштва во државата – “Таен клиент“, беше спроведено меѓу 5-те најпопуларни компании од секторот, кои нудат брзи кредити онлајн. Со идентични прашања и критериуми, беа направени 15 проверки за квалитет, љубезност, информираност и прозрачност кон клиентот по телефон, од страна на една од најголемите интернационални агенции за маркертинг истражувања - IPSOS, која има над 50 интернационални претставништа и е класирана во топ 5 компании за истражувачки услуги во светот.

“Среќни сме што после само 2 години од нашата експанзија на македонскиот пазар, успеавме да се докажеме како најклиентски ориентирана компанија. Високиот квалитет на услугата за нашите клиенти и целосен фокус кон апсолутна прозрачност се водечката филозофија на нашата компанија. Во Бугарија сме лидери веќе долги години во онлајн кредитирањето и клиентската услуга. За нас е чест, што ја постигнавме таа позиција и во Македонија, давајќи решение за неколку минути на луѓето кои имаат неодложни потреби. Веруваме дека со воведување на добрите практики, кои веќе ги имаме од долгогодишното искуство во брзото кредитирање, ќе повлијаеме позитивно на целиот сектор и компаниите во него.“ – коментира Георги Руков, Директорот на интернационалниот бизнис развој, на Credissimo.

Заедно со добрите вести за компанијата, Credissimo ја објави и својата новогодишна кампања заедно со заштитното лице, Лила Филиповска. За да ги израдува своите клиенти повторно, во новогодишната наградна игра, компанијата ќе раздаде 7 гифт картички за шопинг во Сити Мол и големата награда 5 звезден СПА викенд во Банско, Р. Бугарија. Потенцијален добитник во наградната игра е секој клиент кој подигнал Credissimo Плус до 80 000 ден., од 10.12.2018 до 27.01.2019 година. Извлекувањата ќе бидат направени на неделна база по случаен принцип, а кон крајот на Јануари, ќе биде извлекувањето на главната награда. Повеќе за наградната игра може да научите на www.credissimo.mk .

Credissimo е ФинТек групација од компании со над 10 годишна успешна историја, која е абсолутен лидер во онлајн кредитирањето во Бугарија и Македонија, а од минатата година се развива успешно и во Полска. Компанијата го продолжува својот интернационален развој и во Јужна Америка, каде што за неколку денови ќе започне со работа и ќе го одобри и својот прв кредит во Колумбија. Во текот на 2019-та година, ФинТек групацијата планира да ја одржи лидерската позиција на постојаните пазари, како и да продолжи да вклучува технолошки иновации во своите компании и процеси на работа.

За успешниот развој, групата од компании има три основни темели – технологија и иновации во финансирањето, фокус кон клиентските процеси и развој на самиот човечки ресурс во рамките на групацијата.

* Проучувањето “Таен клиент“ е спроведено од IPSOS, интернационална компанија за маркетинг истражувња. Спроведени се вкупно 15 проверки по телефон помеѓу 5 конкурентски компании, кои нудат брзи кредити по телефон. Резултатите се валидни за услугата по телефон.

ФОТО: Јанко „јади бурек“ се гушка со млада Албанка

Јанко Илковски, последниве години познат како Јанко „јади Бурек“, објави твит што привлече многу коментари.

Поголемиот дел од коментарите беа негативни и ретко кој му верува на Јанко дека ова навистина се случило.

Ова е целиот твит.

ВИДЕО: Се искачиле, а потоа се фотографирале како имаат секс на една од најголемите светски атракции

Египетската полиција покренала истрага откако еден дански пар се искачил на Кеопсовата пирамида во Гиза и се фотографирал гол во текот на нивниот сексуален однос на врвот од една од најголемите туристички атракции во земјата.

Министерот за културно наследство, Калед ал-Анани поднел кривична пријава против парот, известил весникот "Ал-Ахрам". 

На видео снимката се гледа како еден маж и жена се качуваат на врвот на Големата пирамида, а на крајот од видеото има фотографија на која тие позираат голи додека водат љубов.

Не се знае дали парот е сè уште во Египет.

Триминутната снимка која е објавена на Јутјуб предизвикала огорченост кај Египќаните.

"Скандал на врвот на пирамидата ...Како можеле да се качат? Сигурно ги подмитиле чуварите", напишал еден корисник на Твитер.

Популарно